Британците ја заборавија Меј и прашуваат за ,,момчето од подиумот” (ВИДЕО)

Славата на премиерката Тереза Меј , која денеска ја најави својата оставка и ја зема момчето кое ги местеше микрофоните.

На социјалните мрежи илјадници Британци прашуваат кое е момчето од подиумот. Пред излегувањетио на Тереза Меј на говорницата пред Даунинг Стрит 10 , се појави момче кое ги местеше микрофоните.

Набргу по изјавата на Меј , на социјалните мрежи почна бура од коментаро за момчето.

Сите сакаат да знаат кој е згодниот помошник на Меј. Некои од Твитер заедницата дури отидоа со шегите до таму и го прогласија за нов британски премиер.

По илјадниците комплименти се дозна дека техничарот се вика Тобијас Гуг од местото Лонгфилд , кој за жал на женската публика , неодамна се оженил.

МЗ: 40% повеќе оздравени лица за една недела

Во периодот 6-12 јули регистриран е рекорден број на оздравени лица - 1017  кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 404 лица или 40% повеќе од претходната недела на известување (29 јуни - 5 јули).

Министерството за здравство информира дека Институтот за јавно здравје денес го објави неделниот извештај за периодот од 6 до 12 јули 2020 година, кој што покажува значително зголемување на бројот на оздравени лица, а намалување на бројот на починати во споредба со претходната недела.

Во периодот 6-12 јули регистриран е рекорден број на оздравени лица - 1017 кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 404 лица или 40% повеќе од претходната недела на известување (29 јуни - 5 јули).

Изминатите три недели бројот на оздравени лица расте за околу 40% на неделно ниво. Ова е важен и позитивен индикатор кој влијае на намалување на бројот на активни случаи.

Во дадениот период направени се вкупно 9995 тестирања (1573 повеќе од периодот 29 јуни – 5 јули) и регистрирани се 1073 позитивни случаи на Ковид-19 што е за 156 случаи повеќе од претходната недела. Споредбено, процентот на позитивни од тестирани случаи е благо намален, 10,7% позитивни од тестирани за периодот 6-12 јули, наспроти 10,9% за претходната недела. Во последните четири недели процентот на позитивни случаи од тестирани на неделно ниво бележи пад.

Новозаболени се регистрирани во 26 града при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (42.3%) и во Тетово (8,9%). Во 16 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Од новозаболените во овој период најголем процент се лица над 60 години 22,8%, поголем број новозаболени се регистрира кај лица помеѓу 30-39 – 20,1%, потоа кај лица од 50-59 години - 19,3% и помеѓу 40–49 години – 18,8%. Најмал број на новозаболени има кај децата и тоа 0-9 години – 3.7%, и од 10-19 години – 3,3 % од вкупниот број на новозаболени.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 114 лица или 11,5 % што претставува намалување за 2% во однос на претходната недела на известување, а кај 270 лица или кај 27,2% регистрирано е присуство на коморбидитети, што е за 2% повеќе од претходната недела.

Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени 42,6% имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 22 лица имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.

Во периодот 6 до 12 јули, регистрирани се 36 смртни случаи, што е 10 помалку смртни случаи од претходниот период. Најголем дел од случаите се лица над 60 години, 69,4%. 35 од случаите се починати во болнички услови, а 1 вон болнички. Кај 29 од смртните случаи (80,6%) регистрирани се претходни коморбидитети. Во последните три недели константно се намалува бројот на смртни исходи на Ковид-19.

На 12 јули 2020 година, според извештаите од болниците КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, Клинички болници Битола и Штип, Општи болници Прилеп, Куманово, Велес, Струмица и Гостивар, хоспитализирани биле 350 лица позитивни на Ковид-19, од кои 118 се на кислородна поддршка, а 4 на механичка вентилација.

Армијата доби донација во заштитна медицинска опрема од Кина вредна 250.000 евра

Донација во заштитна медицинска опрема од Народна Република Кина вредна околу 250.000 евра денеска и беше предадена на Армијата на Република Македонија.

На примопредавњето во касарната во Ѓорче Петров пруствуваа државниот секретар во МО Драган Николиќ и кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо кој истакна дека станува збор за практична активност од соработката меѓу двете армии и двете земји и е искрена поддршка на кинескиот народ за македонскиот во борбата против вирусот.

-Донацијата е од нашата народна армија и е добар симбол да докажеме дека вистинските пријатели се гледаат во несреќа. Кина со искрена надеж сака да соработува со РСМ заедно да се бориме и побзро да го победиме вирусот, рече амбасадорот Ѕуо и нагласи дека оваа донација следи во редот на повеќе реализирани донации од збратимени градови, хуманитарни организации и компании од Кина.

Николиќ изразувајќи благодарност до НР Кина за овој хуманитарен гест, истакна дека донацијата е предвидена за Армијата на РСМ која се наоѓа на првата линија на борба против Ковид 19., и која покажа подготвеност на највисоко ниво во справување со сите предизициви во однос на коронавирусот и во делот на кризната состојба кога започна и во делот на вонредната состојба во поддршка на граѓаните, но и на здравствените власти во поглед на спречување на ширење на коронавирусот.

-Само преку акти на солидарност заеднички споделните искуства, научените лекции можеме сите заеднички и во регионот и глобано да ја победиме оваа пандемија. Во тој контекст ние ги споделуваме искуствата, научените лекции, но и мерките и активностите кои на светско ниво се применуваат така што сме подготвени и за наредниот период за евентуалниот втор бран уште поефикасно да се справиме со коронавирусот и час поскоро да ја победиме оваа пандемија, вели Николиќ.

Донацијата што овојпат пристигна со експресен воз од Кина до Европа, се состои од 62.000 заштитни маски, 4.200 заштитни очила, 3.000 визири, 6.000 заштитни одела и комплети, ракавици, инфузиски пумпи, електрични термометри и два сета термални шлемови. /МИА.

ЈО: Итно и со приоритет се постапува по индиции за извршени кривични дела поврзани со изборите

 Итно и со приоритет се постапува по индиции за извршени кривични дела поврзани со изборите, при што известувањата веднаш се проследуваат до соодветните основни јавни обвинителства, информираат од Јавното обвинителство на Р.Македонија.

– Привремената Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на предвремените парламентарни избори, ја известува јавноста дека во континуитет ги следи случувањата поврзани со изборниот процес, се вели во соопштението од ЈО.

Комисијата, стои во соопштението, даде задолженија до обвинителствата за итно постапување, односно за формирање предмети и преземање на сите дејствија за утврдување на релевантни факти од кои зависи правилната примена на Кривичниот законик.

– Јавното обвинителство преку формираната Комисија ја известува јавноста дека јавните обвинители во континуитет работат на терен. Целосно се посветени на борбата против кривичните дела поврзани со изборниот процес и гласањето, преку придонес кон нивно сузбивање и превенирање. Комисијата продолжува перманентно да го следи процесот на гласање, за што воспоставени се и дополнителни дежурства во јавните обвинителства за деновите кога се врши гласањето, наведуваат од ЈО.

Јавното обвинителство на Република Македонија, исто така, ја повикува јавноста, граѓанските организации, други организации, политички партии, домашни и меѓународни институции, како и сите кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес, да достават поднесок / пријава до Комисијата за следење на изборни нерегуларности на електронската адреса izbori@jorm.mk или до надлежните основни јавни обвинителства.

притисни ентер