Таа има бизнис план – До 30. година да заработи за да не се мачи цел живот (ФОТО)

Моделот Кинси Волански (22) , која цел свет ја запозна откако упадна на теренот на финалниот напревар на Лигата на шампионите , има бизнис план.

Кинси вели дека не жали за упадот на теренот во Мадрид и верува дека токму тој потег ќе и помогне да заработи доволно пари за да не мора да работи до крајот на животот. Таа вели дека по упадот добила голем број приватни пораки од играчите на Ливерпул.

Таа упадна на теренот за време на натпреварот во финалето меѓу Ливерпул и Тотенхем со мало боди со логото на Јутјуб каналот на нејзиното момче Виталиј Здоровецки. По овој инцидент Јутјуб каналот доби стотици илјади нови корисници ,а Инстаграм профилот на Кинси од 300 000 следбеници се згоеми за неколку дена на 2,5 милиони

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

She’s a devil in disguise, I can tell by looking in her eyes 😈

A post shared by Kinsey Wolanski (@kinsey_sue) on

Но ,таа нема намера да ја остави својата новостекната слава. Вели за британските медиуми дека со овој упад само се провбила во јавноста , а сега планира уште многу нешта. Целта и е до 30. година од животот да заработи доволно пари , за да не мора да работи никогаш.

Таа раскажува и како реагирале нејзините родители кога ја виделе речиси гола на теренот. Татко и , инаку шериф во полицијата во Лос Анџелес и рекол дека му олеснило кога видел дека не е целосно гола .

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Did I distract #8 a little too much?

A post shared by Kinsey Wolanski (@kinsey_sue) on

Родителите не биле премногу изненадени од инцидентот , зашто знаат каква е Кинси.

Светот трага по најбараниот човек во Азија , додека тој се вози со приватни авиони и губи на коцка по 66 милиони долари

Це Чи Лоп е канадски државјанин , кого го обезбедуваат најсилните тајландски кик боксери . Лета со приватни млазни авиони , а само за една ноќ во коцкарниците во Макао знае да изгуби и по 66 милиони долари.

Це Чи Лоп е роден во Кина , а по него трага полицијата под сомнение дека води мултинационална нарко група за трговија со дрога , составена дури од пет азиски мафијашки тријади. Членовите на картелот едноставно го нарекуваат – Компанија.

Овој нарко картел, верува полицијата, продава тони метамфетамин, хероин и кетамин во најмалку десетина земји, од Јапонија во северна Азија до Нов Зеланд во јужниот Пацифик. Кристалниот мет, високо-зависна дрога со уништувачки физички и ментални ефекти врз долгорочните корисници, е нивната главна ставка. Според грубите проценки на ООН, приходите на оваа група во 2018 година секако ја надминале цифрата од 8 милијарди долари, но нивната вкупна заработка би можела да достигне повеќе од 17 милијарди. Агенцијата за лекови на ООН открива дека „фирмата“ што шверцува свои производи најчесто во камуфлажа во пакувања чај има 40 до 70 проценти удел во трговијата на големо на азискиот континент.

Со седиште во Австралиската Федерална полиција, но активно учествуваат повеќе од 20 специјализирани полициски и безбедносни агенции од азискиот, европскиот и американскиот континент , трае акцијата против големиот нарко картел. Во моментов тоа е најсложената анти-наркотична активност на светот, во која учествуваат оперативци од Кина, Тајланд, Јапонија, САД, Тајван, Мјанмар и Канада.

Репортерите на „Ројтерс“ дојдоа до некои документи во истрагата минатата година, вклучително и разузнавачки извештаи на американската агенција ДЕА, и заклучија дека Це Чи Лоп е производител на дрога од калибарот на  најпознатите латиноамерикански нарко икони - Колумбиецот Пабло Ескобар и Мексиканецот Џоакин Гузман, познатиот Ел Чапо.

Но , за разлика од нив , тој е крајно дискретен и не се знае речиси ништо за неговиот приватен живот, недостатоците и пороците. Кусата  биографија открива дека тој е роден на југот на провинцијата Гуангдонг среде турбулентната ера на Кинеската културна револуција.

Тој пристигнал во Канада во 1988 година и работел во 90-тите години како скитник меѓу Хонг Конг, кинеската провинција Макао и Северна Америка, градејќи кариера на „посредник“ на синџирот на шверц, кој дистрибуирал хероин од Азискиот златен триаголник ширум светот. Завршил на суд во Њујорк во доцните 90-ти години за трговија со дрога и му се заканувала доживотна казна затвор.

По тоа селдуваше одбрана и серија жалби  со барање за милост, повикувајќи се на грижа за болните родители и болниот син, покајание и ветување дека ќе се сврти кон туристичка дејност. Служел само девет години затвор во поправен дом во Елктон, Охајо. По напуштањето на затворот во 2006 година, тој се вратил во Канада и наскоро ги обновил врските со азиските нарко картели. Од време на време, агентите знаеја да го снимат во луксузни хотели, на трки со коњи и во многу азиски казина.

Еден австралиски федерален истражител вели дека само откако Це изгуби 60 милиони евра во Макао за една ноќ, тие почнаа сериозно да се сомневаат дека може да биде токму тој шефот на нарко картелот. Но, вистинската гоемина на неговиот бизнис се почувствува во 2016 година, кога, откако уапсија еден тајвански дилер, во неговите телефони пронајдоа вистински информативен рудник, почнувајќи од снимките за тортура на нелојални членови на картелот, па сè до илјадници фотографии на луѓе во ланецот за дистрибуција, телефонски броеви и текстуални пораки.

Следејќи ги овие маркери, набрзо паднаа и рекордни заплени над еден тон метаменфин и 700 килограми кетамин. Стана јасно дека пратките се дело на само една, но огромна организација.

Британски медиуми: Принцот Ендрју учествувал во оргии со малолетнички

Секојдневно се зголемува бројот на доказите против помладиот син на кралицата Елизабета II , Ендрју , кој според сведочењата на неколку жени учествувал во оргии со малолетнички организирани од осудениот педофил Џефри Епштајн.

Принцот ги негира обвиненијата, но во неодамна отворените судски документи што се однесуваат на судењето на Вирџинија Робертс Џуфре против Џислаин Максвел, десна рака на Епштајн, таа, наводно, „средувала“ малолетнички и за него, открива новиот документарен филм на британскиот Канал 4.

Џуфре тврди дека Епштајн започнала сексуално да ја  злоставува кога имала 16 години. Таа вели дека му била понудена и на принцот Ендру, со кого била присилена да има секс во три наврати.

Таа на суд изјавила дека имало уште осум девојчиња за време на третиот сексуален однос со него, пишува „Дејли меил“.

„Бевме во оргија на приватниот остров на Епштајн“, рече Вирџинија, додавајќи дека во тоа време имала 18 години, а другите девојки биле подеднакво млади.

Таа рече дека Епштајн се шегувал дека поради јазичната бариера, девојчињата биле „најлесни за манипулирање“.

Принцот Ендру со години бил пријател со Епштајн. На новинарско прашање дали е свесен за своите злосторства, тој во официјалната изјава рекол дека е „шокиран“ од обвиненијата и нема поим за нив.

Двајцата, наводно, се запознале во 1999 година, кога Андру бил прв пат на т.н. педофилски остров на Карибите на кој Епштајн држел малолетни лица.

Ендру прв пат дошол на островот во придружба со возрасна жена и му оддаде почит на Епштајн со тоа што го покани на неговата забава во замокот Балморал, шкотски имот, сопственост на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора. Епштајн донел и женска придружба за сите други гости.

Подоцна, тие главно се дружеле во Њујорк, а Ендру бил поканет на некои забави со Доналд Трамп, кој во интервју за магазинот Њујоркер во 2002 година изјави : „Јас го познавам Епштајн 15 години. Тој е одличен човек. Дури велат дека тој сака убави жени онолку колку што сакам јас, но  многу од неговите се далеку помлади “.

Пронајден нов, чуден вид вирус , што еволуира на различен начин

Јапонските виролози во примерок од свински измет забележале нов вид вирус , што би можел да биде показател за сосема друга еволуција на овие заразни честички.

И покрај тоа што научниците спорат дали станува збор за живи или неживи организми , научниците сепак се согласуваат дека вирусите се составени од нуклеинска киселина и дека им е потребна здрава клетка за да се размножуваат.

Сега научниците од јапонскиот универзитет за земјоделство и технологија во Токио (ТУАТ) откриле досега непознат вирус кој му се спротивставува на досегашното толкување.

„Рекомбинантниот вирус што го најдовме нема структурни протеини. Што значи дека овој вид вирус не може да направи вирусни честички“, рече вирологот на ТУАТ, Тетсуја Мизутани.

Тоа е еден вид ентеровирус Г (ЕВ-Г), кој припаѓа на семејството пиканавирус. Вирусот ЕВ-Г бил откриен порано, но сега е пронајдена „нова, неисправна“ варијанта која има непознати гени за поддршка, наместо вообичаени вирусни структури.

Ова би значело дека овој нов вид, наречен ЕВ-Г тип 2, не може сам да влезе во клетката домаќин. Значи, прашањето е сега како се репродуцира овој вирус и како воопшто постои.

Во своето истражување, јапонските научници презентираат едно интересно решение за овој проблем, а тоа е дека новиот вирус еволуирал за да користи други вируси од кои позајмува структурни протеини за да се репродуцира. Докази за поддршка на оваа теорија е дека биле пронајдени ЕВ-Г тип 2 и тип 2 во свински измет.

„Бидејќи рекомбинантен тип 1 ЕВ-Г е откриен во истиот фекален примерок како и новиот рекомбинантен тип 2 ЕВ-Г, можно е типот 1 ЕВ-Г да послужил како додаток на вирусот на репродукција“, објаснуваат истражувачите.

Се разбира, таквата хипотеза предизвикува дополнителни прашања, бидејќи за виролозите засега не е познато како може вирусот да земе од друг подтип структурни протеини и да го репродуцира.

„Можеби гледаме во една поинаква еволуција на вирусот“, рече Мизутани.

„Се уште не знаеме од каде потекнува овој нов вирус, како ги инфицира клетките и како ги развива своите вирусни честички. Во нашето идно истражување ќе се обидеме да ги решиме овие мистерии“, додаде тој.

Истражување за нов вид вирус е објавено во списанието Infection, Genetics and Evolution.

притисни ентер