Италијанскиот обвинител за гонење на мафија и тероризам во посета на земјава

Италијанската делегација ќе учествува на конференцијата „Заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал" што ќе се одржи во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Делегација на Република Италија предводена од Федерико Кафиеро Де Рахо, национален јавен обвинител за гонење на мафија и на тероризам и Франко Габриели, директор на италијанската полиција – генерален директор за јавна безбедност денеска се во работна посета на Република Северна Македонија.

Италијанската делегација ќе учествува на конференцијата „Заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал" што ќе се одржи во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Во рамки на посетата јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и националниот јавен обвинител за гонење на мафија и на тероризам Федерико Кафиеро Де Рахо ќе потпишат Меморандум за разбирање за заедничка соработка на двете институции. /МИА

Локализиран пожарот од страна на Пинтија

Целосно е локализиран пожарот од страна на Пинтија, останува дел над населбата Усје. 

Противпожарни екипи се на терен и се работи на негово комплетно гаснење, информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Пожарот избувна денеска околу 11:30 часот во шумата над скопската населба Пинтија. Зафатена беше поголема површина мешана шума.

Територијалната противпожарна единица на Град Скопје во гаснењето на пожарот доби помош и од воздух, активирани беа и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување. Авионите направија два прелети  и фрлија вода кон Сопиште, каде се ширеше пожарот. Пожарникарите уверуваат дека нема опасност за ширење на пожарот кон Сопиште.

Во гаснењето на пожарот во Пинтија се вклучи и градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски со претставници од Општината и месното население.

Во моментов активен е само пожарот кај Обиколница Бутел, а изгаснати се пожарите во Долно Блаце и Мојанци./МИА

Во сообраќајна несреќа настрадале мајка и ќерка од Пирот

Наместо да стигнат на одмор во Грција тие настрадале во сообраќајна несреќа.

Во сообраќајната несреќа која се случила во петок изутрина во Бугарија, на магистралниот пат кон Грција се случила сообраќајна несреќа во која настрадале мајка и ќерка, додека таткото кој го управувал возилото со тешки повреди е пренесен во болница.

Како што соопштуваат бугарските медиуми, несреќата се случила откако возилото „Фиат Панда“ со пиротски регистарски таблички од непознати причини нагло свртело на другата страна од коловозната лента и направило директен судир со автобус кој се обраќал на релација Благоевград- Сапарева бања.

Семејството од Пирот на кое му се случи оваа несреќа било тргнато на годишен одмор во Грција.

Тројца мртви во инцидент меѓу навивачи во Хондурас

Тројца се убиени во инцидент меѓу навивачи пред фудбалскиот меч помеѓу Мотахуе и Олимпија на Националниот стадион во Хондурас, пишуваат локалните медиуми.

Тие пренесуваат дека навивачи на Олипија го нападнале автобусот во кој се возеле навивачи од противничкиот тим. Се слушало пукање а полицијата користела солзавец за да го сопре инцидентот. Повредени се уште тројца луѓе од скршено стакло.

притисни ентер