Виртуелен Путин – водител на забавна емисија на ББЦ

Компјутерски генериран тридимензионален лик на Владимир Путин ќе биде водител на комична интерактивна емисија на ББЦ, заедно со британскиот политички коментатор Алистер Кембел.

Две кратки пилот-епизоди на шоуто „вечер со Владимир Путин” ќе бидат емитувани на каналот ББЦ 2 следниот месец и во секоја ќе има по двајца гости.

3-Д анимацијата ќе може да се движи на сцената и да седи зад бирото, поставувајќи им прашања на гостите пред публика во студио и сето тоа во живо.

– Заборавете ја светската политика, двете пилот-епизоди наскоро ќе овозможат разговор и конечна победа на Влад, лидерот на слободниот свет – се вели во најавата.

Во еден од скечевите, виртуелниот Путин се обидува да се справи и со „сложените прашања“ околу феминизмот.

притисни ентер