Објавен првиот тендер за изградба на фотоволтаични електрани на државно земјиште

 Објавен е првиот тендер за изградба на фотоволтаични електрани од еден, два, пет и десет мегавати поделени на 11 парцели државно земјиште на две локации во Свети Николе и Македонски Брод.

Постапката за аплицирање денеска пред заинтересираните инвеститори во Стопанската комора ја појасни вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Тендерот е отворен до средината на август, а отворањето на понудите ќе биде јавно на 21 август. Инвеститорите кои сакаат да учествуваат мора да обезбедат банкарска гаранција од 1.200 денари по киловат инсталирана моќност, односно околу 20 илјади евра за фотоволтаична електрана од еден мегават. Земјиштето се доделува на 50 години. Комуналната такса е договорено со општините да не биде повисока од 0,5 евра за метар квадратен, а договорената цена за приклучок со ЕВН е меѓу 22 и 33 илјади евра. По добивање на тендерот инвеститорот треба да потпише банкарска гаранција од 4.650 денари по еден киловат инсталирана моќност, однонсо околу 75 илјади евра за еден мегават дека ќе ја изгради електраната во предвидениот рок.

Анѓушев нагласи дека со тоа државата обезбедила сите инвеститори да имаат предвидливи услови за финансирање и да чувствуваат правна сигурност.

– Процедурата е многу јасна и нема комплицирани услови за учество. Единствен услов за добивање на локацијата ќе биде минималниот премиум, односно кој ќе побара најмала поддршка од државата, изјави Анѓушев.

Појасни дека максималниот баран премиум од државата изнесува 15 евра по мегават час произведена електрична енергија, додека минималниот што може еден инвеститор да го понуди е 0,01 евро. Доколку двајца понудат 0,01 евро ќе има позитивна аукција за еднократен надомест.

– Државата ќе ги заврши сите административни постапки во име на инвеститорот со цел да не губат време во административни работи. Државата ќе урбанизира земјиштето, ќе го пренамени во градежно земјиште и откако ќе го добијат тендерот тие ќе треба само да направат основен проект, еколошки елаборат и да набават опрема, изјави Анѓушев.

На локацијата Азимбегово во Свети Николе предвидени се шест парцели од еден мегават, две од две мегавати и по една од пет и десет мегавати, додека локацијата Манастирец во Македонски Брод е предвидена една парцела од десет мегавати. Еден инвеститор може да аплицира максимум за три парцели, додека инвеститорите кои ќе аплицираат за два, пет и десет, нема да може да аплицираат за парцелите по еден мегават исталирана моќност.

Ова се првите 35 мегавати од вкупно планираните 200 мегавати фотоволтаични центарли со систем на премиуми. Анѓушев најави дека за неколку недели ќе биде објавен и тендерот за приватно земјиште.

– Таму ќе бидат 27 мегавати, што значи дека со постојните 35 имаме вкупно 62 мегавати. Тоа е повеќе од три пати од се што е досега инсталирано во државата, а има инсталирано околу 18 мегавати во сите години досега, истакна Анѓуѓев.

Во однос на инфорамциите дека малите компании се дискриминирани и не може да учествуваат, Анѓушев појасни дека за да се направи еден мегават е потребна инвестиција од 650 илјади евра.

– Доколку сте компанија што знае што прави, банките тоа треба да го препознаат и со некое сопствено учество од 20 до 30 проценти може да отпочнете инвестиција, а остатокот да го земете како кредит. Значи секој оној што може да издвои 150 илјади евра сопствени средства може да учествува на овој тендер, или со други зборови секој што има два стана може да ги стави под хипотека и да учествува на овој тендер, изјави Анѓушев.

Бајден со помош на Обама и Клинтон собра рекордни 25 милиони долари за својата кампања

 Кампањата за собирање средства за американскиот претседател Џо Бајден со поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон генерира над 25 милиони долари, најголема собрана сума досега во историјата на САД.

Бајден синолќа со Обама и Клинтон учествуваше во дискусија во познатата њујоршка „Радио сити мјузикл хол“, модерирана од водителот на „Лејт шоу“ (The Late Show) Стивен Колбер.

Но, настанот неколку пати беше прекинуван од демонстрантите во салата, кои скандираа против политиката на Бајден за поддршка на Израел во војната со Хамас. Еден од демонстрантите извика „Срам да ти е, Џо Бајден“. Тие исто така го прекинуваа и говорот на Обама.

Демонстрантите го прекинаа и настапот на музичарите Квин Латифа, Лизо, Бен Плат, Синтија Ериво и Леа Микеле.

Влезниците за вчерашниот предизборен митинг на Бајден чинеа од 250.000 и 500.000 долари. Дел од донаторите позираа со претседателите, а фотографиите ги направи славната фотографка Ени Лејбовиц. /МИА

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од надомест

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, вели Петровска.

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

- Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор

Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод.

Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“.

Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите за брзо закрепнување.

Инаку, по уривањето неколку работници паднаа во водите на реката Патапско. Телата на двајца мажи, на возраст од 35 и 26 години, беа пронајдени во средата, на 7,6 метри под вода во реката Патапско.

Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

Несреќата се случи во вторникот откако товарниот брод „Дали“ удри во еден од столбовите на мостот. /МИА

притисни ентер