ОЕЦД објави список на земји со најдобри услови за работа за емигрантите

Австралија, Шведска , Швајцарија, Нов Зеланд и Канада се добри опции за висококвалификувани работници , кои сакаат да емигрираат , се наведува во најновиот извештај на ОЕЦД.

Според извештајот на Организацијата за економска соработка и развој , овие земји нудат добри услови на пазарот за труд за висококвалификувани работници.

Истата група земји со Норвешка , но без Австралија воедно е најпривлечна за претприемачи , се наведува во извештајот направен во соработка со германската фондација Бартелсман.

ОЕЦД анализирал низа фактори во сите 36 земји членки , вклучителнио на услови , даноци , приходи , долгорочни изгледи , околина за семејството и квалитетот на животот.

За оние кои барата терциерно образование , најдобри се Швајцарија, Норвешка , Германија Финска и САД.

Израел , Јапонија и Турција , би можеле да ги подобрат условите за вработените за да се најдат на првите места , се наведува во извештајот.

Грција , Мексико и Турција немаат доволно странски инвестиции поради неповолните услови за работа, сметаат од ОЕЦД.

ВМРО-ДПМНЕ: Додека владее тешка криза за граѓаните, службеници на Владата се луксузираат

Додека владее тешка криза за граѓаните, службеници на Владата се луксузираат под прикритие како новинари.

Вработени во службата за општи и заеднички работи при Владата, како новинари, на државен трошок престојувале во Софија, Бугарија три дена од 24 до 26 јануари. Кај ги прикривале како новинари, па и скапо го плаќале нивниот престој. За шест лица вработени во Владата, според написите на медиумите биле обезбедени шест хотелски соби со полн пансион, за три дена, иако посетата била дводневна, плус дополнителен превоз со возила од Владата.

Ете ова е луксузот на Власта во време на криза. Додека ги убедуваат просветните работници дека нема доволно пари за законското покачување кое им следи, додека нема исплатени субвенции во образованието, додека нема ефективни мерки за зауздување на инфлацијата, оваа власт продолжува со трошењето народни пари за хотелски услуги, патувања и слично.

Да потсетиме дека стотици милиони евра од буџетот се наменети за непродуктивни трошења, луксузи и задоволства на власта. Во време на криза потрошија 2,5 милиони евра за службени возила, а дополнителни 2 милиони евра само на мебел, кафиња и режни цвеќиња.

Народот го плаќа скапо луксузот на власта. Ова мора да престане. Оваа власт е извор на скандали и кризи и мора да си замине.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

На 26 мај во МОБ оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини

Операта „Турандот“ од Џакомо Пучини ќе биде изведена на 26 мај 2022 година со почеток 20.00 часот.

Спектакуларната продукција на епската кинеска бајка на еден од најславните и најбарани оперски режисери на денешницата, Џанкарло дел Монако ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет, во рамките на 50. jубилејно издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“.

Диригент е гостинот од Италија, Даниеле Аџиман, познат на меѓународно ниво, диригирал со повеќе од 90 различни оркестри во Кореја, Јапонија, Аргентина, Јужна Африка, Франција, Германија, Австрија, Романија, Грузија, Русија и многу други. Режијата, сценографијата и костимографијата се на Џанкарло дел Монако, додека под кореографијата се потпишува Саша Евтимова, концерт мајстор: Јане Бакевски, хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.

Во насловната улога ќе настапи Ханиинг Цо-Петанај од Тајван. Таа е првиот кинески сопран, добитник на националната стипендија за соло пејачи од „Театро ала Скала“ и таму има солистички ангажман како првата кинеска Принцеза -Турандот во истоимената опера на фестивалот „Пучини“ во Торе дел Лаго. Добитничка е на многубројни престижни награди. Во улогата на Калаф ќе настапи гостинот од Бугарија, Иван Момиров. Критичарите го признаваат неговиот талент заради длабокото проникнување во улогите што ги толкува, полниот тон и јасната дикција. Во досегашната кариера остварил над 30 главни ролји и соработувал со светски реномирани диригенти. Во улогата на Лиу ќе настапи нашиот сопран Злата Тошевска, во улогата на Тимур, првенецот Игор Дурловски. Во улогите на Пинг, Панг, Понг: Драган Ампов, Јане Дунимаглоски, Дејан Стоев. Мандарин: Диме Петров, Алтоум: Мирослав Антовски. Хорот, оркестарот и балетскиот ансмбл на Националната опера и балет.

„Турандот“ е опера во три чина од Џакомо Пучини. Напишана е по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони, а базирана на адаптацијата на Фридрих Шилер на драмата „Турандот“ од Карло Гоци. Пучини умира недовршувајќи ја операта, која што подоцна е завршена од Франко Алфано. Одликувајќи се со „невообичаен“ музички материјал, во кој предничи иновативната употреба на хорот и оркестарот, стилот на Пучини во ова оперско дело е особено препознатлив во широките, експресивни мелодии. „Турандот“ изобилува со моменти на восхитувачка мелодиска убавина, која особено доаѓа до израз во незаборавната тенорска арија, една од најубавите во оперската литература, „Никој не спие“(Nessun dorma).

Кина најави рекордна жетва на житото

 Кина најави голема жетва на житото, за да ги подобри сопствените потреби за храна, среде растот на глобалните цени на храната поради војната во Украина, пишуваат странски медиуми.

Околу 80 отсто од житото во југозападна Кина е собрано. Почна жетвата на жито во средниот и долниот тек на реката Јангце, соопшти кинеското Министерство за земјоделство и рурални работи.

И покрај предизвиците од Ковид-19 и одложеното садење пченица на повеќе места, успешната жетва на летното жито ќе биде постигната, благодарение на ефикасните политика и поддршка, изјави заменик шефот на Одделението за растително производство при Министерството за земјоделство и рурални работи.

Централната влада годинава издвои над 900 милиони долари за летното производство житарки, како и посебни средства за зголемување и поддршка на производство на зелено жито.

Кина во 2021 година увезе 164.54 милиони тони житарки, што е еквивалентно на 24 отсто од вкупното производство на жито, според податоците од царината. Годинава кинеските власти имаат за цел, вкупното производство на житарки да биде 650 милиони тони.

притисни ентер