Стоилковски: Нема да отпочнеме преговори заради погубните политики на власта

Зоран Заев прокоцка цела година во лаги и манипулации дека Македонија добила датум за преговори. Еве што велеше Заев цела година, еве како убедуваше насекаде, еве како говореше од собраниската говорница!

Ова е видеото од 2 јули 2018 година, обраќање на Зоран Заев во Собранието пред пратениците! Значи пред една година каде што вели – „Скрининг процесот ЕУ го почнува на 17 јули 2018 година, овде, во Македонија. Европскиот совет никогаш повеќе нема да се навраќа на Македонија за да утврдува датум за преговори. Овие два аргументи се сериозна потврда дека Република Македонија доби датум за почеток на преговори".

И еве не сега една година подоцна, Зоран Заев вели добил најдобар извештај до сега, кристално чист како милува да споредува ама повторно го чека Советот оној што никогаш немало да се навраќа на Република Македонија за да определува датум, и го чека да се наврати Советот и да определи датум за почеток на преговори. Односно да каже Заев дали испорачал реформи за да добие датум за преговори.

И повторно Заев навлегува во нови лаги, дека ова бил најдобриот извештај, а лани нели беше најдобар и беше добиен датум заради тој извештај, и сега чека повторно ЕУ да му испорача! А, советот и лани порача дека ќе се наврати на Македонија за да ги провери реформите, и Заев тоа и тогаш и сега го знаеше! И повторно ништо не сработи!

Замислете, Зоран Заев убедува дека ЕУ треба да му испорача! Заев во својата самозаљубеност, во самоблескањето, во самокристалот, вели Германија, Меркел требала нему да му испорача тоа што му го ветила.

Зоран Заев и неговите лаги се срам и од ден на ден нанесуваат се поголема штета на Република Македонија. Зоран Заев наместо да работи на реформи, на економијата, на реформи во судството, безбедносниот систем, на борбата со корупција и справување со корупцијата во власта, во системот, тој и натаму е убеден и натаму лаже дека неговото прифаќање на грчкиот ултиматум против македонската посебност, култура, историја и идентитет преточени во Преспанскиот договор со години ќе го фалат и нема потреба ништо повеќе да преземе и да сработи!

Е па не е така! Грчкото негирање, да беше огромен проблем и за тоа неколку пати поставуваше блокади на македонските евроатлански интеграции, но сега се проблем немањето реформи, неработењето на власта, корупцијата и економскиот колапс!

Зоран Заев го обвинува Берлин дека Меркел не давала датум за преговори! Замислете Меркел не застанала спроти економскиот систем на Германија, на германските стопанственици, на оние кои што ја држат европската економија, кои што дадоа и оценија нула на перформансите на Заевата влада! Замислете Меркел не сакала да даде датум и со тоа да им порача на другите држави аспиранти за членството во ЕУ терајте вие во криминогеност, во корупција, во скандали со распределба на државниот буџет, во даночна евазија, во партизација на администрацијата, а ние ќе ви дадеме датум! Тоа би значело давање датум на ваква власт на Зоран Заев. За жал на македонските граѓани повторно изгубија уште една година со Зоран Заев.

Почитувани жално е граѓаните, македонските граѓани, сите граѓани во Република Македонија да останат во чекалната затоа што Зоран Заев е убеден дека менува фиктивна Нобелова награда за датум за преговори! Жално е што Македонија нема да отпочне преговори заради погубните политики на Зоран Заев!

Зоране Заев, времето ти измина, не создавај дополнителни проблеми на Република Македонија! Замини си, не ја одземај иднината на граѓаните, престани со лагите и обвинувањата на други. Игрите и лагите, капацитетот, ти е прочитан и дома и надвор. Колку подолго си на власт, толку подолу ја туркаш Република Македонија!

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Шпанските инженери измислиле како да произведуваат вода за пиење од воздух

Шпанска компанија измислила систем за вадење вода за пиење од воздухот за снабдување на сушните области каде што луѓето очајно имаат потреба од вода за пиење.

„Целта е да им се помогне на луѓето“, рече Енрике Веига, 82-годишен инженер, кој ја измислил машината за време на големата суша во јужна Шпанија во 1990-тите. „Целта е да стигнеме до места како бегалските кампови кои немаат вода за пиење“, додава тој.

Неговите уреди Акваер веќе испорачуваат чиста и безбедна вода до местата во Намибија и либанскиот бегалски камп.

"Во селата што ги посетивме во Намибија беа запрепастени. Не разбраа, прашаа од каде доаѓа водата", рече тој.

Машините користат електрична енергија за да го изладат воздухот додека не се кондензира во вода, искористувајќи го истиот ефект што предизвикува кондензација во климатизерите.

Додека другите генератори на вода базирани на слична технологија бараат висока влажност на околината и ниски температури за ефикасно функционирање, машините на Веиги работат на температура до 40 Целзиусови степени и можат да издржат влажност помеѓу 10 и 15 проценти.

Една мала машина може да произведе 50-75 литри вода дневно и е лесно пренослива. Поголемите верзии, пак, можат да произведат до 5.000 литри дневно.

Стоилковски: Апел за помош, Стојанче, не се гаси пожар од канцеларија со мебел и мобилни

Се уште беснеат пожари, она онде зад мене каде што светат светлата е селото Умлена, од каде што цел ден повикуваат на помош, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Зад Умлена се гледаат поажрите, се гледа и огромен чад зад целата планина, таму веднаш од другата страна се наоѓа Пехчево, а од овдека се наоѓа Берово.

И по неколку дена беснеење на пожари, и по неколку дена предупредувања од сета јавност за неспособноста и за негрижата од јавноста, од владата, од незадоволството за реакциите за шумските пожари, и по цел ден повици од Умлена дека може да изгори селото никој досега не дошол на помош и никој досега не почнал да гаси овдека зад мене каде што гори цела планина.

Апелите од Умлена ме донесоа мене како претставник од ВМРО-ДПМНЕ, тука кај Умлена да повикам на совест кај дел од Владата, да го повикам на совест Стојанче Ангелов наместо цел ден да трча по телевизии за да се правда себе и Зоран Заев затоа што не делуваше кај Кочани да го види ова зад мене и веднаш да упати помош при гаснењето и справувањето со оваа огнена стихија.

Ова што се случува е срамно. Ова што се случува е покажување на целосна неподготвеност на државата да одговори соодветно пред она што се вели елементарна непогода.

Стојанче Ангелов треба добро да знае дека канцелариски мебел и мобилни телефони не е тоа што го гане пожарот, туку канадерите кои две гофини не се сервисирани, а Владата купувала и плаќала гориво за нив, пожари не гаснат мобилни течефони, не гасне канцелариски мебел ниту пожари се гаснат од владина седница. Пожари се гаснат тука на терен.

Ова што го гледам зад мене, а е километри подалеку е срамно и е срам за оваа држава.

Во Белгија уапсени 40 лица од Романија, Бугарија и Украина поради фалсификување цигари

Белгиските цариници денеска ја започнаа својата најголема операција против фалсификувани цигари, со претреси на 10 илегални локации и уапсиле најмалку 40 лица.

Меѓународните банди ја претворија Белгија во производствен центар за лажни цигари, лажно спакувани како водечки брендови и се продаваат без данок во соседните земји, особено во Британија.

Во индустрискиот парк во Аарцелаар, на главниот пат кон пристанишниот град Антверпен, полицајците уапсиле 18 мажи во рацијата пред зори во магацин без ознаки.

Осомничените, од источна Европа, живееле во работнички дом во фабриката, работејќи на смени за да го исушат тутунот, а потоа го пренесуваат преку машини за валање цигари.

Некои спиеле во своите кревети кога вооружените полицајци упаднале, додека други управувале со машините.

„Додека ова депо работеше 24 часа на ден, работниците никогаш не ја напуштија фабриката, за да не го предупредат соседството“, рече Флоренс Анџеличи, портпарол на белгиското министерство за финансии задолжена за царинската служба.

Зад неа, во поделен дел од складиштето имало неуредни бункети, преполни куфери и знаци за набрзина изеден појадок.

„Тие спиеја тука, работеа тука, јадеа овде, се тушираа - не заминуваа со недели, дури и месеци“, рече таа.

Огромна залиха цигари била подготвена за испорака, очигледно во Британија, со пакети што личат на популарните брендови Ричмонд и Марлборо и испечатени со стандардни здравствени предупредувања во Обединетото кралство на англиски јазик.

Вкупно биле пронајдени четири производствени места, заедно со уште шест локации што се користеле за логистика, за да се исецка суровиот тутун или да се складираат резервите како хартија за цигари, филтри и лепак.

Некои од погоните биле во северна Белгија, во Тонгерен, Еекло и Фраснес-лез-Анваинг-близу пристаништето и наводно им служеле на пазарите на бандата во Велика Британија, Франција и Холандија.

Службениците кои го обработуваат огромниот транспорт проценуваат дека заплениле десетици милиони цигари лажно означени како Марлборо, Ричмонд, Принц или Реџина.

Приведените осомничени потекнувале од Украина, Романија и Бугарија.

Кристијан Вандервајрен, генерален директор на белгиската федерална царинска и акцизна администрација, присуствувал на рациите, кои ги опиша како најголемата операција во историјата на неговата агенција.

За него, пресметката на бандите беше едноставна: „Причината што црниот пазар носи многу пари е затоа што даноците се многу високи-акциза и ДДВ“,рече тој.

„Пакет цигари чини околу осум евра, добро, од тоа, шест до седум евра се акциза и ДДВ.

Таа пресметка значи дека пушач плаќа четири или пет евра за пакет на црниот пазар од она што изгледа како нивниот омилен бренд и добива евтина зделка, а бандата го зема својот профит од намалувањето на даночната власт.

притисни ентер