Апликациите ги следат корисниците повеќе отколку што се мисли

Приватноста на корисниците на апликации е сериозно нарушена, пишува Вашингтон Пост. 

Според Вашингтон Пост кој ја истражувал приватноста на корисниците со апликации со помош на компанијата за приватност Disconnect, било утврдено дека мобилните апликации праќаат големо количество податоци назад во компаниите за следење.

Авторот на ивештајот Џефри Фаулер вели дека компаниите , кои немаат никаква поврзаност со него , ги знаат неговите податоци , како името и боројот на телефонот , како и меил адресата.

,,Десетина маркентишки компании , истражувачки фирми и други на кои им требаат лични податоци добија известувања од мојот Ајфон. Компанијата Амплитјуд го дознала бројот на мојот телефон , меил адресата и точната локација и тоа во 23.43. Во 3.58 утрото друга компанија наречена Епбој добила дигитален отпечаток од мојот телефон , а во 6.25 компанијата за следење Демдекс успеала да го идемнтификува мојот телефон и да испрати список на други слични компании со кои се поврзал.”

Тоа се случило кога авторот го активирал системот на Disconnect за да види кои компании и како го следат преку избраните апликации.  Но , сите апликации имаат многу малку транспарентност и не се знае каде завршуваат податоците што се симнуваат од телефоните и кога тоа се прави.

притисни ентер