Од денеска од Скопје до Штип за половина час, пуштен новиот автопат

Новиот автопат Миладиновци – Штип, прв во источниот дел на државата, денеска е пуштен во употреба

. Инвестицијата во автопатската делница, долга 47 километри, изнесува над 200 милиони евра. Со новото автопатско решение времето за патување од Скопје до Штип се намалува за половина час.

Од Министерството за транспорт и врски апелираат до корисниците да се почитува поставената хоризонтална и вертикална сигнализација.

Автопатот е широк 27,4 метри, има четири ленти од 3,75 метри и две ленти за застанување од 2,5 метри. Проектираната брзина е 130 километри на час. По должината на автопатот има седум клучки. Делницата почнува после клучката Миладиновци, која има девет нови крака, долга е 1,5 километри и се спојува со коридорите 8 и 10. Последната клучка на автопатот е „Три чешми", каде ќе има спојување со новиот експресен пат во изградба Штип-Кочани.

Долж автопатот е поставена челична одбојна ограда, мрежа за заштита од животни, оптички кабел, звучни бариери, службени премини.

Изградбата на автопатот ја почна претходната Влада, во февруари 2014 година и според проектот и плановите тој требаше да биде готов до март 2017 година. По промената на власта надлежните институции соопштија дека има бројни пропусти во изградбата и незавршени активности, по што беа склучени два анекса на Договорот за изградба со изведувачот кинески „Синохидро".

Во изградбата на патот покрај „Синохидро" беа ангажирани и домашните градежни компании „Бетон" и „Гранит", односно над 800 работници од државава. Со Договорот се наложуваше кинескиот изведувач да ангажира подизведувачи и да набавува градежни материјали од државава во вредност од најмалку 49 отсто од вкупната цена на договорите, а бројот на македонски работници да биде најмалку 51 отсто од вкупниот број.

На терен во тек е изградба на автопатот Кичево-Охрид, во должина од 57 километри, што, исто така го гради „Синохидро". Според најавите, наскоро треба да се објави тендер за изградба на автопатот Скопје-Блаце, во должина од 13 километри. Финансиската конструкција изнесува 110 милиони евра, од кои 27 милиони евра грант од ЕБОР од каде се обезбедени и 20 милиони евра за првата делница од автопатот Гостивар-Кичево, на потегот Букојчани-Кичево.

(НОВО) ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска –Давкова 44,63%, Пендаровски 19,13 % од гласовите

Според аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, на 20,53% од обработените гласови Гордана Силјановска- Давкова има освоено 44,63 проценти од гласовите или 66 482 гласа.

Стево Пендаровски освоил 19.13% од гласовите или 28 490, Бујар Османи 13 ,04% или 19420 , Арбен Таравари 8,53 од гласовите или 12707 , Максим Димитриевски 7,27% или 10831 глас, Билјана Ванковска 4,14 или 6165 гласа , Стевчо Јакимовски 0,79 проценти или 1174 гласа.

СДСМ: Изборите минаа во фер и демократска атмосфера

На прес конференцијата по завршувањето на гласањето за првиот круг на претседателските избори портпаролката Богданка Кузевска констатира дека изборите биле фер и демократски. 

Драма на перон: Сакала да влезе во воз во движење, но се сопнала (ВИДЕО)

Немил настан се случил на 17 април во аргентинскиот град Морено, а чудо е што е избегната трагедија.

На социјалните мрежи е објавено видео од неименувана девојка која се обидува да се качи на воз во движење, но работите тргнаа наопаку.

На видеото го гледаме како се обидува да фати воз, очајно сакајќи да влезе внатре, но се сопнува и паѓа меѓу композицијата и перонот.

Еден од патниците и обезбедувањето веднаш дотрчале кај несреќната жена која останала да лежи покрај пругите. На почетокот не е јасно дали преживеала.

Кога сфатиле дека сè уште дише, повикале помош и била пренесена во болницата „Де Ла Вега“, јавува Лакале Блу радио.

Лекарите ѝ ги санирале повредите, па била згрижена.

притисни ентер