Видео: Торонто подобар од шампионот Голден Стејт на стартот на големото НБА финале

 Торонто репторс не е само Кавај Ленард, Паскал Сијакам ги сруши воините.

Кошаркарите на Торонто поведоа со 1-0 во големото финале на НБА лигата. Репторси на домашен терен го победија актуелниот шампион Голден Стејт со 118-109.

Најзаслужен за големиот триумф на Торорнот на стартот на НБА финалето е Паскал Сијакам со 32 поени, 8 скока и 5  асистенции. Крилниот центар од Камерун го одигра мечот на кариерата и го повлече тимот на Торонто кон победата. Свој ден  утрово немаше првата ѕвезда на Репторси Кавај Ленард кој постигна 23 поени но со очаен шут од 5 погодени од 14 обиди. Стандардно добар беше искусниот центар Марк Гасол со 20 кошеви.

Кај Голден Стејт кој и ан овој меч настапи без повредениот Кевин Дурент, најрасположни за игра беа Стеф Кари со м34 поени и Клеј Томсон со 21 кош.

Вториот меч од големото НБА финале на програмата е ноќта меѓу недела и понеделник.

притисни ентер