Иран кон САД : Имаме тајно оружје, ќе им ги уништиме сите бродови

Иранскиот генерал Мортеза Корбани се закани дека поседуваат тајно оружје со кое ќе ги уништат американските носачи на авиони , закотвени во Персискиот залив.

САД вчера најавија дека праќаат 1 500 војници на Блискиот исток , како заштѕита во случај на напад од Иран.

,,Америка...праќа два воени брода во регионот. Ако почнат и најмала глупост , ќе ги пратиме тие бродови на дното на морето заедно со екипажите и авионите , а ќе употребиме два проектила и две тајни оружја.” , се закани генералот за иранските медиуми.

Трамп со праќањето на војска во регионот , го засили американското присуство во регионот , каде веќе има два носачи на авиони , тешки бомбардери и ракети Патриот.

Изгаснат пожарот кај Љубин, нов кај Велеполе кон Кондово и Свиларе

Пожар избувна вечерва спроти скопското село Љубин кај местото Велеполе помеѓу селата Кондово и Свиларе. Со пожарот е зафатена борова шума.

Противпожарната единица на град Скопје, како што изјави командирот Владимир Симоновски, на терен интервенира со три возила и 10 пожарникари, а се планира дополнително да биде испратено уште едно возило.

– Се работи за непристапен терен, правиме се пожарот да биде под контрола и да не се прошири кон куќите во Свиларе и Кондово, изјави Симоновски.

Претходно, пожарникарите интервенираа во Љубин каде доцна вечерва целосно го изгаснаа пожарот што зафати поголема површина сува трева и борова шума на потегот кон село Рашче во Општина Сарај.

Во скопско и вчера имаше пожар, во шумскиот реон над населбата Пинтија со него беше зафатена поголема површина мешана шума./МИА

Кардиналот , осуден за педофилија може да излезе од затвор

Во среда се очекува судска одлука по жалбата на австралискиот кардинал Џорџ Пел , највисок претставник на Католичката црква , осуден и затворен поради педофилија.

На кардиналот Џорџ Пел му беше досудена казна затвор од шест години , но во среда е можно да биде ослободен. Апелацискиот суд во Мелбурн на 21 . август ќе ја донесе одлуката и зависно од неа , Пел би можел веднаш да излезе на слобода , а неговиот случај да биде пратен на повтона постапка, а во случај да биде одбиен , кардиналот да се врати во затвор.

Некогашниот близок советник на папата Франциск беше осуден во март годинава поради сексуално злоставување на двајца тринаесетгодишници , кои во деведесеттите години на минатиот век пееле во црковниот хор. Кардиналот тврди дека е невин.

Во јуни , тројца судии на Апелациониот суд во Мелбурн на дводневно рочиште ја разгледуваа жалбата на кардиналот. На крајот на рочиштето , судиите се повикаа на своето право да ја донесат одлуката подоцна.

По ова рочиште Пел беше вратен назад во затворот , каде во самица го дочека својот 78. роденден. Поранешниот надбискуп на Мелбурн и Сиднеј смета дека првостепената судска одлука е ,,неразумна” и дека се базира на сведочењето на само една од двете жртви.

Втората жртва починала од предозирање во 2014 година и за време на животот никому не кажал за педофилијата.

Судот задутре ќе врши директен пренос од изрекувањето на одлуката на Апелацискиот суд.

ДЗС:Раст од 345 проценти на договорената работа на градежниците во странство

Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во првата половина од годинава изнесува 3.993.844.000 денари.

Тоа е за 345,1  процент повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во периодот јануари-јуни годинава градежната оператива од државава во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 76.725.000  денари, што е за 88,5  проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. Големиот пад на вредноста на извршените градежни работи се должи на завршувањето на градежните активности на објектите во Босна и Херцеговина на крајот од минатата година.

Во првата половина од годинава е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во  Германија, Црна Гора и Бугарија.

притисни ентер