Веспрем прв финалист во Келн

Унгарскиот првак Веспрем  на нашиот Дејам Манасков е првиот патник во големото финале на завршниот турнир во Келн.

 Во премиерата на Фајнл фор турнирот во Германија , ракометарите на Веспрем во супер интересно полуфинале славеа победа над полскиот шампион Кјелце со 33 – 30 и обезбедија виза за утрешното големо финале и борба за најпосакуваниот ракометен трофеј во Европа.

По израмнетото прво полувреме кое заврши со 13 – 13 во втрите 30 минути ракометарите на Веспрем со многу подобра игра во нападот го срушија големиот ривал и отпатуваа  на завршниот меч во келн.  

Погба , жртва на расистички напади по промашен пенал (ВИДЕО)

Играчите на Манчестер Јунајтед жестоко реагираа за да го одбранат нивниот соиграч Пол Погба , кој доживеа вистински расистички напад од навивачите.

Вчеравечер Манчестер Јунајтед ремизираше со Волфси (1:1) , а трагичар на средбата беше Пол Погба , кој не погоди пенал во 68. минута. Поради пропуштената победа на Французот , навивачите на Јунајтед му се нафрлија на Погба нарекувајќи го ,,црнчиште” и со други тешки навреди.

Веднаш се огласи и клубот со службено соопштение во кое се наведува дека имнаат нулта толеранција за каков било облик на расизам и дека ќе преземат мерки против оние кои ги навредуваат нивните играчи.

Се огласија и фудбалерите на Манчестер Јунајтед во жестока одбрана на Погба. Тие ги нарекоа ,,патетични тролови” сите оние кои на социјалните мрежи упатиле навредлива порака до нивниот соиграч.

,,Ако нападнавте еден , не нападнавте сите нас. Ние сме големно семејство. “ , се наведува во соопштението на играчите на Јунајтед.

Титули во сингл и дубл за нашата млада тенисерка Јана Стојанова на турнир во Германија

Македонската  тенисерка  14 годишната Јана Стојанова го освои првото место во сингл и дубл на турнирот во Германија  од рангот на „Tennis Europe 14 & Under“  категорија 1 .

Во  големото финале 14 – годишната Јана успеа да ја совлада најдобро рангираната тенисерка во Европа до 14 год. Алиса Барановска од Украина со  2-0 по сетови  6:4;6:0.

Младата Јана Стојанова е голема надеж на македонскиот тенис, таа  уште од најмала возраст забележува одлични резултати на меѓународната сцена, а во Македонија е шампионка во категоријата до 14  и 16 години.

На меѓународните турнири Стојанова која е членка на тенискиот клуб Југ  досега има освоено повеќе  турнири.

Во јуни 2019 година Јана Стојанова беше рангирана на  8-мото место на листата на Tennis Europe до 14 години.

И покрај големиот ангажман на тениските терени, Јана Стојанова  е одлична ученичка во ОУ. Кочо Рацин во Скопје.

Кошаркарската Европа со поддршка за тешко болниот тренер

Еден од најдобрите кошаркарски тренери , Американецот Дејвид Блат го шокираше светот со изјавата дека боледува од мултиплекс склероза.

Блат е тренер на грчки Олимпијакос , а тој на социјалните мрежи објави тажна сторија како ја поднесува тешката болест. Веднаш по објавата , на Блат почнаа да му стигнуваат пораки со поддршка речиси од сите европски кошаркарски клубови.

Анадолу Ефес, Олимпија Милано, Дарушафака, ЦСКА, Валенсија, Барселона, Басконија, Фенербахче и многу други му порачаа на тренерот Блат да остане силен во неговата борба со болеста .

притисни ентер