Најдобриот играч на Челзи би требало наскоро за потпише за Реал. ,,Што се однесува до мене , јас веќе решив и чекам двата клуба да се договорат.” вели Хазар. За да дојде белгискиот напаѓач во мадридскиот клуб, Реал ќе го собори рекордот.
Британските медиуми откриваат дека Реал ќе плати 130 милиони евра , за 30 милиони повеќе од историскиот трансфер на Гарет Бејл. Челзи би добил прво 113 милиони , а потоа уште 17 милиони евбра преку бонуси .
Шпанските медиуми наведуваат дека трансферот може да се случи секој момент , само е прашање дали Хазар кон средината на јуни ќе биде претставен во Мадрид.
Со овој трансфер , Челзи ќе добие дури 95 милиони евра повеќе отколку што пред седум години му плати на Лил за да го донесе Хазар.
Во Реал тој неделно би заработувал по 450 000 евра.