Над 10 000 Југоносталгичари во родното место на Тито (ВИДЕО)

Над 10 000 Југоносталгичари од регионот се собраа денеска , на роденденот на Тито во неговиот роден Кумровец во Хрватска.

Илјадници приврзаници на ликот и делото на Јосип Броз Тито , од Хрватска , но и од другите земји во регионот го искористија убавото време за да се соберат во Кумровец , родното место на поранешниот претседател на поранешна СФРЈ.

Тие го одбележаа ,,Денот на младоста – радоста” , 25. мај облечени во маици со ликот на Тито , со капи и црвени петокраки.

Годинава , за разлика од претходните имаше далеку помалку знамиња на поранешната држава.

Архимандрит Партениј ќе биде хиротонисан за епископ антаниски

 Во храмот „Света Софија" во Охрид денеска, на празникот посветен на апостолите св. Петар и св. Павле, ќе биде хиротонисан новиот епископ на МПЦ-ОА, архимандрит Партениј, игуменот на Бигорскиот манастир.

Од 8:30 часот ќе биде отслужена празнична Божествена литургија, на која Партениј ќе биде хиротонисан за епископ антаниски.

Во свештената Бигорска обител вчера беше извршено наречението за епископ на архимандрит Партениј.

Монашкото братство и присутните верници во Бигорски му посакаа на отец Партениј достојно да го понесе товарот на новата архијерејска служба.

Од Бигорската обител, во пресрет на хиронијата на отец Партениј, соопштија дека имајќи ја предвид актуелната сосотојба со коронавирусот, се преземаат мерки за заштита на присутните. Ги замолуваат сите верници и посетители совесно да се придржуваат до сите пропишани мерки за здравствена заштита, кои, пред сѐ, вклучуваат задолжително носење заштитна маска и запазување на потребното растојание.

Во Охрид ќе биде ангажирана и агенција за обезбедување, која ќе се погрижи за максимално спроведување на редот и одржување на физичката дистанца. Исто така, во тоа ќе помагаат и службениците на СВР Охрид.

Со оглед на тоа дека мерките предвидуваат и ограничен број присутни во храмот, во кој ќе можат да влезат одреден број свештенослужители и гости, за да им се овозможи на сите верници молитвено учество во настанот, ќе бидат обезбедени надворешни видеоекрани, на кои ќе се врши директен пренос од богослужбата. Предвидени се три видеоекрани, едниот на влезот на „Св. Софија", другиот на западниот трем каде што е амфитеатарот и третиот на плоштад, сѐ со цел подобро распоредување на граѓаните, за да се избегне формирањето поголема толпа. Со специјален ангажман на комуналното претпријатие во Охрид, во неделата пред да започне богослужбата ќе се изврши целосно дезинфицирање на храмот.

Поради денешната хиротонија во Охрид, Бигорскиот манастир денеска ќе биде затворен за посетители до 15 часот.

Синодот на МПЦ-ОА на 21 мај годинава едногласно го избра игуменот на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител" архимандрит Партениј за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија со титула антаниски според античкиот град Антанија, кој бил епископско седиште.

Тој истовремено ќе ја задржи и својата должност како игумен на Бигорскиот манастир, каде што ќе биде и неговото постојано седиште.

Светиот архијерејски синод на истата седница го избра и отец Григориј, игуменот на „Свети Јоаким Осоговски",за епископ сарандополски. Тој ќе го наследи митрополитот кумановско-осоговски г. Јосиф, кој беше ослободен од митрополиската должност од здравствени причини.

Наречението за отец Григориј е закажано за 25 јули во манастирот „Јоаким Осоговски", а на 26 ќе се одржи хиротонијата во црквата „Свети Никола" во Куманово, кога ќе биде интронизиран за митрополит кумановско-осоговски.

„Само Интервју” вечерва со Зоран Заев

Вечерва во „Само Интервју“ гостува Зоран Заев.

Дами и господа, определени и неопредеени, денеска е последен ден од изборната кампања, се одлучивте ли кому ќе му дадете подршката на 15-ти Јули, или предизборниот молк ќе ги „крши“ вашите одлуки?

Вечерва гледајте го последното обраќање на нацијата на кандидатот за Премиер и претседател на СДСМ Зоран Заев во Само Интервју.

Им даде ли Заев „беса“ само на Беса или и на Ахмети, дали навистина му се „тресат“ нозете кога се спомнува Албанец премиер?

Заев го одржа ДУИ на политичката сцена или Ахмети го направи Заев премиер, кој случајно, а кој намерно се збуни?

Кој го „пушти“, а кој ќе го „враќа“ Груевски од Будимпешта?

Кој ќе победи, а кој ќе формира Влада, вечерва на телевизиското „Вембли“ погледнете го мега изданието на Само Интервју со Гоце Михајлоски и Зоран Заев, екскузивно на Канал 5 Телевизија.

Дневен хороскоп за 12. јули 2020 година

Дневен хороскоп за недела,12. јули 2020 година.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе прифатите мало малтретирање од саканата личност , на која повторно ќе и кажете колку ви значи. Тоа ќе биде добар вовед во убава љубовна приказна.

Кариера

Ќе знаете како да ги насочите и оние соработници кои не се многу вредни. Со личен пример ќе ги мотивирате на работа.

Здравје и совет

Немате грижи.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Се што ќе се случува денеска ќе ви носи само немир , фрустрации и нови прашања. Обидете се да останете мирни и трпеливи.

Кариера

Пред вас е ден полн со предизвици , во кој ќе мора да разграничите што сакаат шефовите , кои се целите , кој е пријател , а кој непријател.

Здравје и совет

Останете будни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Освен што и натаму не ви цветаат рози во љубовта, денешниот ден би можел да ви донесе и некои семејни нестабилности.

Кариера

Ќе бидете распнати меѓу желбите и можностите . Ваше е да најдете златна средина и да се прилагодите на позитивен начин.

Здравје и совет

Немир и незадоволство.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Можно е дека со саканата личност ќе разговарате за дестинација на која сакате да отпатувате. Сеуште нема да се договорите.

Кариера

Во вашата работа ќе се вклучат нови луѓе , со кои ќе мора да научите да комуницирате. Ќе има мали несогласувања.

Здравје и совет

Некој нема да ви се допадне .

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Усогласувањето на ставовите со саканата личност , веројатно ќе потрае и денеска. Ќе употребите хумор.

Кариера

Вашиот работен ден ќе биде доста шарен. Ќе работите се и сешто и ќе ве има на повеќе места. Динамичен ден.

Здравје и совет

Легнете да спиете на време.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе успеете да спитите пријатно со корисно. Саканата личност ќе ја поврзете со поширок круг луѓе со кои и деловно переговарате.

Кариера

Договорите ќе се одвиваат по системот,,тргни-застани” , но нема да ви претставува тешкотија. Ќе работите со желба и без застој.

Здравје и совет

И натаму сте одлично.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Би можело да има застој во односите , зашто зборовите ќе ви бидат премногу љубезни. Внимавајте да не ве прогласат за слаткоречив.

Кариера

Вашите деловни амбиции се големи , но такви се и можностите. Денеска внимавајте да не паднете во стапицата на самодопадливост.

Здравје и совет

Вежбајте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Оние кои сонуваат , мора да се симнат на земја. Саканата личност во тоа ќе им помогне , а тогаш ќе увидат дека тоа е здраво.

Кариера

Ќе дојде до израз нерационално трошење пари , а вие сето тоа ќе мора да го оправдате и да го решавате.

Здравје и совет

Бидете што е можно поразумни.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Партнерот ќе има свои желби и барања , кои во прв момент ќе ви изгледаат неразумни , но набргу ќес е снајдете.

Кариера

Ќе има преоден несклад со соработниците , зашто некои од нив ќе покажат нестабилност.Но , долгорочно се се одвива одлично.

Здравје и совет

Прошетајте се на воздух.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Веројатно ќе покажете доза на несигурност , што малку ќе ја обесхрабри дугата страна.Потрудете се да верувате во она што го доживувате.

Кариера

веројатен е трошок на кој не сте сметале ниту вие ниту вашите соработници. Ќе надоместувате за да се снајдете во моментот.

Здравје и совет

Штедете го грлото и гласните жици.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Кога ќе ви се пристори дека сте тргнале чекор напред , нешто ве враќа наназад. Така е тоа кога се брзате и работите површно. Бидете поискрени.

Кариера

Не се грижете поради трошоците , туку обидете се да работите напорно и без многу размислувања.Резултатите ќе дојдат подоцна.

Здравје и совет

Ви недостига трпение.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Во сексуалните прашања ќе имате мало двоумење околу стилот.Секој сака да ужива на свој начин.

Кариера

Некој би можел да ви пререче дека на работа трошите на неважни ситници. Ќе ги аргументирате своите издатоци.

Здравје и совет

Редовно опуштајте се.

притисни ентер