Мета : Подготвен сум да се повлечам, ако тоа помогне за излез од кризата

Албанскиот претседател Илир Мета рече дека не разбира зошто сакаат да го разрешат , но ако е тоа решение за кризата во земјата , подготен е да се повлече.

Мета , кој се најде на удар на премиерот Еди Рама по одложувањето на локалните избори закажани за 30. јуни , рече дека изборите ги одложил за да не се зголемат тензиите во Албанија. Мета вели дека во моментов нема можност за одржување на локалните избори , но додава дека ќе се одржат во рок предвиден со Уставот.

,,Подготвен сум за носење важни одлуки во интерес на државата. Ги повикувам сите партии да ја разберат неопходноста од дијалог и наоѓање решение.” , порача Мета. Вели дека одлуката ја донел непосредно по тајната средба со премиерот Еди Рама.

Средбата се одржала пред десет дена и затоа Рама изјави дека не е изненаден од таквата одлука. Одложувањето на локалните избори го посџрави опозицијата на чело со Љуљзим Баша , кон на митингот во саботата пред илјадниците собрани во Тирана рече дека Мета го спровел нивното барање , на што Рама побара смена на претседателот на државата.

притисни ентер