Мицкоски е за соработка со Владата за да се добие датум за преговори во октомври

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе го понуди потенцијалот на неговата партија за да се добие датум за преговори со ЕУ во октомври. 

Рече дека ќе побара поддршка од Извршниот и Централниот комитет да се формираат работни групи кои заедно со Владата ќе ги утврдат проблемите и ќе работат на надминување на сите пречки за, како што рече, барем во октомври да добиеме датум зашто летово не можеме од објективни причини.

Во интервју во емисијата „Топ тема" на ТВ Телма вечерва тој рече дека не навива за неуспех на државата како што го обвинува СДСМ, и дека прв приоритет на неговата партија е доброто на граѓаните и тие, како што рече, да не бидат казнети поради неспособноста на власта. Не знае дали владата би ја прифатила неговата иницијатива за соработка.

– Загрижен сум за ситуацијата во Македонија, која како држава е во подредена улога. Македонија се води во апокалиптично сценарио, рече Мицкоски, додавајќи дека приоритет не им е „алчноста за власт" и предвремени парламентарни избори, но е уверен дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и е исклучително подготвена за нив, а тоа, рече, го покажала на претседателските избори.

Во однос на пописот и најавата дека ќе го бојкотираат поради брзо носење на законот, лидерот на опозицијата во интервјуто рече дека инсистираат пописот да се спроведе според регулативата што ја практикува ЕУРОСТАТ која, рече, има јасни насоки, меѓу кои е лицето да биде присутно и најмалку 12 месеци да не ја напуштило државата. За ВМРО-ДПМНЕ пописот, рече, не е „политичка трговија од зелените пазари", туку реална статистичка операција која ќе даде одговор каде и како ќе се развива државата во следните десетина години.

-Ова што сега на брза трака се става во Собранието, без учество на опозицијата, е спротивно на она што денеска го слушаме од СДСМ и од ДУИ за европски вредности. Ова ни најмалку не наликува на тоа, туку повторно на една политичка трговија што наликува на зелените пазари. Зоран Заев ги отплаќа долговите на она што го позиционираше таму каде што е веќе трета година, рече Мицкоски.

Во однос на иницијативата за реформа на изборниот модел, рече дека постојат повеќе опции кои може да се разгледаат и дека ВМРО-ДПМНЕ тоа го прифаќа ако целта е да биде прифатливо за граѓаните, ако е одржливо и ќе ја олесни работата на ДИК, и доколку одговара на демократските критериуми.

-Мислам дека ќе понудиме решение што ќе одговара на интересите на сите граѓани, а не на политичките елити. Можеме да разгледуваме и отворени листи кои во прва фаза би можеле да се применуваат на локални избори, за да видиме како тоа би функционирало со изборот на советници, а во подоцнежна фаза да излеземе со предлог за таков вид на листи и за избор на пратеници во Собранието. Може да дискутираме и за изборен праг што ќе биде репрезентативен и ќе може политичките партии да се натпреваруваат за да го поминат. Интересно решение е и модел за 120 изборни единици итн, рече Мицкоски.

Опозицискиот лидер не ја отфрла можноста да се репреговара Преспанскиоот договор доколку Киријакос Мицотакис победи на предвремените парламентарни избори во Грција.

-Ако Мицотакис победи во Грција, а тој вели дека ќе ја отвори таа тема, и доколку бидеме поканети – зошто повторно да не седнеме на преговарачка маса и повторно го преговараме Преспанскиот договор кој е капитулантски и штетен за Република Македонија. Тоа нема да го правиме монополизирано како што тоа го правеше двоецот Заев – Ципрас, туку со сериозна екипа од експерти зад нас. И ние, и другата страна, имаме принципиелна позиција дека овој договор е штетен. Доколку формираме влада, ќе седнеме и ќе го репреговараме договорот, но на сериозен начин, со група експерти кои ќе бидат наша логистика за да го направиме подобар, рече Мицкоски. /МИА

Алонсо со критики кон тимот и покрај крајниот успех против Вест Хем

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, изрази незадоволство по реваншот од четвртфиналето на Лигата на Европа помеѓу Германците и екипата на Вест Хем.

Натпреварот заврши нерешено 1:1, што значи дека „аспирините“ одат напред кон фајналфор.

-Се подготвувавме за опција во која Вест Хем ќе не притисне многу силно. Не ни беше многу удобно да играме во нашата формација. Да бидам искрен, во првото полувреме противниците беа подобри и се чувствувавме надвор од место. Многу е важно што не примивме втор гол бидејќи тие дефинитивно одиграа подобро од нас. За среќа, по паузата ги свртевме работите. И мило ми е што продолживме понатаму. Секогаш има тешки моменти во Лига Европа, изјави Алонсо.

Во полуфиналето, фудбалерите на Баер ќе се соочат со Рома во повторување на минатогодишната битка во оваа фаза од турнирот. Тогаш „Римјаните“ излегоа како победници. Натпреварите сега се на 2 и 9 мај - првиот се игра во Рим, а реваншот во Леверкузен. /МИА

Де Роси за дуелот со Алонсо во ЛЕ: Го почитувам уште од кога беше играч

Тренерот на Рома, Даниеле де Роси, ја прокоментира големата победа на тимот со 2:1 против екипата на Милан, со која и официјално „римските волци“ се пласираа во полуфиналето на Лига Европа.

Менаџерот, кој неодамна го презеде првиот тим, продолжува да прави чуда, а синоќа ги пофали своите играчи за нивниот напредок.

-За да го победиме овој Милан ни требаа вештини. Кога останавме со 10 фудбалери, моравме да играме со интензитет, но со интелигенција и тактичко знаење. Само трчање не е доволно. Многу сум горд што тренирам таков тим. Не беше лесно бидејќи Милан е многу силен тим кој игра добар фудбал. Завчера видовме дека дури ни Реал Мадрид не беше активен и се бранеше, ние истото го направивме, кога беше вистинскиот момент за тоа, изјави Де Роси.

Римјаните во полуфиналната фаза ќе играат против екипата на Баер Леверкузен во реприза на пресметката од истата фаза на турнирот од минатата кампања, кога „волците“ стигнаа до успехот.

-Можеби сакаат да се одмаздат за минатата година кога ги победивме. Ќе видиме што ќе се случи, но очигледно не не сметаат за фаворити. Можеби некој го чекаше Милан во полуфиналето од Лига Европа. Имам голема почит кон Чаби Алонсо уште од кога беше играч, додаде Де Роси.

Првиот натпревар е на 2 мај (четврток), а реваншот е точно една недела подоцна на 9 мај (четврток). /МИА

Средба на претставници на БиХ со Гутереш

Претседавачот на Претседателството на БиХ Денис Беќировиќ и членот на Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ разговараа со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш во седиштето на ОН во Њујорк, јавува босански Аваз.

Во седиштето на оваа меѓународна организација, Беќировиќ и Комшиќ му се заблагодарија на генералниот секретар на ОН за досегашната поддршка за активностите и мерките во борбата против негирањето на геноцидот, говорот на омраза и глорификацијата на воените злосторства во Босна и Херцеговина.

Тие му укажаа на Гутереш важни факти поврзани со Предлогот за резолуција за Сребреница во Генералното собрание на ОН, наведува весникот.

На средбата беше нагласено дека конечните пресуди на највисоките судови на ОН (Меѓународниот суд на правдата и Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија) ​​потврдија дека е извршен геноцид врз Бошњаците во безбедносната зона на ОН во Сребреница. Беше истакната важноста на Генералното собрание на ОН да усвои резолуција за Меѓународниот ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница извршен во 1995 година.

Тие нагласија дека ОН со усвојувањето на резолуцијата за прогласување на 11 јули како Меѓународен ден на сеќавање и одбележување на геноцидот во Сребреница извршен во 1995 година, ќе укаже на важноста од промовирање на вистината за извршениот геноцид.

Гутереш истакна дека секоја форма на негирање на геноцидот е апсолутно неприфатлива и ја изрази својата целосна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.

Во разговорот со Гутереш, Беќировиќ и Комшиќ истакнаа дека главната цел на резолуцијата е да се изгради мир, безбедност и доверба во Босна и Херцеговина и во регионот. Исто така беше истакнато дека усвојувањето на резолуцијата е важно за зачувување на кредибилитетот на ОН и укажување на важноста од почитување на пресудите на судовите на ОН, извлекување поуки од неуспехот на ОН во спречувањето на геноцидот врз Бошњаците во Сребреница, како и укажување на глобалното значење на превенцијата на геноцидот.

Тие потсетија и на зборовите на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој на 25-годишнината од Дејтонскиот мировен договор, меѓу другото, рече дека изградбата на иднина на мир бара соочување со минатото.

Во зградата на Обединетите нации завчера се одржа презентација на нацрт-резолуцијата за геноцидот извршен во Сребреница во 1995 година. Текстот на резолуцијата го презентираа Германија, Руанда и Босна и Херцеговина, а присуствуваа и ко-спонзорите, кои се 17 на број.

Против резолуцијата зборуваа Русија, Србија, Венецуела, Кина, Северна Кореја и Никарагва

Инаку, Генералното собрание на Обединетите нации ќе гласа за предлог резолуцијата за геноцидот за Сребреница на 2 мај. Пред неколку дена и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи најави дека Македонија ќе биде ко-спонзор на резолуцијата и ја повика Србија да ја поддржи. И Италија и Франција најавија дека ќе ја коспонзорираат нацрт резолуцијата. Според Османи, резолуцијата досега ја поддржале повеќе од 17 земји, меѓу кои Ирска, Финска, Холандија, Албанија, Турција, Јордан, Малезија.

Засега, јавна поддршка за резолуцијата искажаа и Руанда, Германија, Нов Зеланд, Чиле, Франција, Лихтенштајн, Словенија, Соединетите Американски Држави и Италија.

За да се усвои резолуцијата потребна е двотретинска поддршка, т.е. дека за неа гласаат повеќе од 130 членки на ОН. Причината поради која беше одлучено да се предложи резолуцијата до Генералното собрание, а не до Советот за безбедност на ОН, е тоа што би било речиси невозможно СБ да ја усвои таа резолуција.

Klix.ba потсетува дека Велика Британија како една од петте постојани членки на Советот за безбедност во 2015 година предложи резолуција за геноцидот во Сребреница, но Русија како постојана членка, стави вето.

Од друга страна, нема механизам за вето во Генералното собрание, што значи дека одлуката на две третини од државите претставува конечна одлука. Имено, станува збор за принципот „една земја-членка, еден глас“, т.е. гласот на секоја држава е еднаков. Тоа значи дека Босна и Херцеговина ќе треба да вложи големи дипломатски напори за да обезбеди поддршка од повеќе од 130 земји. /МИА

притисни ентер