Почнува незадолжителната вакцинација од пневмокок и рота вирус

На денешната седница на Владата беше прифатена и Информацијата за прогресот на активностите во реализацијата на Акцискиот план за воведување на вакцинација за заштита од пневмокок и рота вирус.

Во текот на овој месец до службите за имунизација ќе бидат дистрибуирани по 90 илјади дози од обете вакцини. Почнувајќи од следниот месец, родителите коишто сакаат нивното дете да прими некоја од вакцините, ќе имаат можност за тоа.

Според светската здравствена организација, вакцината против Streptococcus pneumoniae ги штити децата од тешки заболувања, како пневмонија, отитис и менингит.

Со воведување на вакцинацијата против Rotavirus, смета СЗО, децата ќе бидат заштитени од тешка форма на дијареи, како и од компликациите предизвикани од истите, се наведува во соопштението од Владата.

Среда, 15 јули, е неработен ден за сите граѓани во Македонија

Среда, 15 јули, е неработен ден за сите граѓани во Македонија поради одржување на предвремени парламентарни избори.

Согласно заклучокот на Владата од 74-тата седница одржана на 7 јули 2020 година, среда, 15 јули, е неработен ден за сите граѓани во Република Македонија поради одржување на предвремени парламентарни избори и истиот нема да се одработува.

Оние институции, компании, фирми и организации кои ќе одлучат да работат на 15 јули 2020 година треба да пријават работа на неработен ден до Државниот инспекторат за труд.

Според Законот за работни односи и Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, работодавачот на работникот е должен да му исплати надоместок и додаток на плата за работа на празници и неработни денови утврдени со закон или друг пропис.

Вкупно 682 лица денеска гласаат во Кичево, Македонски Брод и Пласница

Во општините Кичево, Македонски Брод и Пласница денеска правото на глас го остваруваат вкупно 682 лица – изнемоштени и болни.

Гласањето почна навреме, во 7 часот, и до овие моменти се одвива без потешкотии, информираат од изборните комисии на овие три општини.

Во Кичево право да гласаат денеска имаат 486 болни и изнемоштени, во Македонски Брод имаат 130 лица и во општина Пласница од оваа категорија на луѓе право на глас денеска имаат 66 лица.

За денот на изборите утре во Кичево право на глас имаат 50 410 гласачи кои ќе имаат можност да гласаат на 113 избирачки места. Во Македонски Брод право на глас утре имаат вкупно 5051 гласач кои ќе гласаат на 42 избирачки места и во општина Пласница утре ќе треба да гласаат 5045 гласачи во девет избирачки места.

Во Прилеп гласаат 489 болни и немоќни меѓу кои и 44 штитеници од Домот за стари лица

Непречено и без проблеми се одвива гласањето во Прилеп на болните и изнемоштени лица. Пријавени се 489 болни и изнемоштени.

На избирачкото место во домот за стари лица „Киро Крстески Платник" првпат гласаат само пријавените штитеници од домот. Дислоцирано е гласањето на граѓаните за поголема заштита на старите лица од Домот. Во домот се 126 штитеници, за гласање се пријавиле 44-ица и се од 17 општини од земјава.

Според Зоран Пешоски, заменик-претеседател на избирачкиот одбор се гласа непречено. До пладне половината од пријавените 44-ица гласале половината.

– Пријавените 44-ица гласачи од Домот се од 17 општини. Се гласа според протоколите. Им даваме заштитна маска, се прави дезинфекција и се почитуваат сите мерки за заштита. Гласањето се одвива непречено, вели Пешоски.

Станка Миленкоска и Петре Петрушески, станари во Домот, велат дека заштитено и добро ги поминуваат деновите со уште 124 штитеници во прилепскиот дом за стари лица. Не се чувствуваат осамени. Особено стресни, истакнуваат, се овие месеци со пандемијата. Го оствариле своето право на глас на првото избирачко место.

– Се чувствуваме заштитено. Немаме контакти со надворешни лица. Сѐ што ни треба ни набавуваат. Се дружиме. Уште изутрината го остварив своето право на глас и тоа е за младите, ние речиси сме го поминале животот, вели 73-годишната Миленкоска.

-Гласав, го оставрив своето право. Овде е добро, го навикнав животот, вели Петре Петрушески.

Денеска своето право на глас го остваруваат и 70 болни и немоќни лица од општина Кривогаштани, 68 лица од општина Долнени и 190 болни и немоќни лица од општина Крушево.

притисни ентер