Земјотрес во Мостар -Се тресеа врати и прозорци

Земјотрес со јачина од 3,2 степени по Рихтер попладнево во 17.25 часа го стресе Мостар.

Земјотресот е почуствуван во Херцеговина и во дел од Далмација. Во епицентасрот земјотресот бил со јачина од 3,2 степени по Рихтер . Длабочината на потресот бил на пет километри.

Освен мала материјална штета и вознемиреност кај жителите , земјотресот не предизвикал други проблеми.

Николовски: Протестите на лозарите беа манипулација во организација на ВМРО-ДПМНЕ

Одговорно, домаќински, како што доликува на една државничка партија каква што е СДСМ, ги решаваме проблемите на граѓаните и се грижиме за нив.

Денешната прес конференција е наменета за секоторот земјоделство, заради тоа што во изминатите неколку дена се случија низа на неколку политички манипулации од страна на поединци од некои политички партии коишто сакаа да ги злоупотребат целосно фармерите и земјоделците.

Водејќи се од тоа бев доскорешен министер сметам дека целокупната јавност треба да биде запознаена со реализацијата на изборната програма на што, и сум лично горд, но и сум горд како дел од раководството на СДСМ, што најголем дел од изборната програма ветена пред граѓаните веќе во овој секор е целосно реализирана.

Одговорно, домаќински, како што доликува на една државничка партија каква што е СДСМ, ги решаваме проблемите на граѓаните и се грижиме за нив.

Земјоделството е еден од носечките столбови на економијата. Затоа бевме и се уште сме фокусирани на конкретни мерки кои значат грижа за земјоделците, рентабилно производство и поголеми приходи.

Јас сум особено горд на тоа, не лично заради мене, туку заради социјалдемократската опција зад која стојам и заради земјоделците коишто заслужуваат вистинска грижа.

Потврда за тоа се изминатите 2 години во кои Владата предводена од СДСМ се посвети на унапредување на земјоделството и вистинска грижа за земјоделците.

За прв пат после 11 години, имаме редовна, континуирана и неселективна исплата на субвенциите, без правење на било какви партиски списоци за што бевме сведоци. Дополнително, исплатени се и заостанатите, долгови кон земјоделците. Така, од 1-ви јуни 2017 година па до сега се исплатени долговите од 2013, 2014 и 2015 година кои минатата власт не ги сервисирала навремено и ги пренаменувала кон непродуктивни трошоци.

Наместо проблемите да ги ставаме „под тепих" како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ, решивме да се соочиме со нив и да ги решаваме во интерес на земјоделците. Решивме долгогодишен проблем што ги тиштеше лозарите од Тиквешијата. Се исплатија 77 милиони денари на 2.048 лозари по основ на долгот што винарските визби го имаа кон лозарите во периодот од 2014 до 2016 година.

Над 1 милион евра на 6.240 лозари, за дополнителната субвенција од 1 денар за килограм предадено грозје во регистрираните винарски визби. Со оваа се заокружи целосната исплата на субвенции за лозарството за мерките од 2018 година. Без доцнење, без селекција, без тактизирање ги исполнуваме сите наши обврски спрема земјоделците.

Решавајќи ги напластените проблеми од минатотото, со силна посветеност и макимално вложен труд истовремено работевме и на развојните елементи во земјоделството и руралниот развој.

Ја зголемивме финансиската поддршка за промоција на македонските производи, вклучително и македонските вина, што веднаш резултираше со пораст на извозот на македонското вино за 9%.

Со лозарите како наши партнери разговаравме за измени во законот за вино. Денес, во собраниска процедура имаме измени кои ја олеснуваат процедурата за регистрација на малите винарии и индивидуалните производители. Со овие измени очекуваме зголемено производство, многу разновидна понуда на вински артикли и развој на винскиот туризам кој има реален потенцијал.

Лозарите кои имаат развоен потенцијал веќе добиваат поголеми субвенции за 20% за одржување на нивните лозови насади. Ако ја вкакулираме и поефтината нафта која земјоделците ја добија со зелените картички, евидентно е дека успеавме во намалување на трошоците за производството, што само посебе носи поголем профит при продажбата на грозјето.

Просечните откупни цени на најодгледуваните сорти смедеревка и вранец во 2018 се поголеми за 11% од истите во 2016-та година, а воедно цената во 2018 е и најголема откупна цена во последните 7 години. Токму затоа е нервозата во ВМРО-ДПМНЕ и токму затоа се овие политички манипулации со самите земјоделци.

Зголемена финансиска поддршка, поевтина нафта и пристојна цена е успешен сублимат на нашите политики, заложби и реформи кои не застануваат тука, туку напротив, денес се движиме во правилна насока, со Влада и институции чиј главен приоритет во агро-секторот бил и ќе остане единствено интересот на секој земјоделец, а не на политичките партии и поединци, без разлика на нивните разлики.

Дури и кога временските непогоди и штетите беа предизвик за земјоделците, нашите институции беа на ниво на задачата, успевма за краток временски период штетите од 2017 година заглавени низ законските лавиринти оставени и креирани од претходната влада, ги затвориме и да ги исплатиме. Во следниот период очекуваме целосно да ги затвориме исплатите на сите штети и од претходните години оставени како долг на претходната влада.

Совршено функционира реформскиот систем на субвенционирање на тутунот. Тутунарите добија поголеми субвенции ,односно за прва класа тутун се добива 80 денари по килограм, за втора 70 , а за 3-та 60. Тутунарите бараа и добија поттик да произведуваат висококвалитетен тутун, што имапе сериозен импакт врз откупната цена. Изминатите две години се постигна највисока откупна цена на тутунот, реколтата 2017-та тутунот се откупуваше по  217,6 денари за килограм, а 2018 цената беше 214,5 денари за килограм. Она за што се залагавме беше поголема цена и поголем профит за огледувачите на оваа многу важна традицонална култура.  Тутунарите знаат дека она што го ветивме, ефективно го имплементиравме.

За земјоделците е најважно да имаат економично производство. Затоа, ја реализиравме и мерката „зелена нафта", клучното ветување во нашата програма. Преку оваа мерка, 55.000 земјоделци што имаат полјоделски и градинарски култури, овошни и лозови насади, имаат можност да набавуваат за 30 отсто поевтина нафта за земјоделска механизација.  На овој начин 200 милиони денари, или околу 3 милиони евра враќаме назад кај земјоделците.

Во насока на порентабилно производство, со мерките од ИПАРД 2 програмата им овозможивме на земјоделците да ја обноват дотраената механизација, и за првиот јавне повик се склчија 665 договори за набавка на трактори во вредност од над 5,4 милиони евра.

Интересот на земјоделците е наш врвен приоритет и затоа секој наш чекор, секоја наша мерка, е во насока на придобивка за земјоделците и нивната заштита. Со измени на Закон за перосонален данок, се подигна прагот од 300.000 денари на 1 милион денари. Денес, земјоделците со основна дејност земјоделство, со приход до 1 милион денари имаат право на поврат на данокот, со што се враќаат назад пари кај земјоделците.

Активно вложуваме во обезбедување услови за младите земјоделци, со цел оваа стопанска гранка да стане поатрактивна за младите луѓе. 424 млади фармери добија грант од 10.000 евра. Со овие пари се набавени нови трактори, приклучна механзација, модерни системи за наводнување, опрема за пчеларство, ладилници и друга опрема. Со цел поголема искористеност на мерката и поинтензивно вклучување на младите во земјоделството, оваа година поддршката е зголемена од 10 на 20.000 евра.

Како политичка структура која е силен поборник на родовата еднаквост, се посветивме на креирање на мерка за подршка на жените кои живеат и работат во руралните средини. Од оваа година, за прв пат од кога е активна програмата за рурален развој, жените кои се занимаваат со земјоделство и преработка на земјоделски производи ќе може да аплицираа и да добијат неповратен грант од 3000 евра.

Затекнавме ситуација во која сточарството беше запоставено, а сточниот фонд се намалуваше. Во консултација со сточарите и преработувачите на млеко, обезбедивме услови и средства за набавка на добиток со високо-расен генетски капацитет со што директно вбризгуваме нови 150 милиони денари во оваа важна гранка.

Наместо закани, уцени, притисоци и селективен пристап, што беше одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, денеска градиме партнерски однос со земјоделците следејќи ги нивните барања и реализирајќи ги нивните потреби. Секогаш кога е потребно навреме носиме мерки, со единствена цел –земјоделците да не трпат загуби. Во овие две изминати години за интервентни мерки за домати, јаболка, праски, лубеница, сливи, грозје, ориз обезбедивме околу 5 милиони. Оваа година со новиот ребалнс на Буџетот обезбедивме пари за исплата на дополнителните субвенции за оризова арпа, пченица, грозје, домати, црвена пиперка, млеко.

За земјоделецот е најважно да има сигурен пласман на своите производи. Затоа изминатите две години се фокусирваме на создавање на услови за изгрдаба на откупно-диструбутивни центри. Со помош на Светска банка и Факултетот за земјоделски науки и храна,од следната година започнуваат инвестициите за изградба на откупни центри во веќе утврдените локации Струмица, Ресен и Скопје.

Владата предводена од СДСМ за прв пат објави инвестициски оглас за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп, што преставува дополнителен придонес за сигурен пласман и производи со повисока додадена вредност. Се потпишаа 16 договори, а во следните пет години ќе се вложат близу11 милиони евра во изградба на винарници ,кланички капацитети, оранжерии, примарно земјоделство.

Во овие две години е постигнат значаен напредок во искористеноста на мерките од ИПАРД 2 Програмата. На првиот повик  од ИПАРД 2, (2014 – 2020) кој се објави во 2017 година се склучија 947 договори, со кои се побарауваат 22 милиони евра.

На 540 апликанти веќе им се исплатени над 7,3 милиони евра за инвестициите кои ги реализирале.

Со забрзани процедури и транспарентно работење, денес имаме нови винарии, кланици, млекари, преработувачки капацитети, оранжерии и најмодерна механизација, а со тоа и поконкуретно земјоделство и стотици нови работни места.

Заинтересираноста за мерките од ИПАРД Програмата постојано расте, земјоделците ги препознаваат придобивките што ги нудат ЕУ и европските фондови. Доказ за тоа е искористеноста на мерките од ИПАРД програмата која во последните две години изнесува над 30% , што е многу повеќе споредбено со периодот до 2016-та година кога искористеноста беше само минорни 17%.

Во насока на поголема искористеност на европските фондови, преку два јавни повици им овозможивме на сопствениците на оранжерии да си го купат државното земјоделско земјиште на коешто е изграден објетктот, нешто што со години го бараа агробизнисмените за да можат да влезат во нови капитални инвестиции и да ги користат мерките од ИПАРД. Со двата јавни повици 9 фирми се стекнаа со имотен лист за земјиштетото за вкупно 186 хектари .

Инвестираме во капитални објекти со трајна употреба за земјоделците. Завршена е реконструкцијата на браните Пишица, Мавровица, Слатино и Дрен, а во моментот се градат браните Конско, Равен Речица и Речани. Дополнително, во моментот се активни градежните активности на втората фаза од системот за наводнување на Јужната долина на реката Вардар, во вредност од 24.3 милиони евра.

За подобрување на животот во руралните средини, финансиравме над 200 проекти во сите општини во Република Северна Македонија! За нови локални патишта, водоводи и канализации, затворени пазари и уредување на излетнички места. Градиме подобра рурална инфраструктура и отвораме широка врата за развој на руралниот туризам и раст на економијата во руралните средини.

Дополнително, за подобрување на пристпот до обработливите земјоделски површини, потпишавме договори со 24 општини во вредност од 24,2 милиони денари, коишто веќе ги реализираат капитални инвестиции за подобрување на патната инфраструктура до нивите. Минатиот месец заврши и новиот јавен повик за оваа намена за којшто проекти поднесоа сите 8 Центри за развој на плански региони.

Почитувани, наместо на барок, споменици, жални врби и лажни палми на кои ВМРО-ДПМНЕ потроши стотици милиони евра, ние како одговорна партија, парите ги насочуваме назад кај граѓаните, кај земјоделците.

СДСМ останува посветена на креирање и спроведување на аграрни политики и обезбедување на домашни и европски средства кои ќе го унапредат македонскиот аграр и ќе го зацврстат земјоделството како силна економска гранка.

За нас зборот важи!

Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ

На ИФФК „Браќа Манаки" доделена награда за најдобар документарен филм

ИФФК „Браќа Манаки" информира дека првпат годинава е доделена награда за најдобар ангажиран документарен филм, како и награда која ја доделува Општина Битола, за најдобар филм според публиката од програмата Мак поинт.

За најдобар документарен филм наградена се режисерката и кинематограферка Ваад ал-Катеаб и кинематограферот Едвард Вотс во филмот „За Сама", додека во програмата Макпоинт, која ги прикажува најновите остварувања на македонските автори, публиката гласаше по секокја проекција и според нејзините гласови, победи филмот „Скопје 2020" на режисерот Радован Петровиќ и кинематограферот Андреј Лембанов.

ИФФК „Браќа Манаки" завршува вечер со доделување на главните фестивалски награди, златна, сребрена и бронзена „Камера 300" за трите најдобри кинематографери. 

Во Париз уапсени најмалку 30 демонстранти

Најмалку 30 демонстранти се приведени во Париз за време на денешните протести на „Жолтите елеци“, демонстрации на кои полицијата употребила солзавец.

Француската полиција употребила солзавец против демонстрантите на железничката станица „ Сан Лазар“. Првите апсења се случиле на плоштадот „Медлин“ наведе „Спутниик“.

Протестите на „Жолтите елеци“ низ градовите низ Франција започнаа лани во ноември по одлуката за зголемување на данокот за горива. Иако француската влада подоцна ги отфрли плановите за зголемување на данокот, протестите продолжија, секој викенд граѓаните го изразуваа своето незадоволство од политиките на Владата.

притисни ентер