Љубоморен Србин ја полил сопругата со бензин и ја запалил

Маж од местото Бол во Бачка , Србија вчеравечер ја полил сопругата со бензин и ја запалил ,па се обидел да се самоубие.

Според неофицијалните информации мотив за злосторството била љубомора.

До трагедијата дошло кога 58 годишниот К.Л. ја полил 47- годишната сопруга С.Л. со бензин и ја запалил , а потоа се обидел да се самоубие. Тој си вбризгал 20 дози инсулин , бидејќи бил дијабетичар , но сепак преживеал.

Доктортите се борат за неговиот живот ,додека кога дошле во куќата сопругата веќе била почината.

Заев: Нема предвремени избори, одиме на реконструкција на Владата

Реконструкција на Владата, а не одлука за предвремени парламентарни избори, продолжување на политиката на евроатлантската интеграција е заклучокот од седницата на Централниот одбор на СДСМ што вечерва се одржува во Охрид..

Избран е и нов извршен одбор на партијата, а потпретседатели ќе се бираат во следниот период.. Премиерот Заев по седницата најави дека до крајот на неделава ќе се знаат промените во Владата, но и на повеќе директори на јавни институции..

Јулијана Николовска е во Охрид..

Во судир на два авиони загинаа двајцата пилоти

Во судир на два мали авиони во воздухот при приоѓањето на регионалниот аеродром на Нов Зеленд загинале двајцата пилоти, соопшти полицијата.

Четворица падобранци кои биле во еден од двата авиона скокнале непосредно пред судирот со другиот авион кој се користел за обука.,

Хеликоптер пак кој се подготвувал за слетување за среќа успеал да го избегне судирот.

Полицијата соопшти дека двата авиона по судирот се урнале во реонот јужно од аеродомот Худ во близина на градот Мастертон.

Мицкоски: СДСМ паѓа, ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот победува

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прославата на 29-тиот роденден на партијата вечерва порача дека ВМРО е чест, идеологија и вредност

Тој истакна дека две работи се сигурни, дека СДСМ паѓа, а ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот победува.. Заев е на колена и во сопствената кал, а ВМРО-ДПМНЕ по изборите кога и да се случат ќе формира влада со која Македонија ќе оди вистински напред., рече Мицкоски во обраќањето во салата на филхармонија.

притисни ентер