Во КИЦ годишна изложба на Академијата за графички и веб дизајн на Семос едукација

Во културно информативниот центар се отвори завршната годишна изложба на Академијата за графички и веб дизајн на Семос Едукација.

Претставени се делата на 29 студенти од генерацијата 2018-1019.

Пејачот Мирослав Шкоро официјално ќе ја објави својата кандидатура за претседател на Хрватска

Музичарот и пејач Мирослав Шкоро официјално ќе ја објави својата кандидатура за претседател на Хрватска на крајот на оваа недела, пишува „Вечерњи лист“.

Шкоро засега планира да биде независен кандидат, но не ја исклучува можноста за разговор со различни политички опции и доколку ги прифатат неговите ставови, постои можност за соработка.

„Вечерњи лист“ тврди дека Шкоро ќе ја финансира кампањата со свои пари.

Прва соработничка во изборниот тим ќе му биде неговата сестра Весна Вучемиловиќ.

Инаку, официјална кандидатура за уште еден мандат официјално се уште не е објавена од актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

Официјално, кандидат на социјалдемократите ќе биде поранешниот премиер и лидер на најпознатата опозициска партија СДП, Зоран Милановиќ.

Во петок и за време на викендот сончево и топло

Претпладнево ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе се задржи нестабилно време.

 Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град.  Максималните температури во земјава ќе се движат од 26 до 33 степени.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, со услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Од недела попладне и во следните денови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Прва посета на Северна Кореја од кинески лидер во изминатите 14 години

Кинескиот претседател Си Џинпинг пристигна во историска дводневна посета на Северна Кореја, прва посета на кинески лидер во изминатите 14 години.

Во Пјонгјанг, Си ќе има средба со лидерот Ким Џонг Ун во обид да се засилат билатералните односи.

Кинески медиуми јавија дека е можно за време на дводневната посета си да разговара со Ким за обнова на преговорите за корејската нуклеарна програма со Вашингтон. Можно е и објавување нови мерки за поддршка на економијата на Северна Кореја.

Моментот на посетата е особено деликатен – и двете држави водат спор со САД.

Кина заради трговијата, а Северна Кореја поради нуклеарната и ракетна програма.

Во следната недела се очекува Си да има средба со американскиот претседател Доналд Трамп за време на Г-20 во Јапонија.

притисни ентер