Второ финале за Вардар во лигата на шампионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар испишува нова страница во својата богата историја. Вечерва од 18 часот во Ланксес арената во Келн против унгарскиот гигант Веспрем ќе го одигра свото второ финале во Лигата на шампионите.

По херојскиот триумф  вчера против фаворизираната Барселона  од 29-27 вечерва  вардарци ќе бидат пред ново големо искушение. Нашите херои  и покрај големите проблеми во текот на сезоната со финансиите и многуте промени во тимот  многупати досега покажаа дека  се најсилни кога е најпотребно во вакви одлучувачки мечеви.

Македонската ракометна фаланга посакува реприза на 2017 кога Вардар  ја донесе најголемата радост во нашиот спорт стигна до титулата во елитната Лига на шампионите. Тогаш  во финалето беше совладан богатиот и силен ПСЖ, сега на патот кон посакуваниот трофеј стои одличниот Веспрем.  

Без разлика  со кој состав   вечерва Парондо ќе го игра големото финале,   неизвесен е настапот на маестралниот хрватски бек Игор Карачиќ кој вчера во полуфиналето на раце беше изнесен од теренот во финишот на средбата поради повреда на листот на ногата, едно е сигурно  како што вели капитенот Столе Стоилов ние сме Вардар  не се плашиме од никого, другите нека се плашат од нас.

Во Ленксес арената во Келн  вардарци ќе бидат бодрени  од околу 1000 Македонци,  навивачите во Македонија заедно на плоштадот во Скопје на голем видео бим ќе може да го гледаат големото финале и да  навиваат за своите спортски идоли.

Нејмар си заминува од ПСЖ , сака во Барселона

Се погласни се шпекулациите дека бразилскиот фудбалер Нејмар ќе го напушти францускиот ПСЖ .

Пред две години Нејмар ја напушти Шпанија и премина во парискиот клуб за највисокиот трансфер во историјата вреден 222 милиони евра. За овие две години имаше големи проблеми со повредите, па сепак ПСЖ ја освои националната титула , иако не беше ни блиску до трофејот на Лигата на шампионите.

Нејмар на претседателот на ПСЖ му рекол дека  сака да се врати дома , од каде не требало ни да замине , алудирајќи на Барселона.

На тоа се надоврза и неговиот пријател , фудбалерот на Барселона, Габриел Медина , кој на Инстаграм објави фотографија на која се Нејмар и Меси со коментар ,,Не можам да дочекам.”

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Saudade do que a gente já viveu!

A post shared by Futebol (@instaplaysss) on

Гвардиола тргна во трка со Јунајтед – нуди 95 милиони евра за напаѓач

Долго се очекуваше Манчестер Сити да се вклучи во летниот преоден рок , а според италијанските медиуми , Пеп Гвардиола и раководството на тимот оваа недела почнуваат со наддавањето.

Сити се поврзува со трансферот на Родри од Атлетико Мадрид и уште неколку фудбалери. Но , најголема желба на англискиот првак е Калиоду Кулибали од Наполи , за кого Сити понуди 95 милиони евра.

Сенегалецот е на листата за трансфер и на манчестер Јунајтед , па ова лето се очекува голема битка меѓу лутите конкуренти. Сопственикот на Наполи , Аурелио Де Лаурентис, неколку пати повтори дека би го продал својот најдобар играч само доколклу добие астрономска понуда.

Не наведе колку , но италијанските медиуми шпекулираат дека цената нема да биде пониска од 100 милиони евра.

И Наполи се подготвува за трансфери , така што смета на фудбалерот на Рома, Костас Манолас , кој има клаузула од 35 милиони евра.

Неверојатен резултат на кошаркарски натпревар: САД-Салвадор 114:19

На женското кадетско првенство во кошарка можеа да се видат нереални сцени од натпреварот меѓу младите Американки и Салвадорки.

На сеамериканското У-16 првенство кошаркарките на САДФ ги победија врсничките од Салвадор со неверојатен резултат од 114:19.

Кадетките на САД победија со 95 коша разлика со 33 офанзивни скока повеќе поради разликата во височина. Највисоката кошаркарка на Салвадор е Силвија Вега (184см) , а највисоката Американка е Лорен Бетс со 210 см.

Просечната височина на американските кошаркарки била 186см, дури за 14 сантиметри повеќе од Салвадорките . Натпреварот се одигра во чилеанскиот град Авсен.

притисни ентер