Бекот на Рапторс доби седум копчиња на лицето и остана без заб (ВИДЕО)

По повеќе од сто натпревари во сезоната речиси сите кошаркари вио НБА се помалку или повеќе повредени.

На овој попис се придружи и Фред ВанВлит , на натпреварот каде Торонто славеше за водство од 3:1 над Голден Стејт , со резултат од овој натпревар 105:92. Тој важи за силен бек во тимот на Репторси , со задача да го контролира Стивен Кари.

Но , ВанВлит настрада кога Кари воопшто не беше во игра. Во контакт со неговиот чувар Шон Ливингстон , тој со цела сила го погоди со лактот во лицето и тоа пред крај на натпреварот.

По овој удар ВанВлит остана на паркетот со лицето во крв. Подоцна докторите му ставија седум копчиња , а дополнително ќе треба да си го смени и целосно искорнатиот заб.

Шпанските фудбалерки планираат генерален штрајк

Фудбалерките во Шапнија планираат да стапат во штрајк поради непостигнатиот договор со клубовите за работни часови и минимална заработувачка.

Состанокот се одржал доцна вчеравечер во присуство на 200 фудбалерки, од кои 90 проценти се согласија да излезат на штрајк.

Штрајкот се очекува да започне во ноември, откако ќе бидат исполнети законските услови.

Клупските и фудбалските здруженија преговараат за колективен договор уште од минатата година.

Тие не се согласуваат за голем број прашања, вклучувајќи ја и одлуката на клубовите да го ограничи бројот на работените часови на 20 во текот на неделата. Фудбалерките сакаат најмалку 30 часовно гарантирано работно време.

Двејн Веид почна нова кариера – колега ќе му биде Шекил О’Нил

Со завршувањето на минатата НБА сезона , Двејн Веид ја заврши професионалната кариера по 16 години.

Кариерата ја заврши како 29-ти стрелец на сите времиња со 23.165 поени и три титули првак со Мајами Хит - една со Шекил О’Нил во 2006 година и две со Леброн Џејмс во 2012 и 2013 година.

На денот на започнувањето на новата НБА сезона беше објавено со што ќе се занимава во иднина  37-годишниот Вејд, а неговиот колега Шак повторно ќе биде со него.

Вејд потпиша договор со ВорнерМедиа и ќе ја покрива НБА за телевизијата ТНТ, како и Фајнл Фор на НЦАА лига за СБС Спорт и ќе работи како креативен директор на специјалните проекти на „Блечер“.

За почеток, тој се приклучи на добро познатата постава на „Inside NBA “, во која работат Шекил О’Нил, Чарлс Баркли, Кени Смит и презентерката Ерни Џонсон. Во текот на сезоната, тој ќе биде еден од учесниците во шоуто во вторник заедно со Шак и еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Кендис Паркер.

Гвардиола на прес конференција носеше часовник од 1,5 милиони евра

Манчестер Сити вчера ја победи Аталанта со 5: 1 во натпреварот од третото коло на Лигата на шампиони , а ден пред натпреварот прес конференција одржа тренерот на Сити , Пеп Гвардиола.

Шпанецот со одбрани зборови говореше за италијанскиот клуб, но некои новинари го забележаа рачниот часовник што го носеше Гвардиола .

Станува збор за часовникот на Ричард Мил, истиот оној што го спонзорира Рафаел Надал. Тоа е модел наречен RM27-01 од Рафа Надал, кој беше дизајниран исклучиво за еден од најголемите тенисери на сите времиња.

Тое е најлесниот механички часовник произведен досега, тежи само 18,83 грама, вклучувајќи го ременчето, а произведени се само 50 примероци од него.

Часовникот на почетокот се продаваше за 750 илјади евра, а денес чини околу милион и пол.

притисни ентер