Рама се закани: Илир Мета ја напиша својата судбина како претседател

Откако Илир Мета ги одложи локалните избори во Албаниоја поради политичката криза, албанскиот премиер Еди Рама денеска предупреди дека претседателот на Албанија,  го изгубил правото да остане во својата канцеларија.

Според Рама, одлуката за откажување на изборите кои беа закажани за 30 јуни не е последното чудо на Илир Мета, нагласувајќи дека такви ситуации ќе има се повеќе.

,,На опозицијата вчера како спасител и се појави претседателот на Републиката, предупредувајќи дека планот е политичко самоубиство, законски е ништовен, не постои и е морално срамен. И немојте да бидете изненадени ако ви кажам дека од фронтот на спасувачот на опозицијата, се уште не сте виделе ништо. Тоа не е последната лудост, ќе има повеќе. Едно е сигурно, дали Сали сака или дали Љулзим сака или не, изборите ќе се одржат на 30 јуни. Уставот на Републиката не е филџан што се превртува. Изборите не се дното на турското кафе кое се превртува со се филџанот. Вчера Илир Мета ја напиша својата судбина како претседател, кој го изгуби правото да остане во таа канцеларија” – предупреди Рама.

притисни ентер