Почна со работа роботот за собирање малини (ВИДЕО)

Почна со пробна работа роботот за берење малини и слично овошје .

Роботот полека прво ја мери малината , ја собира и ја мести во кошница. Целиот процес трае околу една минута. Овој робот , пуштен во пробмна работа во Британија чини 739 000 евра , што е многу , но доколку се развие оваа технологија , би можела да стане иднина на собирањето плодови.

Секој робот ќе може да собере по 25 000 малини дневно , што е 10 000 малини повеќе отколку што ќе собере работник за 8 часа. Овој робот го водат сензори и 3Д камери , висок е 1,8 метри и работи во стакленикот на Хал Хантер , кој е главен снабдувач со малини за Британија.

Конечната верзија на овој робот ќе почне да се произведува следната година и ќе има четири ,,раце” што наеднаш ќе собираат малини.

притисни ентер