Османи: ДУИ се вознемирени од назначувањето на Муслиу за прв човек на АР

Ден по именувањето, се зголемува политичкиот притисокот на ДУИ, со барање Пендаровски повторно да го разгледа досието на новиот директор на Aгенција на разузнавање Еролд Мусиу. 

Од партијата сметаат дека одлуката шефот на државата ја направил во недостаток на информации. Не само што именувањето на Муслиу предизвикало голема вознемиреност кај интегративците, туку дополнително сметаат дека чекорот на Пендаровски фрлил сенка на вчерашното изгласување во парламентот на пакетот реформски закони во безбедносната сфера.

Муслиу во изјава за Алсат, не сакаше да го коментира неговиот избор е додека официјално да ја преземе функцијата, но е зачуден од реакциите на ДУИ.

Премиерот Заев е на став дека Пендаровски има право сам да одлучува за именувања кои се во негов домен, па затоа тој нема да се меша во неговата работа.

Инаку, реакции за именувањето на Муслиу се појавија уште синоќа на медиумите на албански јазик. Најмногу му се забележува дека тој неофицијално се споменуваше како лице, преку кое протекоа документите, за кој се тврдеше дека се досеја за поврзаност на раководството на ДУИ, вклучително и лидерот на партијата Ахмети со поранешната југословенска тајна служба УДБА.

Втор циклус на повикот за аплицирање во рамките на проектот „Култура и креативност за З.Балкан“

Втор циклус на повикот за аплицирање во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од ЕУ

Министерството за култура и Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија денеска информираат за вториот циклус на повикот на УНЕСКО, Британскиот совет и на Италијанската агенција за развојна соработка финансиран од Европската Унија за аплицирање во рамките на заедничкиот проект „Култура и креативност за Западен Балкан“.

Од Министерството за култура соопштуваат дека по повод повикот, за сите сите заинтересирани институции, организации и физички лица, во петок (19 април) со почеток во 10:00 часот во КСП ЦЕНТАР – ЈАДРО ќе се одржи информативната сесија и презентација за проектот, која може да се следи и онлајн со регистрирање преку платформата „Зум“ ( на следниот линк) .

Целта на повикот, како што наведуваат од Министерството за култура, е да се поттикнат активностите на културниот и на креативниот сектор со цел подобрување на вештините, знаењата и пристапот до финансиска поддршка во насока на зголемување на конкурентноста и одржување на копродукцијата и циркулацијата на услуги во Западен Балкан.

Проектот започна во април 2022 година и е со времетраење од 48 месеци. Во овој период проектот вклучува низа активности, како што се: техничка поддршка за анализа на податоци и управување со секторот култура, градење капацитети за креирање политики и регионални размени, воспоставување јавни/приватни партнерства за промовирање на културната и креативната валоризација на јавните простори, програми за културни лидерства, поврзување на независните медиумски портали во насока на создавање и споделување на културните содржини во регионот, механизми за стимулирање на приватното финансирање, мали проекти за заштита на културното наследство во насока на зајакнување на учеството на локалните заедници и споделување на добри практики во регионот и со земјите членки на ЕУ.

Повикот, критериумите и начините на аплицирање за институции и организации е на прикачениот линк со рок за поднесување најдоцна до 27 мај 2024 година. За повикот за мали грантови за физички лица е следниот линк, и е постојано отворен за аплицирање сѐ до 31 декември 2025 година.

Втор ден генерален штрајк на приватните специјализанти

Приватните специјализанти утрово продолжија со генералниот штрајк, што почна од вчера изутрина. 

Преку соопштение, тие синоќа информираа дека штрајкот ќе продолжи и денеска, сѐ додека Министерството за здравство по денешната седница на Влада, не излезе со официјален став за нивните барања. Врз основа на одговорот од Министерството за здравство, приватните специјализанти ќе одлучат за понатамошните чекори.

Меѓу нивните барања се зголемување на платите, повторно воведување бесплатно здравствено осигурување за сите приватни специјализанти, како и регулирање на работниот статус.

Нивни претставници вчера попладне имаа средба во Владата со министерот за здравство Илир Демири, заменик министерката за здравство Маја Манолева и проф. Ана Данева Маркова, советник на премиерот за здравствени прашања, на која им било кажано дека денеска по владината седница ќе има информација во писмена форма за барањето за зголемување на надоместот.

- Најглавното што беше кажано на средбата е дека утре на владина седница ќе има информација во однос на покачувањето, по што ќе добиеме некаква писмена форма за одговорот на Владата во однос на покачувањата на платите. Нивен главен аргумент е дека ова е предизборен период и не можеле да постапат, во смисла, да дадат покачување. Истиот одговор го добивме и за другите наши барања, дека е предизборен период, изјави вчера по средбата во Владата, д-р Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари специјализанти.

Таа нагласи дека го негираат тврдењето оти штрајкот има политички контекст.

Министерот за здравство во текот на вчерашниот ден на прес-конференција побара трпение од приватните специјализанти. Најави дека по изборите ќе направи напори со ребаланс на Буџетот да се обезбеди изедначување на нивните примања со примањата на вработените специјализанти во јавните здравствени установи.

- Ова е многу битно. Направивме компарација во претходниот заеднички разговор со нив, каква беше нивната позиција, на ваквите специјализанти, пред 2017 година и каква е сега. Има голема разлика оти до 2017 година, тие не примаа никакви примања. Не велам дека сегашните нивни примања се доволни. Јас сакам да бидат како и на специјализантите вработени во јавни здравствени институции. Но, за тоа треба буџетирање што не може сега да се оствари пред изборите, рече Демири, на прес-конференцијата на која беше објавено дека ќе се воведат деветвалентни ХПВ вакцини.

Во Хрватска предизборен молк пред парламентарните избори

Предизборен молк  стапи на сила во Хрватска на полноќ во пресрет на парламентарните избори в среда, на 17 април, а ќе трае до затворање на гласачките места во 19 часот

Во Хрватска ќе бидат отворени повеќе од 6.500 избирачки места за 11-те парламентарни избори, а првиот ден од гласањето е денеска 16 април во дипломатско-конзуларните претставништва во странство, како посебна изборна единица.

На вкупно 165 листи има 2.302 кандидати кои се борат за 151 мандат во хрватскиот Сабор Среда, 17 април ќе биде неработен ден во Хрватска.

Пратениците во 151-члениот парламент се избираат со мандат од четири години.

Од 10 изборни единици се избираат 14 пратеници. Одделно, осум пратеници влегуваат во парламентот како претставници на малцинствата во Хрватска, а три пратенички места се резервирани за дијаспората.

Прекршувањето на забраната за изборна кампања не се санкционира, но Државната изборна комисија повикува на етичко однесување на учесниците на изборите и медиумите.

Со изборниот молк завршува 17-дневната официјална кампања пред парламентарното гласање, кое претседателот Зоран Милановиќ го закажа за 17 април, среда. Во Хрватска парламентарните избори секогаш се одржуваа во недела, со исклучок на 2000 година кога се одржаа на 3 јануари, понеделник.

Во странство денеска и утре ќе се гласа во вкупно 41 држава.

притисни ентер