Арсенал и Челзи за трофејот во „Лига Европа“

Вечерва ќе биде познат носителот на првиот трофеј во еврокуповите за сезоната 2018-2019. На големото финале во Баку англиските премиерлигаши Арсенал и Челзи ќе одлучуваат за новиот освојувач на трофејот во Лига Европа.

„Англиски денови во европските купови“ почнуваат вечерва во Баку, каде Арсенал и Челзи ќе играат во финалето од Лига Европа.

Челзи и арсенал досега одиграле 197 меѓусебни средби, но во Европа играле само еднаш, во четвртфиналето на Лигата на шампионите во 2004 година, а подобри беа „сините“.

И двата тренера имаат грижи околу составите.. Маурисио Сари не може да смета на Лофтус-Чик и Рудигер, а не е сигурен ниту настапот на Канте.

Во таборот на Арсенал пак ќе ги нема Ремзи, Суарез, Белерин и Холдинг, а Михтаријан нема да патува бидејќи како Ерменец азербејџанските власти од „безбедносни причини“ не му издадоа влезна виза.

Интересно е што натпреварот се игра во 23 часот по локално време, па со евентуални продолженија и изведување пенали натпреварот би можел да трае до 3 часот утрото.

Иако вар технологијата досега не беше користена во Лига Европа, таа ќе се применува во финалето.

Финалето во Баку ќе го суди Италијанецот Џанлука Роки, додека во вар собата ќе надлгедува неговиот сонародник Масимилијано Ирати.

По денешното, англиско финале ќе гледаме и во сабота во Лигата на шампионите, кога во Мадрид за најценетиот трофеј ќе играат Ливерпул и Тотенхем..

Од масовни гробници во болницата Насер за три дена ексхумирани над 200 тела

Портпаролот на Цивилната заштита на Појасот Газа Махмуд Басал изјави дека во последните три дена биле ексхумирани над 200 тела на луѓе убиени и закопани од израелските сили во масовни гробници во болницата Насер во Газа.

- Нашите тимови продолжуваат да пронаоѓаат тела во медицинскиот комплекс Насер и од саботата се ексхумирани телата на околу 200 маченици, рече Басал.

Некои светски агенции нагласуваат дека не можеле да добијат коментар од израелската војска во врска со ова тврдење.

Мохамед ал-Мугаџер, шеф на цивилната одбрана на Појасот Газа, за некои агенции изјавил дека во гробниците на болницата Насер биле откриени вкупно 283 тела.

- Досега најдовме закопани тела на 283 луѓе кои ладнокрвно биле убиени од израелската окупаторска армија, изјави Исмаил ал Тавабтех, шеф на одделот за комуникации на владата на Хамас, која е на власт во Газа.

Болниците во Појасот Газа беа директна цел на воената операција што ја спроведува израелската армија на палестинска територија по смртоносниот терористички напад што припадниците на Хамас го извршија од Газа на 7 октомври во Израел. /МИА

“Вјасна“: Стотина поли­­­­тички затвореници во Белорусија се во многу лоша здравствена состојба

Белорусија започна брутална репресија врз опозицијата по масовните протести низ целата земја во втората половина на 2020 година.

Стотина политички затвореници во Белорусија, приведени во текот на жестоката конфронтација меѓу властите и опозицијата во изминатите години, имаат многу сериозни здравствени проблеми и можеби се на работ на смртта, соопшти „Вјасна“, белоруската организација за човекови права.

„Вјасна“, чиј основач е нобеловецот Алес Бијалијацки, кој, исто така, се наоѓа зад решетки, идентификуваше 93 затвореници чија здравствена состојба е особено загрижувачка, поради проблеми со рак, срце, болести и други состојби - запоставени или лошо третирани во затворски услови.

-Во заробеништво секоја болест напредува побрзо, во комбинација со недостаток на квалитетна здравствена заштита, изјави претставникот на „Вјасна“, Павел Сапелка и додаде: „На ова влијаат затворските услови: недостаток на свеж воздух, неухранетост, постојан психолошки притисок и стрес“.

Белорусија започна брутална репресија врз опозицијата по масовните протести низ целата земја во втората половина на 2020 година, кога беше оспорена шестата последователна изборна победа на авторитарниот претседател Александар Лукашенко.

Активистите за човекови права веруваат дека околу 35.000 луѓе биле приведени за време на задушувањето на тие демонстрации, од кои многумина биле претепани од полицијата.

Сите значајни опозиционери се или во затвор или во егзил.

„Вјасна“ проценува дека зад решетки во Белорусија има повеќе од 1.400 политички затвореници. /МИА

Најдобрите американски колеџи се борат со протести против војната во Газа

Протестите против војната во Газа се проширија од Колумбија и Јеил на други американски универзитети додека властите се обидуваат да го разбијат растечкото протестно движење, пренесува Би-Би-Си.

Полицијата синоќа го прекина протестот на Универзитетот во Њујорк и изврши голем број апсења.

Десетици студенти беа уапсени на Јеил претходно истиот ден, додека Колумбија ги откажа часовите со физичко присуство.

Слични „кампувања“ се појавија во Беркли, МИТ и други колеџи низ земјата.

Демонстрации и жестоки дебати за војната меѓу Израел и Газа и слободата на говор ги потресоа американските кампуси по терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври на кој Израел одговори со инвазија врз Појасот Газа. /МИА

Во САД, студентите од двете страни велат дека има пораст и на антисемитски и на исламофобични инциденти.

На прашањето за протестите во кампусите, американскиот претседател Џо Бајден вчера рече дека ги осудува „антисемитските протести“, како и „оние кои не сфаќаат што се случува со Палестинците“.

Протестното движење на кампусите го привлече вниманието на глобално ниво минатата недела откако полицијата во Њујорк беше повикана во кампусот на Универзитетот Колумбија и уапси десетици демонстранти.

Колумбија вчера објави соопштение во кое објави дека сите часови ќе се одржуваат онлајн, при што претседателот на Колумбија Минуш Шафик ги наведе како причина инцидентите со „застрашувачко и вознемирувачко однесување“.

Доктор Шафик рече дека тензиите во кампусот биле „искористени и засилени од поединци кои не се поврзани со Колумбија кои дошле во кампусот за да ги следат своите агенди“.

На Универзитетот во Њујорк, демонстрантите поставија шатори спроти школата за бизнис Стерн.

Како што беше случајот со некои други универзитети, демонстрантите на NYU го повикаа училиштето да ги открие и да ги отфрли своите „финансии и донации од производители на оружје и компании со интерес за израелската окупација“.

Полицијата синоќа почна да апси демонстранти Универзитетот во Њујорк.

Неколку часа претходно, речиси 50 демонстранти беа уапсени на Универзитетот Јеил во Њу Хевен, Конектикат, каде што на демонстрациите учествуваа неколку стотици луѓе во текот на викендот.

Универзитетот соопшти дека приведените игнорирале „повеќе барања“ да заминат.

притисни ентер