Трагедија во Британија - Две деца убиени, четири се во болница, родителите во затвор (ВИДЕО)

Две момчиња на возраст од 13 и 14 години се починати ,а нивните четири братчиња и сестрички, од кои најмалото има седум месеци се однесени во болница.

Од рано утрово полицијата го затвори предградието на Шефилд , каде две момчиња на возраст од 13 и 14 години се убиени. Во болница се пренесени уште четири деца на возраст од 11, 10 и 3 години , како и едно седум месечно бебе.

Полицијата уапси 37 годишен маж и 34 годишна жена , поврзани со несреќата , но нема детали што точно се случило.

Жителите велат дека утрово околу 8 часот пред куќата стигнале 15 полицуиски возила и 4 возила на итната помош . Од полицијата најавуваат повеќе детали , откако ќе заврши истрагата , а медиумите пишуваат дека станува збор за семејно насилство.

Цементара УСЈЕ: Ние не сме загадувачот

Прстот постојано се вперува кон нас но ние не сме загадувачот, тврдат од Цементара УСЈЕ. 

Горивото кое го користат во печките не е токсично. За производството на цемент, како што велат, користат оризова арпа од земјава и смеса од преработен комунален отпад која ја увезуваат од Италија. Објаснуваат дека токму оваа смеса години наназад во голем број земји од ЕУ се користи како еколошко алтернативно гориво.

Лани фабриката увезла 4400 тони алтернативно гориво. Од секторот за животна средина при УСЈЕ велат дека постојано вршат контрола на пратките кои стигнуваат, а примероци праќаат и во акредитирани лаборатории во Холандија за да се осигураат дека ниту една токсична супстанца нема да се согори.

Работата на скопската фабрика повторно се актуелизираше откако пред неколку недели протекоа фотографии со натоварени камиони за кои јавноста се сомневаше дека се работи за токсичен отпад за горење. Од УСЈЕ додаваат дека постојано подложат на вонредни контроли и дека емисиите на штетни гасови досега не ја надминале пропишаната граница.

МЗШВ: Целокупното договорено количество на тутун од реколтата 2019 ќе биде откупенo

Претставниците на откупните претпријатија порачаа да не се создава непотребна паника кај тутунопроизводителите и дека проценката на класите ќе се врши реално.

Целокупното договорено количество на тутун ќе биде откупено, најавија откупните претпријатија на денешниот работен состанок на кој присуствуваа министерот за земјоделство и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство и претставници од Стопанската комора на Македонија и Сојузот на здруженија на тутунари.

Претставниците на откупните претпријатија порачаа да не се создава непотребна паника кај тутунопроизводителите и дека проценката на класите ќе се врши реално.

Со цел стимулирање на квалитетот, со новиот модел за зголемени субвенции што го воведе Владата, субвенциите за прва класа тутун се 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа и дополнителните класи.

Од Министерството за земјоделство информираа дека досега се откупени над 22,4 милиони килограми тутун во вредност од близу пет милијарди денари или повеќе од 85 отсто од договореното количество е веќе откупено. Од страна на откупните претпријатија исплатени се близу 4,7 милијарди денари, а просечната откупна цена е 221,9 денари за килограм, што, како што велат од Министерството, е највисока откупна цена во последните шест години.

Откупот се очекува да заврши до крајот на следниот месец, а како што се наведува во соопштението, на состанокот било истакнато дека не се очекува да има вишок на тутун. Засилени контроли на терен најавува и Државниот инспекторат за земјоделство.

Од реколтата 2019-та вкупно се засадени 13.342 хектари тутун и склучени се 32.798 договори со девет компании. Вкупното производство на тутун од реколтата 2019-та изнесува над 26.700 тони тутун, што е за шест отсто повеќе од реколтата 2018-та. Планираната количина за откуп е 26.729 тони, а издадени се 20.933 евидентни листови. /МИА

Дали пратениците ќе покажат волја да се донесе забрана за увоз на отпад како енергенс?

Дали Собранието ќе го изгласа законот за забрана на увоз на отпад кој вчера беше прескокнат на расправата во Собрание, бидејќи била потребна дополнителна консултација со институциите затоа што земјава е потписник на Базелската конвенција.

Лилјана Поповска од партијата ДОМ, вели дека оправдувањето е не логично, будејќи Македонија не е членка на ЕУ, додавајќи дека законот мора да се изгласа затоа што целиот процес се врши неконтролирано.

Во моментов во земјава не се внесува отпад кој може да се складира, туку само оној кој може да се преработи, изјави заменик-миистерот за животна средина Јани Макрадули

Тој рече дека најголем увоз на опасен отпад во земјава  имало од 2012 до 2016 година, во 2017 тој е значително намален а во 2018 воопшто и не бил внесен таков отпад.

Тонско Јани Макрадули заменик министер за животна средина

Макрадули смета  дека аерозагадувањето може да се реши со елиминација на неговите извори, и  дека е подобро отпадот да се искористи како алтернативно гориво отколку да се трупа на депониите, Македонија вели тој, повеќе извезува отколку што увезува отпад.

притисни ентер