Тројца новозаболени од морбили во Штип

Тројца новозаболени пациенти од мали сипаници се хоспитализирани на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип. 

Портпаролот на болницата, Марина Шуманска изјави дека вчера се примени двајца пациенти, а денеска до 11 часот еден пациент, со што во болницата сега се лекуваат вкупно 13 пациенти заразени од мали сипаници.

– Нивната здравствена состојба е стабилна, а на одделение се задржуваат само пациенти со потешка клиничка слика, вели Шуманска.

Изминатата недела поради ширење на зараза во штипска конфекција каде што заболеа десеттеминa, на лице место беа имунизирани 37 работници. Шуманска забележува дека новите три случаи не се поврзани со работниците од конфекцијата. Епидемилозите алрамираат дека постои ризик за ширење на заразата, бидејќи работниците имале контакт и со други работници, но и со своите семејства.

Здравствените работници апелираат децата кои не се вакцинирани да не се носат во игротеки, градинки, затворени простории. Штипскиот Центар за јавно здравје утре очекува да добие препораки за полесно спречување на заразата, а се очекува да се изврши дополнителна дезинфекција во училиштата и градинките во градот. 

Фото: Сенида ги покажа облините во костим за капење

Лето е, сите се разголуваат па и Сенида постави фотографии во костим за капење на својот „Инстаграм“ профил.

Таа преферира едноставни костими за капење и не е толку нападна во покажувањето на нејзиното тело.  

Видео: Куче скокна во река за да го спаси своето другарче

Кога ќе се земе во предвид дека водата не е длабока и дека чамецот е блиску до брегот, ова видео и не е толку драматично.

Но кога ќе го видете уплашеното мало кученце како цимоли, сигурно ќе ви падне жал за него. Такво чувство имаше и големото куче и затоа направи ваков храбар потег.

„RIMAC“ на турнеја низ америка

„RIMAC“ и неговите електрични болиди, веќе некое време се низ Америка, каде учествуваат  на бројни автомобилски случувања.

Љубителите на автомобили низ Америка ќе можат да ги видат и да се восхитуваат на новите модели од компанијата „RIMAC“.

притисни ентер