Душан Тадиќ : Цела ноќ плачев по поразот на Ајакс од Тотенхем

Српскиот фудбалер Душан Тадиќ одигра фантастична сезона во Ајакс . Постигна 38 голови со 24 асистенции на 56 натпревари.

По долго време годинава Ајакс ја освои и националната титула. Но , тоа не им беше доволно на холандските фудбалери , а особено не на Тадиќ. Српскиот фудбалер за холандските медиуми раскажува дека цела ноќ по поразот од Тотенхем во Лигата на шампионите плачел како мало дете.

,,Знаете , кога сум разочаран, сакам да плачам. Тогаш го исфрлаш тоа чувство од телото. Кога стигнав дома , пуштив тажна српска музика и седнав на каучот. Потоа си легнав во кревет . Мислам дека таа ноќ само еден час не плачев . Кога следното утро ги видов своите деца , тоа ми помогна да се смирам.”

Неговиот тим победи во Лондон со 1:0 , во Амстердам водеа со 2: 0 , но потоа примија три гола и не стигнаа во финалето на Лигата на шампионите.

Кошаркарската Европа со поддршка за тешко болниот тренер

Еден од најдобрите кошаркарски тренери , Американецот Дејвид Блат го шокираше светот со изјавата дека боледува од мултиплекс склероза.

Блат е тренер на грчки Олимпијакос , а тој на социјалните мрежи објави тажна сторија како ја поднесува тешката болест. Веднаш по објавата , на Блат почнаа да му стигнуваат пораки со поддршка речиси од сите европски кошаркарски клубови.

Анадолу Ефес, Олимпија Милано, Дарушафака, ЦСКА, Валенсија, Барселона, Басконија, Фенербахче и многу други му порачаа на тренерот Блат да остане силен во неговата борба со болеста .

Руни едвај чека да замине од САД – го опцу судијата во лице (ВИДЕО)

Вејн Руни го загуби натпреварот на госстувањето во Ванкувер со својот ДЦ Јунајтед , а според реакциите, англиската фудбалска легенда едвај чека да се врати во својата земја.

Во 74. минута од натпреварот Руни беше заменет , а од непознати причини му се внесе во лице на судијата и почна да го пцуе.

По натпреварот фудбалерот се пожали на Твитер дека цело време мора да патува низ САД на натпреварите и тоа со патнички авиони. Инаку , европските фудбалери се навикнати да патуваат со чартер или со приватни летови , додека поради правилата на американската лига , фудбалерите само четири пати во сезоната патуваат со чартер летови на натпреварите.

Легендарниот фудбалер во јануари се враќа во Англија , каде ќе потпише 18- месечен договор со второлигашот Дерби Каунти. Таму неделно ќе добива по 100 000 фунти.

Хистерија во Бразил – Дани Алвес го постигна својот прв гол (ВИДЕО)

Легендарниот бразилски фудбалер Дани Алвес , по враќањето во Сао Паоло предизвика вистинска хистерија кога го постигна својот прв гол на бразилски терен.

Поранешниот играч на Бахија, Севиља , Барселона и Јувентус , по истекувањето на договорот со париски ПСЖ , потпиша тригодишен договор со Сао Паоло.

На првиот натпревар во новиот клуб , Алвес го постигна единствениот и победнички гол против Кеара.

Речиси 50 000 гледачи дојдоа на стадионот Морумба за да го гледаат својот идол , кого како херој пред две недели го пречекаа воБразил.

притисни ентер