Од денеска почнува со работа отворениот градски базен во Куманово

Почнува со работа отворениот градски базен во Куманово, информираа надлежните. 

Граѓаните ќе можат да го користат секој ден од 10 до 18 часот. Цената за еден ден е иста како и претходните години, 75 денари за деца и 150 денари за возрасни, над 14 години.

– Сакам да ја искористам можноста и да ги повикам сите, најмладите да го посетат базенот, да се разладат, да уживаат. За капачите има можност да се освежат со пијалоци и со храна на базенот, изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило", Даниел Стојчевски.

И оваа година има спасувачи, редари кои ќе се грижат за безбедноста на капачите.

Паралелно ќе работи и затворениот градски базен со веќе утврдените цени и можност за набавка на неделна и месечна карта. /МИА

притисни ентер