Бесен Американец на Миконос: За шест порции лигњи и пиво платил 839 евра

Војникот од Бруклин , Американецот Циско Рок на социјалните мрежи се пожали на лошото искуство и цените на грчкиот остров Миконос.

Тој бил на одмор на Миконос со пријателите , па решиле да одат на ручек . Нарачале шест порции лигњи , шест пива и салата. За скомниот ручек требало да плати над 839 евра . Една порција лигњи чинела околу 100 евра , а само за пивата платил 150 евра. За три салати платил 60 евра , а еден сок од домати го чинел Американецот 18 евра.

Кога дошла сметката Циско и пријателите останале шокирани. Се обидувале да им објаснат на персоналот од ресторанот DK Oyster дека сметката е неверојатно висока.

Циско го раскажа своето искуство и рече декакога влегле во рестортанот на Миконос, не им дале ценовник , иако побарале.

,,Избегнувајте го ова место, тоа е стапица за туристи!На плажа да се плати 836 евра за лигњи , шест пива и три салати е тешка измама, а персоналот е нељубезен и одбива да ви го даде ценовникот.” , напиша Американецот и на Трип Адвајзор за ресторанот на плажа на југот на островот , кој на овој сајт за туристи има четири ѕвездички.

На тоа се надоврза и британски турист , кој за прошек и џин платил 38 евра, а не му дале ценовник кога нарачувал.

Од ресторанот на Миконос му одговорија на Американецот дека неоправдано ги критикува со закана дека против поединци , кои шират лоши гласини за ресторанот ќе поведат правни акции.

На крај ги повикаа сите да дојдат и да проверат и самите зошто цените се такви , какови што се наведени и на ценовникот на влезот.

,, Ве молиме да дојдете и да пресудите. Не дозволувајте на луѓето да ве измамуваат со бројки , што кажуваат мал дел од приказната.” , изјавија од управата на ресторанот на Миконос за американските медиуми.

Руското летало со хуманоиден робот не успеа да слета на Меѓународната вселенска станица (ВИДЕО)

Руското летало ,,Сојуз” со хуманоиден робот не успеа да слета на Меѓународната вселенска станица .

Роботот Федор требаше да помине две недели за да се приклучи кон екипажот и да ги тестира своите способности. Сојуз требаше да слета на ИСС во 7.30 часот , но не успеа поради проблеми во системот за автоматско слетување, соопштува руската агенција Интерфакс , повикувајќи се на телевизијата на НАСА.

Леталото во моментов е оддалечено 96 метри од станицата , а новиот обид за слетување се планира за понеделник наутро.

Роботот федор е со големина на човек , висок 180 см. и тежок 160 кг. и може да имитира човечки движења.

Опел го претстави првиот електричен автомобил за рели трки (ВИДЕО)

Опел ја претстави рели верзијата на новиот електричен хечбек Корса-е и така стана прва компанија во историјата што понуди електричен автомобил за рели трки.

Корса е-Рели ќе биде достапна преку Опел Мороспорт , а ќе ги задржи батериите и моторот на стандардната електрична Корса , кој испорачува сила од 134 КС и има 260Нм момент на обрт.

Моделот има каросерија прилагодена на рели спецификациите , а автомобилот е повисок и поширок од обичната електрична Корса.

Корса е- рели ќе се натпреварува на ADAC Opel e-Rally Cup, каде ќе се натпреваруваат 15 млади натпреварувачи.

Премиерата е закажана за септември на Саемот за автомобили во Франкфурт. Цената ќе изнесува помалку од 50 000 евра.

НАСА истражува прв случај на вселенски криминал

НАСА истражува прв случај на злосторство во вселената.

Американската астронаутка Ан МекКлеин наводно додека престојувала на Меѓународната вселенска станица ја хакирала банкарската сметка на својата поранешна партнерка, Самер Ворден.

Самер се пожалила на властите , а НАСА ја вратила МекКлеин назад на Земјата. Астронаутката за американските медиуми раскажува дека само сакала да ја провери сметката за да види дали има доволно пари за домаќинството и за грижа за нивниот син , кого заедно го чувале додека биле во врска.

Мек Клеин признава дека влегла во сметката , но дека немала лоши намери. Мек Клеин и Ворден биле во брак од 2014 , а во 2018 Ворден побарала развод.

Мек Клеин ја завршила престижната воена академија Вест Поинт и била воен пилот во Ирак. Таа како астронаут помина шест месеци на Меѓународната вселенска станица , а беше во конкуренција и да биде првата жена која ќе се прошета низ вселената.

притисни ентер