Камена скулптура од Тутанкамон на аукција за 5 милиони долари

Египет се обиде да ја запре аукцијата на камената скулптура на фараонот Тутанкамон , стара над 3 000 години .

Скулптурата ќе се продава на аукција во Лондон , а цената се предвидува да биде најмалку 5 милиони долари. Аукциската куќа Кристи објави денеска дека пшродажбара на скулптурата е легална , без оглед на противењето на Египет.

Продажбата на малечката камена статуетка од кварцит е закажана за јули. Египетските власти тврдат дека тиа имаат право на сопственост над скулптурата и дека не може да стане збор за продажба.  

Од аукциската куќа Кристи наведуваат дека оваа скулптура е дел од колекцијата Росдандро , една од најголемите приватни колекции на древни египетски предмети.

,,Статуата на Тутанкамон во 1985 ја набавил германскиот трговец Ханц Херцер од Минхен. Пред тоа , австрискиот трговец Јозеф Масина во седумдесетите години ја купил од принцот Вилхелм фон Турн , кој ја поседувал во неговата колекција. “,соопштуваат од аукциската куќа во Лондон.

Ристевска: Македонија и Албанија треба да добијат датум за почеток на преговори заедно

Дел од невладините организации сметаат дека нема ништо лошо во тоа и подоцна годинава Македонија да го добие датумот за почеток на преговорите со ЕУ.

Според нив ,најдобро сценарио е земајава да биде во пакет со Албанија бидејќи тоа ќе биде причина за поголема стабилност на регионот.., 

Арсовски: Реконструкцијата на Владата е фарса

Се тресеше гората во СДСМ, се роди глушец, рече на прес конференција Димче Арсовски,  портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Цел еден месец Зоран Заев, СДСМ и сите нивни сателити ги малтретираа граѓаните дека СДСМ ќе го зафаќала метлата, ќе го реформирале, а всушност деспотот Заев си го реизбра истиот Извршен одбор.

Старо-новиот извршен одбор на Зоран Заев во СДСМ од 16 назначени членови, 10 се истите од претходниот пат.

Очигледно е дека Зоран Заев во овој театар кој им го приреди на членовите наместо метла, одговорност и реформи, направи простор за да си ја зацврсти позицијата претседател на партијата односно  да не биде сменет за сите погрешни политики коишто ги води и одговорноста којашто ја бара членството од него.

Во глобала, се е исто во СДСМ само Кирацовски го нема. На местото на Кирацовски назначен е најнеспособниот министер за земјоделие кој изминативе две години плукна на маката на земјоделците.

Во старо-новиот Извршен одбор на СДСМ останаа и најнеуспешните градоначалници како што се  Петре Шилегов, Благој Бочварски и Стефан Богоев, градоначалници кои со прст немаат мрднато изминативе година ипол за нивните општини и за граѓаните коишто живеат во нив. Всушност затоа и тројцата ја губат поддршката од граѓаните, а тоа се виде  и на последните избори каде што добија огромен шамар од граѓаните и им се намали поддршката и довербата.

Зоран Заев во старо-новиот Извршен одбор го остави и најнеспособниот министер за финансии во историјата на Република Македонија. Тоа е Драган Тевдовски, кој ги подготви најголемите буџети во историјата, ги крена даноците и акцизите, ги осиромаши граѓаните, потроши 10 милијарди евра за 2 години, а нема ниту еден единствен проект и резултат којшто можат да го видат и да имаат било каков бенефит граѓаните од него.

Тука се и Фросина Ременски која е единствената пратеничка која подготвува закони за да може нејзиниот маж да исполни критериуми за одредени позиции, а Заев за своето неработење ја награди и Рената Дескоска, актуелната министерка за правда, која претходно го унакази образованието, а сега сака да му одработи закон со којшто подоцна ќе се заштити самото СДСМ и Зоран Заев од понатамошни гонења.

Есра Салихи, Ѓоко Танасковски, Кети Василевска, Нина Велкова, Коста Костадинов се истите луѓе кои и претходно  беа во Извршниот одбор на СДСМ и раководеа со СДСМ.

Зоран Заев е готов. Тој само се обидува да си го задржи своето место во партијата каде што ја губи поддршата помеѓу членството. После овој театар којшто го подготви и каде што ги остави само неговите лојални војници во рамките на органите на партијата, јасно е дека се подготвува и му следи пораз на наредните избори. Ќе биде поразен на наредните избори кога и да се случат. Сите овие луѓе коишто ги набројав се истите кои и претходно го водеа СДСМ и сите овие луѓе се заслужни за крахот на Република Македонија и одложувањето на датумот за преговори коишто сепак не знаеме кога ќе го добиеме.

При ваква реконструкција во партијата, веќе е јасно каква ќе биде реконструкцијата во Владата. Од лошо – полошо.

Зоран Заев мора што побрзо да си замине од Владата и да ги ослободи граѓаните од неговата неспособност.

Сугарески и Китанов: Премиерот ги носи одлуките за реконструкција на Владата

Актуелните функционери не треба сами да ја оценуваат својата работа. Мандатарот, односно премиерот нормално е да ја оценува работата на министрите и врз база на тие анализи да донесе соодветни услуги. 

Ова денеска го изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески,  одговарајќи на новинарски прашања при увидот во реконструкцијата на регионалниот пат Штип – Радовиш.

– Во неколку наврати кажав, а малку и побрутално е и можеби дека малку е и невоспитано од наша страна, како актуелни функционери сами да си ја оценуваме нашата работа, од првиот ден понатаму, мандатарот, односно премиерот е нормално,  тој што ја оценува работата на министрите. Тоа го прават и граѓаните. Така сето она што го кажав и минатиот пат е дека врз база на неговите анализи, коишто ги прави нормално е премиерот да донесе соодветни одлуки, така и за случајот со министерот за транспорт и врски, вели Сугарески.

Прашан дали претпоставува кој се наоѓа на списокот за реконструкција во Владата, Сугарески изјави дека нема намера да претпоставува туку, како што рече, му е битно да си ја извршува работата за која му е дадена како министер и нема намера да ги оценува своите колеги, министри со кои поминал две години во Владата.

Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов прашан дали се наоѓа и тој на списокот за промена на директори, одговори дека тоа прашање треба да му се постави на премиерот.

– Вие како новинари сте присутни, со нас. Јас еднаш неделно сум на терен, траса, во моментов имам преку 80 проекти, што активно ги работам. Си ја гледам и ја работам работата, а тој што треба да мери, да сече и да цени е премиерот. Негово е тоа апсолутно право, така што воопшто не сум оптоварен со тоа, вели Китанов. 

притисни ентер