Дескоска: Нема веќе злоупотреби на АКМИС системот во судовите

 Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека контролата што е направена во шест судови во земјата покажала дека нема злоупотреба на електронскиот систем за доделување на предмети.

-Лани извештајот покажа дека во изминатиот педиод имало бројни нерегуларности и злоупотреба на системот. Годинава комисиите направија контрола на шест судови, а резултатите беа спротивни на тоа претходно, тоа значи дека се почитуваат правилата на АКМИС распределбата на случаите, што покажува дека тоа што го ставивме во законската рамка како основ за разрешување судии  и претседатели на судови доколку нешто се случи надвор од АКМИС дава ефекти, рече министерката Дескоска.

Таа рече дека претходно имало случаи претседател на судот наместо преку АКМИС по случаен избор да избира кој судија ќе ги суди предметите, на одредени судии им давал на рака предмети, а тие ги земале.

-Сега ниту судијата може да земе, ниту претседателот да даде на рака предмет надвор од автоматизираниот систем, рече министерката Дескоска одговарајќи на новинарско прашање по завршувањето на конференцијата на тема „Поглавје 23: македонското сидро или едро?".

Во врска со негативностите на кои укажал ланскиот извештај за АКМИС, Дескоска рече дека се преземени активности, сослушани се сведоци, како и дека е извршен увид од страна на јавното обвинителство.

-Истражните постапки не траат кратко,  треба да се соберат сериозни докази. Мислам дека има сериозен напредок кој ќе резултира со отворање на случај во најскоро време, додаде министерката.

Во врска со прашањето за донесување на законот за јавно обвинителство таа рече дека очекува тоа да биде затворено, дека нема некои поместувања во изминатиот период. Сепак, додаде таа, има секојдневни контакти и се прават обиди за обезбедување на двотретинско мнозинство.

Предлог компромис за Македонија и Албанија-пристапни преговори во април или мај 2020

Франција, Германија, и Холандија се обидувале да напишат предлог компромис според кој донесувањето на одлуката за пристапни преговори за Македонија и Алабанија се одложува за април или мај 2020 година.

Франција, Германија, и Холандија се обидувале да напишат предлог компромис според кој донесувањето на одлуката за пристапни преговори за Македонија и Алабанија се одложува за април или мај 2020 година, брифираат за Канал 5 дипломати од ЕУ.

 Во продолжение се наведува дека идејата била Франција во меѓувреме да изработи предлог за реформирање на процесот за проширување до јануари, велат дипломатски извори од Брисел. Како што е познато, Париз се спротистави на почетокот на пристапните преговори се додека процесот не биде реформиран. Засега нема договор за вметнување на конкретен датум во предлог компромисот.

За овој предлог компромис  ќе дискутираат германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон,холандскиот премиер Марк Руте и финската премиерка Мете Фредериксен,брифира друг дипломат од ЕУ.

Претседателот на Европскиот совет , Доналд Туск се обидувал да ги натера да се согласат,вели друг дипломат и додава дека новоизбраниот претседател на Европскиот Совет , Шарл Мишел нема голема желба за процесот на проширување на ЕУ.

Македонските преговори и вечерва на маса пред европските лидери

Со лоши сигнали од Брисел и без никакво поместување на тврдиот став на Макрон, мина првиот ден од самитот на лидерите на Европската Унија, кои утре и формално се очекува да се изјаснат за македонските преговори со Унијата.

Проширувањето не се спомена ниту на вечерашната пресконференција на првите луѓе на Унијата, Јункер и Туск, кои се осврнаа само на постигнатиот договор со Лондон околу Брегзит.

Дали има простор за позитивна вест, Александар Видиновски од Брисел.

Руте: Албанија не е можно да ги почне преговорите, а за Македонија се уште има малку простор

Холандскиот премиер Марк Руте пред денешниот состанок на лидерите на земјите – членки на ЕУ рече дека е за Македонија ,за разлика од Албанија , има малку простор за почеток на преговорите.

,,Нашата позиција за Албанија е јасно не. Ситуацијата со Македонија е многу подобра отколку кај Албанија. Таа има многу повеќе сработено, но има уште за работа. Мислам дека за Албанија не е можно да ги почне преговори, а за Македонија се уште има малку простор” , рече премиерот на Холандија , марк Руте пред почетокот на денешниот самит во Брисел.

притисни ентер