ПОЛНЕТ МОДАР ПАТЛИЏАН СО ГРАВ

Рецепт на Калина Јовановска.

Потребни состојки: 500 гр. грав, 1 модар патлиџан, 2 главици кромид, 1 страк праз, малку масло, 2 лажички црвен пипер, сол, куркума, зачин од сув зеленчук, бибер и оригано по вкус.

Постапка:

Гравот зачинет со малку сол претходно се вари.

Во тава со загреано масло се пропржува сечкан кромид и праз.

Се зачинува со малку: куркума, зачин од сув зеленчук, оригано и бибер по вкус.

Во сварениот грав се додава малку од пропржениот кромид и праз.

Потоа се додава 2 лажички црвен пипер и се вари уште неколку минути.

За тоа време модриот патлиџан се сече на половина и со нож се отстранува неговата внатрешност.

Се полни со смесата од пропржен кромид и праз.

Потоа се става во тава со сварениот грав.

Се пече во загреана рерна околу 15 минути на 200 степени

Производството на Смарт се сели во Кина, дали Европа останува без уште еден автомобилски бренд?

Кинеската автомобилска компанија „Geely“ презела 50% од акциите на брендот Смарт од Даимлер. Заедно ќе произведуваат мали градски автомобили, кои во иднина ќе имаат исклучиво електричен погон.

Смарт автомобилите од 2022 година ќе се произведуваат во Кина, дали така Европа ќе остане без уште еден бренд?

Новите електрични модели ќе пристигаат од 2022 година па натака. Мерцеденс- Бенз ќе води сметка за дизајнот и стилот на идните модели а „Geely“ ќе го води секторот за инженеринг.

„Нема да има разлика во квалитетот, идеме на премиум бренд кој и по стандардот на пластиката и стандардот на електрокомпонентите ќе биде на светско ниво“, вели Ола Калениус од Даимлер.

Главната продажба се очекува во Кина, која инаку е најголемиот пазар за автомобили во светот.

„Имаме амбиции за производство од  100.000 до 350.000 мали градски автомобили. Годишно ќе биде голем профитот и за Мерцедес и за „Geely“, тврди Ли Шуфу од таа кинеска компанија“.

До лансирањето на новите модели во 2022 година, сегашните Смарт автомобили ќе продолжат да се произведуваат во погодините на Даимлер во Франција, Словенија, но само во верзии со електричен погон.

Беровско Ратево подготвено за 12 издание на карневалот ,,Ратевски Бамбурци"

Традицијата стара 600 години наречена ,,Ратевски Бамбурци” и оваа година продолжува во беровското село Ратево. 

Таканаречените ,,Бамбурци” се група луѓе кои се маскираат во кожи кои достигнуваат тежина и до 70 килограми и се главни носители на карневалот на кој годинава, како што информираат организаторите се очекува да настапат над 300 маски од Македонија и Бугарија.

– Подготовките за овогодишниот карневал се при крај, така што во понеделник на 20 јануари 2020 година, кога христијаните го чествуваат  ,,Св. Јован Крстител”, Ратево уште еднаш ќе биде домаќин на старата беровска традиција. Според она што ни го кажувале нашите предци станува збор за традиција стара 600 години, која настанала кога поради појава на болест, тогашните жители на Ратево со маски ги бркале лошите духови и болеста од селото. Традицијата еве и денеска по шест века и по 12 пат како карневал ќе се одржи во Ратево, велат организаторите.

Главното случување на настанот како што дополнија започнува во 10 часот кога сите учесници ќе продефилираат пред присутната публика која се очекува во бројка од 3000 посетители.

– Учесниците со својата маска, поединечна или групна имаат можност околу 5-10 минути да се претстават пред публиката и жири комисијата, по што околу 13 часот имаме одлука која маска е првонаградена на 12-тото издание на карневалот. Обезбедени се награди за трите најдобри маски како и благодарници за сите учесници, додаваат организаторите.

Локалниот обичај поврзани со Ратевските Бамбурци започнува рано наутро на 20 јануари на денот посветен на ,,Св. Јован Крстител” и има една цел, со танцот на Бамбурците да се избрка злото од Малешевијата. /МИА

Дневен хороскоп за 18. јануари 2020 година

Дневен хороскоп за сабота, 18. јануари 2020 година. 

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Во вториот дел од денот ќе се чувствувате многу среќни и исполнети . Оние кои уште се сами , нека ја следат својата интуиција.

Кариера

Пред вас се нови големи задачи на кои вреди да им се посветите со целосно внимание.Денеска ќе ги анализирате.

Здравје и совет

Се чувтсвувате одлично.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои ќе се откажат од добра забава или излегување без оглед на обврските што ги иамте. саканата личност ќе ве следи.

Кариера

Веќе не сте сигурни колку се очекува од вас, па ќе ја дозирате својата работа или ќе ги проверувате работните задачи.

Здравје и совет

Не се измачувајте со ситни работи.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни можности , па потрудете се да бидете меѓу луѓе или со саканата личност.

Кариера

Ќе дојде до мала преодна проверка , што ќе ви одземе време , а се друго е под контрола.

Здравје и совет

Работите ви одат се подобро и подобро.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Можно е излегување во поголемо друштво. Оние кои се уште сами , нека не зборуваат премногу , туку да ги остават другите тоа да го прават.

Кариера

Се што денеска ќе работите од зас ќе бара поголем праг на толеранција и поголема способност за соработка.

Здравје и совет

Мали нервози и грижи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Среќата во личниот живот ќе ја барате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. На моменти ќе бидете сами , а на моменти среде толпа.

Кариера

Оние кои истражувале , денеска ќе дојдат до големо откритие. Тоа ќе биде вистински златен рудник.

Здравје и совет

Добро влијание на алтернативните терапии.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Оние кои се уште сами денеска ги имаат сите шанси за да воспостават близок контакт со личност со која работат или која ја познаваат преку работата.

Кариера

Ќе ви биде пријатно и убаво на работното место и покрај тоа што ќе ви биде напорно.

Здравје и совет

Денеска ќе ви биде полесно.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Пред вас е исклучително добар ден во кој ќе може да си ги остварите љубовните сништа. Затоа отворете се и уживајте.

Кариера

што и да работите , денеска ќе ви биде уживање. работите ќе се одвиваат подобро и полесно отколку што сте се надевале.

Здравје и совет

Полни сте со позитивна енергија што ја ширите околу себе.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Чувствителноста на саканата личност дфенеска ќе ви создава дополнителни фрустрации. Обидете се да бидете трпеливи и нежни.

Кариера

Многумина ќе се насмеат на можноста за некаква соработка , зашто ќе им изгледа дека не е реална.Сепак , размислете.

Здравје и совет

Побарајте хумористични содржини.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Веројатно ќе бидете обземени од сентименталност , со која тешко ќе излезете на крај. Малку има во љубовта што денеска би можело да ве задоволи.

Кариера

Вашето знаење и стручноста се неприкосновени , па ќе ви се чини дека не ви обрнуваатдоволно внимание и дека заслужувате повеќе.

Здравје и совет

Настинка и главоболка .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со старите познаници или старите навики.

Кариера

Една пријатна порака ќе ви го осветли денот и малку ќе ве оддалечи од секојдневнието. Сепак , набргу ќе мора да се вратите на работата.

Здравје и совет

Чувствителност на синусите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некој би можел да ви понуди љубовна размена или соработка што ветува. Се ќе изгледа премногу деловно.

Кариера

ќе договарате работи без проблеми , а другите ќе ви помагаат. Во сите работи до израз ќе дојде вашиот шарм.

Здравје и совет

Соработувајте со другите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска во нив настојувате да внесете повеќе фантазија и флексибилност.

Кариера

Ќе успеете да ги вклучите новите соработници во работата , но финансиите ќе ви задаваат грижи.Повторно мислите дека може повеќе и подобро.

Здравје и совет

Не може ништо да ве одмине.

притисни ентер