Ќе има ли и други оставки, власта и опозицијата со меѓусебни критики

Дали оставката на пратеникот Богоевски ке ја следат и други.? Од СДСМ сепак велат дека смените треба да бидат не само кадровски туку и суштински.

Антикорупциска ќе отвора нови предмети за вработувања на роднини на актуелни пратеници, дознава Канал 5 од свои извори. Информацијата засега не ја потврдуваат од Комисијата која последната седница ја одржа пред два дена и поведе неколку прекршочни постапки. По оставката на пратеникот Павле Богоевски по скандалот со нелегална набавка на наркотици, се поставува прашањето дали и други пратеници од редовите на владејачката коалиција за кои антикорупциска утврди непотизам ќе го следат неговиот пример. Од СДСМ велат, дел од роднините на пратениците се повлекоа а дали ќе има нови оставки им оставаат сами да одлучат.

Откако први на „удар“ на метлата ма партискиот лидер и премиер Зоран Заев се најдоа претседателите на општинските организации на партијата, заменик претседателката на сдсм Радмила Шеќеринска во интервју за еден од порталите, вели дека оваа чистка нема да биде доволна.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски оставката на Богоевски ја коментираше како обид да избегне кривична одговорност.

И додека во јавноста се шпекулира со имињата на функионери кои би можеле да бидат „изметени“, се уште нема разрешувањеза директорот на затворот во Шутка, Ѓоко Котевски, кој поднесе оставка уште пред изборите, поради инцидентот во кој беа нападнати екс-министрите Ристовски и Јанакиевски. Таканаречената „метла“ Заев ја најави пред околу еден месец, веднаш по првиот круг од претседателските избори.

„Војаџер 1“ повторно испраќа корисни и употребливи податоци

Леталото полета пред 46 години и седум месеци и сега се наоѓа на над 24,3 милијарди километри далечина од планетата Земја.

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација - НАСА првпат по пет месеци доби конкретни и употребливи податоци од „Војаџер 1“, откако инженерите изнајдоа решение за комуникацискиот проблем со леталото што досега отишло најддалеку во Вселената.

Се работи за систем за собирање информации што потоа се комбинираат со инженерските податоци и така ја покажуваат моментната состојба на уредот - оддалеченоста, средината што го опкружува и сл. Компјутерите на леталото испраќаа бескорисни податоци од ноември лани, но научниците од НАСА успеаја повторно да го оспособат уредот, инаку лансиран 1977 година.

Контролата на мисијата на Земјата ги прима тие податоци во бинарен код - низа од единици и нули. Од минатиот ноември, системот на „Војаџер 1“ испраќал радиосигнал, но податоците немале никаква корисна цел, ниту пак, смисла, јави „Еј-би-си њус Австралија“.

- Денеска беше голем ден за „Војаџер 1“. Ја вративме комуникацијата со вселенското летало. Со нетрпение очекуваме повторно да добиваме научни податоци, изјави Линда Спилкер - една од научниците кои работат на мисијата.

Од 20 април, засега, се чини дека „Војаџер 1“ е во добра состојба. Леталото полета пред 46 години и седум месеци и сега се наоѓа на над 24,3 милијарди километри далечина од планетата Земја.

Видео: „Мона Лиза“ рапува со помош на вештачка интелигенција

„Мајкрософт“ ја претстави новата технологија со вештачка интелигенција наречена „ВАСА-1“, што може да сними фотографија и аудиоисечок и да ги комбинира во реалистична видеоснимка.

За почеток, технолошкиот гигант претстави видео на кое „Мона Лиза“ на ренесансниот уметник Леонардо да Винчи „ја рапува“ песната „Paparazzi“... Но, овде не се работи за хитот на Лејди Гага, туку рап-верзијата што Ен Хатавеј ја изведе во „Емисијата на Конан О'Брајан“ во 2011 година.

„Ова е толку смешно, плачам од смеење“, „Само Да Винчи да можеше да го види ова“, „Уште едно страшно видео со вештачка интелигенција“, „Ова е морничаво“ - се дел од коментарите.

Видеото набрзо собра над 7,1 милиони прегледи на само еден профил на „X“.

Мадуро размислува повторно да се отвори Канцеларијата на ОН за човекови права во Венецуела

Мадуро најави дека е подготвен да се сретне со претставникот на Канцеларијата на ОН за човекови права.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро најави дека е подготвен да се сретне со претставникот на Канцеларијата на ОН за човекови права, откако претходно, во февруари, венецуелската Влада побара од вработените во Канцеларијата да ја напуштат земјата во февруари.

-Добив предлог за повторно отворање на Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права во Венецуела и се согласувам дека треба да ги надминеме нашите разлики, изјави Мадуро за венецуелската национална телевизија, за време на заедничкиот говор со главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан.

Мадуро додаде дека е подготвен наскоро да се сретне со Фолкер Тирк и дека претставникот на Канцеларијата е добредојден да дојде на разговори за разликите што ги имаат и начините за надминување на конфликтот што произлезе.

Откако кон средината на февруари од персоналот на Канцеларијата за човекови права на ОН беше побарано да ја напушти Венецуела, владата најави дека во рок од еден месец ќе ги ревидира техничките услови за соработката.

Венецуелската влада потоа го критикуваше „колонијалистичкиот, навредлив и насилен однос“ на ОН, откако специјалниот известувач рече дека венецуелската програма за храна не се занимава со основните причини за гладта во земјата, потсетуваат британските медиуми. /МИА

притисни ентер