Вардарци со порака : Македонијо , доаѓаме!

Илјадници граѓани се собраа на скопскиот аеродром за да ги пречекаат херите , ракометарите на Вардар , новите Европски шампиони.

Вардарци полетаа со чартерот од аеродромот во Келн ,а ќе пристигнат на аеродромот околу 8.30 часот. На скопскиот аеродром од поладнево се собраа илјадници навивачи на Вардар и на нашите златни ракометари , кои по втор пат го добиваат најзначајниот европски трофеј.

По пристигнувањето во Скопје , ракометарите ќе заминат на плоштадот во центарот на градот , каде ќе им биде приреден величествен пречек.

притисни ентер