Прво бразилската манекенка Нажил Тринидад го осомничи за силување, потоа го повреди скочниот зглоб, а сега на социјалните мрежи се појави видео од неговата хотелска соба.
Во најновото видео кое се појави во јавноста , може да се види како Нејмар добива ќотек од манекенката Нажил во хотелската соба. Прво Нејмар и Нажил во кревет тивко зборуваат на португалски за во еден момент манекенката да почне физички да го напаѓа фудбалерот.
Нажир го удира Нејмар во еден момент се обидува да го гаѓа со предмет, на што Нејмар кој лежи се брани со нозе.
-Не, не, не, не,не ме удирај, не , вика Нејмар, на што Нажил вели:
„Не? Сакаш да ме удриш, така ? Сакаш да ме удриш? Го прашува со викање Тринидад. Која потоа го погодува Нејмар со чаша.
-Ќе те удрам, ти знаеш зошто. Поради тоа што вчера ме удри и остави сама, вреска убавата Бразилка, а Нејмар се брани со дигнати нозе.
Според јавноста ова видео може да му биде од голема корист на Нејмар бидејќи покажува кој е „жртва“ во љубовната врска Нејмар – Нажил.