Научниците со предупредување: Производството на батерии за електрични автомобили ќе доведе до еколошка катастрофа

Според врвните британски научници , доколку се исполни планот за замена на класичните со електрични возила , само за потребите на електричните батерии во Британија , би се исцрпиле светските резерви ан минерали , што би довело до екoлошка катастрофа. 

Група научници писмено се обратиле до британската комисија за климатски промени , која е независна законска институција со предупредување на големите импликации за светските приросдни ресурси , бидејќи Британија сака што побрзо префрлување на електрични автомобили.

Според сегашниот план , до 2050 во Британија треба да има 31,5 милиони електрични автомобили. Според ова сценарио , научниците утврдиле дека само за ови потреби на Британија ќе има двојно поголема побарувачка на кобалт од сегашната глобална потрошувачка.

Доколку се користат сегашните батерии за електричмни автомобили (80 проценти никел, 10 кобалт и 10 манган) , само Британија би го потрошила глобалното производство на неодимиум, три четвртини на литиумот и половина од светското производство на бакар.

Во дописот потпишан од осуммина водечки научници , вклучително и професорот Ричард Харингтон , раководител на британскиот Природно научен музеј во Лондон, за производство само на батериите за возилата што би возеле во Британија , би се потрошиле 207 900 тони кобалт, 264 600 тони литиумов карбонат , најмалку 7 200 тони неодимиум и 2 362 500 тони бакар.

Ваквите енормиони потреби , кога би се подмиориле само за британскиот пазар , би довеле до исцрпување на светските ресурси на овие елементи , што би значело нова еколошка катастрофа.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во централните вести во 18 часот денеска ќе го емитуваме профилот на Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение дел од профилот.

притисни ентер