Над 200 полски навивачи се казнето со по 150 евра казна

Судот за прекршоци на 223 полски навивачи , кои завчера вечерта учествуваа во масовна тепачка во близина на арената ,,Тодор Проески” , им одреди казна од по 150 евра.

Полските навивачи кои во петокот се степаа меѓу себе се казнети со по 150 евра од судија за прекршоци. Од судот велат дека дел од 223 полски навивачи кои беа приведени пред натпреварот Македонија- Полска поминале и со опомени, а како олеснителна околност било земено тоа дека до сега не биле осудувани.

„Повеќе навивачи се казнети со по 150 евра. Пасошите им беа одземени додека не ја платат казната, а потоа им беа вратени. Станува збор за странски државјани неосудувани во земјава и тоа беше земено како олеснителна околност. За вакво дело не се добива забрана за влез во земјава“, велат од судот.

Навивачите со автобуси вчера беа однесени во пред судија за прекршоци, а откако ја добиваа одлуката, еден по еден го напуштаа судот. Тие беа приведени по инцидентот во паркот на франкофонијата каде две поголеми групи на полски навивачи се степаа меѓу себе, по што 223 лица со автобуси беа однесени во четири полициски станици. Од МВР во таа прилика соопштија дека со приведувањето на навивачите бил спречен поголем инцидент. Полските “ултраси” важат за една од најагресивните навивачки групи во Европа, кои доста често знаат да предизвикаат инциденти на фудбалски натпревари.

Предлог компромис за Македонија и Албанија-пристапни преговори во април или мај 2020

Франција, Германија, и Холандија се обидувале да напишат предлог компромис според кој донесувањето на одлуката за пристапни преговори за Македонија и Алабанија се одложува за април или мај 2020 година.

Франција, Германија, и Холандија се обидувале да напишат предлог компромис според кој донесувањето на одлуката за пристапни преговори за Македонија и Алабанија се одложува за април или мај 2020 година, брифираат за Канал 5 дипломати од ЕУ.

 Во продолжение се наведува дека идејата била Франција во меѓувреме да изработи предлог за реформирање на процесот за проширување до јануари, велат дипломатски извори од Брисел. Како што е познато, Париз се спротистави на почетокот на пристапните преговори се додека процесот не биде реформиран. Засега нема договор за вметнување на конкретен датум во предлог компромисот.

За овој предлог компромис  ќе дискутираат германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон,холандскиот премиер Марк Руте и финската премиерка Мете Фредериксен,брифира друг дипломат од ЕУ.

Претседателот на Европскиот совет , Доналд Туск се обидувал да ги натера да се согласат,вели друг дипломат и додава дека новоизбраниот претседател на Европскиот Совет , Шарл Мишел нема голема желба за процесот на проширување на ЕУ.

Македонските преговори и вечерва на маса пред европските лидери

Со лоши сигнали од Брисел и без никакво поместување на тврдиот став на Макрон, мина првиот ден од самитот на лидерите на Европската Унија, кои утре и формално се очекува да се изјаснат за македонските преговори со Унијата.

Проширувањето не се спомена ниту на вечерашната пресконференција на првите луѓе на Унијата, Јункер и Туск, кои се осврнаа само на постигнатиот договор со Лондон околу Брегзит.

Дали има простор за позитивна вест, Александар Видиновски од Брисел.

Руте: Албанија не е можно да ги почне преговорите, а за Македонија се уште има малку простор

Холандскиот премиер Марк Руте пред денешниот состанок на лидерите на земјите – членки на ЕУ рече дека е за Македонија ,за разлика од Албанија , има малку простор за почеток на преговорите.

,,Нашата позиција за Албанија е јасно не. Ситуацијата со Македонија е многу подобра отколку кај Албанија. Таа има многу повеќе сработено, но има уште за работа. Мислам дека за Албанија не е можно да ги почне преговори, а за Македонија се уште има малку простор” , рече премиерот на Холандија , марк Руте пред почетокот на денешниот самит во Брисел.

притисни ентер