Погба: Исламот е прекрасен , а сите мислат на тероризам

Пол Погба на британските медиуми им открива дека често се сомневал во себе , пред да стане Муслиман , а сега е помирен.

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед минатиот месец беше на аџилак во Мека за време на Рамазан. Францускиот фудбалер не израснал како Муслиман , иако мајка му била , туку решил да ја одбере оваа религија откако почнал да се моли со свои пријатели , по што се почуствувал подобро.

Во интервју за Тајмс , тој открива што за него значи да се биде Муслиман.

,,Тоа ми значи се. Затоа сум благодарен за се. Тоа беше добра промена во мојот живот Сите гледаат само тероризамн , но Исламот е прекрасен.”

И тоа се случува на теренот– голман на мотоцикл (ВИДЕО)

Од натпреварите на Бразилското првенство од понизок ранг доаѓа неверојатно видео.

Голманот на екипата , на која и бил неопходно потребен гол , истрчал во казнениот простор на противникот  за да им помогне на своите офанзивци. Но , планот не успеа и мораше веднаш да се врати за да го чува својот гол.

Тогаш , на сцена стапи еден негов пријател , кој го качи на мотоцикли го пренесе голманот на неговото место на другата страна на теренот. Оваа снимка стана хит на социјалните мрежи .

Дејан Недев европски шампион во кати на ЕШ во Питешти

Одличен настап на македонските каратисти на ЕП во Романија. Повеќе кратниот македонски шампион во карате Дејан Недев освои златен медал во кати на ЕШ во Питешти..

 Ова е  7-ма европска титула за Дејан Недев  во неговата долга и богата кариера.

Јадранка Недева исто така освои златен медал во кати кај сениорките, а Матеј Ангеловски освои сребрен медал во фукуго и бронзен во кого-кумите.

Во јуниорска конкуренција со злато во кого-кумите се закити Мила Саздова, а во фукуго го освои сребрениот медал. Антонија Белазелкоска во кадетска конкуренција во кати и фукуго освои бронзени медали.

Натпреварите се сеуште во тек на кој треба да настапи Матеј Ангеловски во дисциплината кумите за сениори. На ЕШ во Питешти учествуваат 387 каратисти од 24 земји. Со почит МТКФ.

Македонските ракометари подготвени за реванш против Грција

Македонската машка ракометна сениорска репрезентација денеска со пресметката против Грција во Струмица ги завршува квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Ова е дуел на кој нашата селекција со позитивен резултат ќе го потврди првото место на табелата, односно ако дојде до истиот ќе им се реваншира на Грците за шокантниот пораз од првата средба.

 Денешниот дуел се игра од 18 часот, а пред истиот селекторот Данило Брестовац направи три промени во составот во однос на претходниот натпревар одигран против Турција..

притисни ентер