РКЕ првпат ќе ја одреди цената на горивата по новата методологија

Во новата методологија РКЕ ја зголеми малопродажната маржа од сегашните 3,2 на 4,6 денари по литар иако трговците бараа таа да изнесува од 6,2 до 6,5 денари за литар. 

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) веќе ја усвои новата методологија за пресметка на цените на нафтата и нафтените деривати и почнувајќи од денеска секој понеделник според неа ќе ги одредува максималните малопродажни цени на горивата во земјава.

Во новата методологија РКЕ ја зголеми малопродажната маржа од сегашните 3,2 на 4,6 денари по литар иако трговците бараа таа да изнесува од 6,2 до 6,5 денари за литар. Покрај тоа, трошокот за транспорт во државата е пресметан на 0,75 денари за литар.

И со новата методологија, курсот на доларот во однос на денарот и движењето на цената на суровата нафта и на нафтените деривати на светските берзи остануваат главни критериуми од кои зависи малопродажната цена на горивата на бензинските пумпи низ земјава.

Со донесувањето на новата методологија престанува времената либерализација на пазарот на горивата во земјава што траеше две недели поради не потпишувањето на измените на Законот за енергетика од поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов кои беа неопходни за да се донесе подзаконскиот акт за одредување на новата методологија.

Потребата од новата методологија за пресметка на малопродажните цени на горивата настана откако на 8 мај годинава престана да важи Анексот „Д" од Договорот за купопродажба на ОКТА според чии одредби беше изработена методологијата по која во изминатите 20-тина години РКЕ ја пресметуваше малопродажната цена на нафтата и нафтените деривати.

Исчезнат е дедо Мирослав

Исчезнат е Мирослав Видовски.

Го нема седум дена. Дедото има 73 години и живее во Центар, на улицата „11-ти октомври“, од каде му се губи трагата.

Неговото семејство се јави во Канал 5 порачувајќи доколку некој има било какви информации да се јави на бројот 077-626-145 и да ја информира госпоѓа Милка.

Повредена 18-годишна девојка откако во неа удрил возач на голф

 Осумнаесетгодишна девојка од Тетово е тешко повредена во сообраќајна несреќа на булеварот „Видео Смилевски-Бато", вчера околу 18:30 часот, откако во неа удрило патничко моторно возило „фолкваген голф" со тетовски регистарски ознаки.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи,  во Т.А (18) удрил 47-годишниот Ш. Х. од Вејце кој управувал со „голфот".

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 18-годишната девојка, која потоа била пренесена во болницата во Тетово, соопшти денеска МВР.

Увид на местото на сообраќајката извршила екипа од СВР Тетово.

УЈП ќе постави информативни пултови за мерката за поврат на ДДВ

 Управата за јавни приходи (УЈП) денеска попладне ќе постави пулт „Мој ДДВ" во Веро 2 Тафталиџе во Скопје, каде граѓаните ќе можат да се информираат за мерката поврат на 15 проценти од пресметаниот ДДВ.

Вакви промоции на Мој ДДВ во наредниот период ќе се случуваат во повеќе градови низ државата, најави УЈП. 

притисни ентер