Се појавија најскапите лекови на светот – една терапија чини над 2 милиона долари

Швајцарскиот производител Новартис во САД доби одобрение за својата генска терапија за лекување спинална мускулна атрофија .

Еднократниот третман со овој лек чини рекордни 2 125 000 долари. Агенцијата за храна и за лекови на САД вчера го одобри овој лек , наменет за деца со спинална атрофија и се помлади од две години.

Лекот може да го употребуваат и деца , кај кои нема симптоми на оваа болест , но има предиспозиции дека ќе се појави во наредните години. Спиналната мускулна атрофија е главна генетска причина за смрт кај децата.

Болеста често доведува до парализа , тешкотии со дишењето и смрт по само неколку месеци за бебето кое го има најтешкиот тип 1 на оваа болест.

Од спинална мускулна атрофија заболува едно од секои 10 000 новороденчиња , а од тоа 50 до 70 проценти има тип 1.

Високата цена на лекот во Новартис ја правдаат со тоа што еднократен третман со овој лек е поскап од долготраен третман што чини стотици илјади долари.

Терапијата користи вирус за да овозможи копија на генот за спинална мускулна атрофија кај бебињата родени со дефект на тој ген.  

Фото: Сенида ги покажа облините во костим за капење

Лето е, сите се разголуваат па и Сенида постави фотографии во костим за капење на својот „Инстаграм“ профил.

Таа преферира едноставни костими за капење и не е толку нападна во покажувањето на нејзиното тело.  

Видео: Куче скокна во река за да го спаси своето другарче

Кога ќе се земе во предвид дека водата не е длабока и дека чамецот е блиску до брегот, ова видео и не е толку драматично.

Но кога ќе го видете уплашеното мало кученце како цимоли, сигурно ќе ви падне жал за него. Такво чувство имаше и големото куче и затоа направи ваков храбар потег.

„RIMAC“ на турнеја низ америка

„RIMAC“ и неговите електрични болиди, веќе некое време се низ Америка, каде учествуваат  на бројни автомобилски случувања.

Љубителите на автомобили низ Америка ќе можат да ги видат и да се восхитуваат на новите модели од компанијата „RIMAC“.

притисни ентер