Трамп : Ким ми испрати ,,топло” писмо

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека вчера примил ,,топло” писмо од севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера примил ,,топло” писмо од Ким Џонг-ун. Тој навел дека нешто добро ќе се случи со Пјонгјанг , без да дава повеќе детали.

Последната , втора средба меѓу Трамп и Ким во Виетнам заврши со неуспех , откако Трамп ги напушти разговорите. Тој имаше намера да го убеди Ким целосно да се откаже од нуклеарната програма.

Апел за помош на семејствата од Блатец чии куќи изгореа во пожар

Општина Виница упати апел до сите хумани граѓани да им помогнат на семејствата Симонски од селото Блатец, чии семејни куќи изгореа во пожар.

Градоначалникот на Виница, Ивица Димитров најави дека локалната самоуправа ќе помогне со средства од општинскиот буџет, но материјалната штета е огромна и ќе биде неопходна поголема помош за да се санираат последиците од огнената стихија.

– Првичните проценки се дека штетата изнесува над 50 илјади евра, а ние како Општина, ќе им помогне на семејствата на браќата Глигор и Јован Симонски во рамки на буџетските можности што ни стојат на располагање. Среќна околност е што во стихијата нема повредени или човечки жртви. Оштетувањата на објектите се огромни, целосно е уништен домот на постариот брат Јован, а изгорена е и куќата на помладиот Глигор, кој минатото лето комплетно ја реновирал. Очекуваме дека бизнис секторот и хуманите граѓани исто така ќе им помогнат, за што ќе биде отворена наменска жиро сметка, истакна градоначалникот Димитров.

Во гаснењето на огнот интервенирала Територијалната противпожарна единица од Виница, при што биле ангажирани четири цистерни и 10 пожарникари, но тие истакнаа дека пожар од вакви размери одамна не бил регистриран кај нив.

Во моментот се испитуваат причините за пожарот, но според привичните согледувања огнот се појавил од запален оџак и брзо ја зафатил покривната конструкција на двете куќи што се прилепени една до друга. /МИА

Јанушев: Тргнуваме на терен, ВМРО ДПМНЕ пред вашиот дом, Мицкоски со граѓаните, ќе кажеме дека Македонија има шанса

Три години Зоран Заев и СДСМ владеат со лаги, измами и криминал. Три години граѓаните страдаат, а мафијата профитира.

Економијата е далеку од ветените 5% раст. Администрацијата е партизирана. Функционерите наместо да работат со нозете во вис го поминуваат работното време. Безбедноста на граѓаните е доведена под знак прашалник, криминалци се препукува по улиците и за тоа никој не одговараше. Откуп за земјоделските култури нема, а кога има цената е мала. Болниците се како во хорор филм, а студентските домови се нефункционални.

Зоран Заев и СДСМ наместо на развој се насочија на раскрчмување на државата. Се делат тендери и бизниси на фирми формирани непосредно пред да се распише јавниот повик.

Оваа власт ќе остане обележана по епидемијата на непотизам, грантовите на Фондот за иновации кои беа делени на лица блиски до власта, 35 милионскиот “крвав тендер” во здравството, сомнителната поделба на лиценците за возачки испитни центри, тендерите кои ги добиваше невенчаниот сопруг на Царовска, сомнителните бизниси на Анѓушев и Заеви, Леонардо, Сар Хемс, Рекет 1, 2 и 3 и редица други криминални афери.

Ветуваа правна држава, а го уништија системот. Судски пресуди се пишуваат по нарачка, а обвиненија се отвораа само со дозвола на Заеви. Заглавија патриоти во затвор, а убијци пуштија на слобода. 1200 криминалци наместо во затвор се на улиците и секојдневно ги тероризираат граѓаните на Република Македонија.

Ја клекнаа државата на колена. Ја убија надежта кај луѓето.

Граѓаните се иселуваат масовно, што поради нискиот стандард, што поради нефункционалната држава. Апатијата, криминалот и безредието мора да завршат. Тука сме. Имаме идеја и визија за обнова на Македонија, за ставање на државата на брза трака кон ЕУ. Македонија мора да биде просперитетна, Македонија мора да биде напредна.

Од понеделник, 20 јануари почнуваме со кампања ,,Обновата ПРЕД ВАШИОТ ДОМ”. Тимови на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги посетат вашите домови, ќе ги посетиме сите населени места, села и градови. Ќе разговараме со секој еден од Вас. Заедно со вас ќе ја поразиме оваа криминално рекетарска банда на власт. Доаѓаме сега, но ќе дојдеме и по 12 април. Вие граѓаните сте причината за која работиме.

Понатаму потсетувам дека сите ОК на ВМРО-ДПМНЕ се отворени секој ден од 18-21 часот и сите граѓани можат да дојдат и да ни се приклучат.

Почнувајќи од викендот 25 и 26 јануари, тимови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ почнуваат со посета на рурални средини, нема да има населено место од најмалото до најголемото, нема да има човек во Македонија што ќе остане непосетен.

Исто така претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе започне кампања „Мицкоски со граѓаните" , каде во овој период ќе ги посети градовите, ќе разговара со граѓаните, еснафот, бизнисмените, земјоделците. Ќе се погледнеме очи во очи со граѓаните, и ќе им се каже дека Македонија има и шанса и надеж и дека обновата доаѓа.

Тука сме до граѓаните. Заедно ќе победиме. За ова зло никогаш да не се повтори. Зоран Заев никогаш повеќе.

Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалите. На 12 април следува одговорност. Заев никогаш повеќе.

Прес-конференција на Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Акција за вдомување кучиња во Куманово

Кумановци денеска на градскиот плоштад вдомуваа миленичиња во рамки на акцијата за вдомување која ја организира секторот за инспекциски надзор, ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков" и активисти и здруженија за грижа за животните.

<

Кучињата кои денеска им беа понудени на граѓаните се вакцинирани, стерилизирани,чипирани согласно Законот за благосостојба на животните. Организаторите велат дека има интерес меѓу граѓаните за вдомување.

– Акцијата за вдомување се организира во рамки на тендерот за заловување на кучиња скитници во кои е опфатено и вдомување на кучиња скитници. Кучињата кои денеска се нудат за вдомување се одбрани по мислење на доктор по ветерина од ветеринарно-сточарскиот центар, изјави комуналниот редар од општина Куманово, Гордан Таневски.

Активистката Марина Петковска повика граѓаните да вдомуваат кучиња и да подарат живот.

– Акцијата ја наменивме за овие мали бебиња кои се заловени. Се надеваме дека и оваа акција ќе помине успешно како и претходните две во изминатите години, изјави Петковска.

Таа ги повика сопствениците на миленичињата да не ги оставаат на улици и укажа дека е потребно да се стерилизираат, кастрираат и вакцинираат домашните миленици, со што ќе се намали бројот на улични кучиња.

Петковска немаше информации до каде е процесот за отварање стационар во Куманово.

Слободан Јовановски од Ранковце денеска вдоми кутре. Тој веќе се грижи за мачки и кучиња. Едното,вели, му било отруено,па затоа се одлучил да вдоми уште еден миленик.

Од јуни досега, откако е почнат годишниот тендер во Куманово заловени се околу 250 кучиња. Таневски апелираше до надлежните институции да помогнат во справувањето со проблемот со кучиња скитници. Тој појаснува дека се уште има несовесни граѓани кои ги пуштаат миленичињата на улица, а поголем проблем е што се пуштаат и кучиња од други општини.

– Имаме дојави од граѓани дека се внесуваат кучиња скитници од други општини што е финансиски проблем за општината. Сите општини имаат законска обврска да заловуваат кучиња. Имаме пријави и до МВР против непознати сторители, вели Таневски, додавајќи дека има пријави и од граѓани кои биле нападнати од кучиња скитници.

Од секторот за инспекциски надзор немаат повратна информација за угинатите кучиња кои лани беа пронајдени во вреќи расфрлани кај поранешната касарна во населбата „Карпош". /МИА

притисни ентер