Видео: Павле Богоевски си поднесе оставка како пратеник

Пратеникот Павле Богоевски си поднесе оставка од функцијата пратеник во Собранието, по аферата со аудио снимката.

Одлуката ја соопшти предмалку на седницата на  Комисијата за мандатното имунитетна прашања во Собранието, на која се одлучува за мандатот на Никола Груевски. Богоевски беше претседател на комисијата.

-Не може пратеник кој што се борел за правда и за еднаквост на правото, без разлика на причините да ги крши законите. Затоа ќе поставам пример кој се надевам сите ќе го следат. Каде етиката и моралот ќе бидат над желбата за функцијата и како што некој пријатели на социјалните мрежи напишаа„Ќе си ја гушнам одговорноста и ќе се ги понесам последиците.Колеги пратеници останете верни на принципите. Знам дека политиката е валкана игра, изјави Богоевски.

По оставката на претседателот Павле Богоевски седницата на комисијата е прекината, а со неа во иднина ќе претседава неговата заменичка Снежана Калевска Ванчева.

притисни ентер