„Соседи" документарен филм за подигнување на свеста за правата на лицата со психо-социјални нарушувања

Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации преку заедничкиот проект организира премиерна проекција на документарниот филм „Соседи".

Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации преку заедничкиот проект „Градење на локален модел за деинституционализација на лица со попречености" организира премиерна проекција на документарниот филм „Соседи".

-Во ситуација кога многу држави ја ратификувaa Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, целта на настанот е подигнување на свеста за правата на лицата со психо – социјални нарушувања и интелектуална попреченост да живеат во заедница, но се уште се соочуваат со маргинализација и социјална исклученост, велат организаторите.

„Соседи" ја раскажува приказната на лицата со психо – социјални нарушувања и интелектуална попреченост од Осиек (Република Хрватска), кои после декади поминати во изолација, ја напуштаат институцијата за згрижување и почнуваат независен живот. Филмот се прикажува во рамките на регионалната програма „DOX FOR CHANGE".

На настанот ќе присуствува режисерот и авторот на документарниот филм – Томислав Жаја, преставници на Министерстото за труд и социјална политика, невладини организации, социјални установи и лица со попреченост вклучени во процесот на деинстуционализација./МИА

Локализиран пожарот од страна на Пинтија

Целосно е локализиран пожарот од страна на Пинтија, останува дел над населбата Усје. 

Противпожарни екипи се на терен и се работи на негово комплетно гаснење, информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Пожарот избувна денеска околу 11:30 часот во шумата над скопската населба Пинтија. Зафатена беше поголема површина мешана шума.

Територијалната противпожарна единица на Град Скопје во гаснењето на пожарот доби помош и од воздух, активирани беа и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување. Авионите направија два прелети  и фрлија вода кон Сопиште, каде се ширеше пожарот. Пожарникарите уверуваат дека нема опасност за ширење на пожарот кон Сопиште.

Во гаснењето на пожарот во Пинтија се вклучи и градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски со претставници од Општината и месното население.

Во моментов активен е само пожарот кај Обиколница Бутел, а изгаснати се пожарите во Долно Блаце и Мојанци./МИА

Во сообраќајна несреќа настрадале мајка и ќерка од Пирот

Наместо да стигнат на одмор во Грција тие настрадале во сообраќајна несреќа.

Во сообраќајната несреќа која се случила во петок изутрина во Бугарија, на магистралниот пат кон Грција се случила сообраќајна несреќа во која настрадале мајка и ќерка, додека таткото кој го управувал возилото со тешки повреди е пренесен во болница.

Како што соопштуваат бугарските медиуми, несреќата се случила откако возилото „Фиат Панда“ со пиротски регистарски таблички од непознати причини нагло свртело на другата страна од коловозната лента и направило директен судир со автобус кој се обраќал на релација Благоевград- Сапарева бања.

Семејството од Пирот на кое му се случи оваа несреќа било тргнато на годишен одмор во Грција.

Тројца мртви во инцидент меѓу навивачи во Хондурас

Тројца се убиени во инцидент меѓу навивачи пред фудбалскиот меч помеѓу Мотахуе и Олимпија на Националниот стадион во Хондурас, пишуваат локалните медиуми.

Тие пренесуваат дека навивачи на Олипија го нападнале автобусот во кој се возеле навивачи од противничкиот тим. Се слушало пукање а полицијата користела солзавец за да го сопре инцидентот. Повредени се уште тројца луѓе од скршено стакло.

притисни ентер