ПИЦА МАКЕДОНИЈА

Рецепт на Ивица Огненоски.

Потребни состојки: околу 500 гр.брашно, 1 чаша минерална вода, ½  коцка свеж квасец, 50 мл. масло, малку шеќер, малку сол, 200 гр. кашкавал, 50-100 гр. шампињони, 1 пиперка,1 домат, малку тиквичка, неколку тенки парчиња сланина, половина главица кромид, неколку чешни лук, неколку маслинки и зачин по вкус.

Постапка:

Во подлабок сад се става млака минерална вода во која се растопува квасецот.

Се додава: шеќер, сол и масло и состојките добро се мешаат со рака.

Потоа постепено се додава брашно и се замесува тесто.

Откако тестото  добро ќе се измеси се остава да отстои 30 минути.

Од тестото се формира круг и се става во тепсија.

Ренданиот  кашкавал се распределува на целата површина.

Сечканиот домат  се распределува на целата површина.

Одозгора се ставаат сечкани шампињони, сечкана пиперка и сечкана тиквичка.

Потоа се става сечкан кромид и сечкани маслинки

Одозгора се ставаат тенко сечени парчиња сланина.

Пицата се пече околу 10-15  минути во загреана рерна.

Откако ќе се испече веднаш се додаваат неколку чешни сечкан лук и се зачинува со оригано.

На крај пицата се премачкува со масло.  

притисни ентер