Влез за државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ во земјава само со негативен ПЦР-тест

Ова го одлучи Владата на вчерашната седница по предлог на Комисијата за заразни болести.

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и на Босна и Херцеговина при влез на граничен премин на територијата на нашата држава од денеска задолжително ќе треба да приложат медицинска потврда со негативен резултат од тест RT PCR SARS-CoV-2, направен 72 часа пред влез на територијата на нашата земја. Воедно треба да приложат пополнета изјава со лични податоци за местото на престојување и временскиот период на престојот. Доколку само транзитираат можат да ја поминат границата без ПЦР-тест.

Ова го одлучи Владата на вчерашната седница по предлог на Комисијата за заразни болести по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во четирите земји согласно информациите добиени од медицинските власти во тие земји.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска порача дека воведувањето на обврската за државјаните за четирите земји се прави со цел да се заштитат нашите граѓани, бидејќи епидемиолошката состојба и во нашата земја е таква да треба да се воведат ПЦР тестови.

-Тоа е национална политика. Ние ова го правиме за да ги заштитиме нашите граѓани. Нашата одлука беше врз основа на медицински епидемиолошки податоци со сознанија за ситуацијата со епидемијата во овие земји. Така ја донесовме препораката. Утрото беше дискутирано на Комисија и го предложивме тоа на Владата врз основа на сознанијата, информациите кои се темелат на тоа дека голем процент од вкупно направениот голем број на тестови се позитивни, што значи дека вирусот во овие земји е широко раширен. Дополнитлено на тоа, се и информациите за преполнети болнички одделенија во повеќе градови, рече Филипче во одговор на прашање во изјавата кај Школка во Градски парк во Скопје заедно со Биба Додева од Борка.

Тој посочи дека ништо не би се сменило и доколку најавата за неопходноста од ПЦР тестови за влез во земјава за граѓаните од четирите земји би била објавена еден ден порано од стапувањето на сила.

Петров: Гласањето на 15 јули ќе биде безбедно, да излеземе да гласаме

Четирите месеци зад нас во борбата со невидливиот непријател - корона вирусот ни го промени комплетно нашето секојдневие, нашето живеење.

Како држава, реагиравме брзо и рестриктивно, со мерки насочени кон заштита на здравјето на сите граѓани.

Изминатите четири месеци, државата, здравствените работници и институциите прават се за да го спречат ширењето на опасниот вирус.

Се донесоа протоколи со кои се обезбеди повторно враќање во нормално функционирање, новото нормално, со чие почитување се заштитуваат граѓаните од негово ширење.

Се отворија бизнисите, угостителските објекти, трговските центри,туристичките капацитети.

Истовремено, неопходни беа легитимни институции, Парламент и Влада со целата своја легитимност.

Рековме дека ќе водиме безбедна предизборна кампања и така направивме.

Носењето маска, држењето дистанца, честото дезинфицирање се дел од нашето секојдневно живеење. Без митинзи, ниту поголеми собири и групирања.

Сите средби со граѓаните беа однапред добро испланирани, почитувајќи ги сите заштитни протоколи.

Идната седмица се одржуваат предвремените парламентарни избори.

Во таа насока, институциите, здравствената стручна јавност, подготви сигурен и ефикасен протокол за заштита на здравјето при гласање, кој обезбедува максимална заштита за гласачите, набљудувачите, членовите на избирачките одбори и сите учесници во изборниот процес.

Протоколите предвидуваат , граѓаните треба да дојдат на гласачкото место со маска која ги покрива и носот и устата, да се избегнува секаков физички контакт, да се држи определена дистанца и да се дезинфицираат рацете и пред и по гласањето.

Просториите во кои се гласа ќе бидат редовно проветрувани и дезинфицирани и ќе биде дозволен влез на граѓани онолку колку што има поставени паравани за гласање.

Со строгото почитување на овие протоколи, граѓаните можат да бидат сигурни дека гласањето е безбедно и за нив и за останатите.

Затоа, ве повикувам на 15 јули да излезете и го остварите вашето загарантирано со устав право на глас. Затоа што вашиот глас одлучува во каква земја сакаме да живееме и каква иднина ќе градиме. Вашиот глас одлучува дали ќе продолжиме по патот на напредокот или ќе се вратиме назад во режимот и изолацијата.

Затоа, излезете и гласајте на 15 јули, безбедно и одговорно, почитувајќи ги сите протоколи за заштита на здравјето!

Коста Петров, потпретседател на СДСМ

Арсовски: Зоран Заев мислејќи дека разговара со Грета Тунберг, ја понижи Македонија

Срам, порази, понижувања. Овие 3 работи ги трпиме на свој грб и што е најважно, целата држава и граѓаните трпат се ова само заради еден човек што е срам за општеството, срам сам по себе, за граѓаните и државата, а тоа е Зоран Заев.

Тажното и понижувачко аудио кое се појави на јутјуб каде што Зоран Заев како Премиер на Република Македонија разговара со наводната Грета Тунберг, активистка за климатски промени, е само реална слика на начинот на кој Зоран Заев ја води и ја претставува оваа држава и овој народ.

Замислете, мислејќи дека разговара со активистката Грета Тунберг и нејзиниот татко, во разговор со замислени соговорници, Заев успеа да ја раскаже целата тажна слика на Република Македонија и неговиот однос кон државата и граѓаните.

Заев во само еден т.н. пранк, успеа да изнесе навреди кон францускиот претседател г-дин Макрон, имено претседател на држава пријател на Република Македонија.

Зоран Заев конечно призна дека е загадено Скопје и државата, и во рок од 10 секунди за да ја покаже својата моќ успеа само низ телефонски разговор да затвори 2 аеродрома во Република Македонија.

Она што е најтажно, најкриминалниот и најкорумпиран политичар, Зоран Заев, бидејќи нема ниту еден единствен капитален проект, со најголема гордост и како приоритет број 1 и најголемо достигнување се фали како си го сменил името на својата држава и својот народ. Тажно и жалосно.

Дури и ја призна тажната вистина дека Република Македонија е сиромашна и неразвиена земја која не е атрактивна за мигрантите, но и покрај тоа тој се уште е отворен за населување и за отворање на живеалишта за мигранти.

Си говореше за марихуаната за која му велат дека тој ја одгледува без око да му трепне. Најверојатно се чувствува гордо и на таа тема како да е Биг Мајк од Република Македонија.

Пораз до пораз, срам до срам, понижување до понижување.

Овој човек и оваа влада мораат што побрзо да си заминат од очите на јавноста.

За крај, сакам само да потсетиме на неуспешната ПР стратегија на Владата која на крајот на минатата година рече дека спречила хибриден напад од пранкери мислејќи токму на овој разговор на Зоран Заев со наводната активистка Грета Тунберг.

Еве очигледно е колку спречиле хибриден напад, каде што Зоран Заев во неколку разговори со пранкери во својот мандат успеа да не посрамоти како држава без око да му трепне. Лага до лага. Ниту спречиле хибриден напад, ниту пак она што го говореше Забрчанец на таа прес конференција е вистина. Очигледно и факт е дека Зоран Заев си водел разговор со замислени соговорници.

Затоа 15-ти јули, број 14, глас за Обнова на Македонија. Глас против понижувањата на Република Македонија кои што и ги нанесува Зоран Заев и ова раководство на СДСМ.

Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер