Џенифер Анистон ја раскажа единствената средба со Анџелина Џоли

Двете поранешни сопруги на Бред Пит се сретнале само еднаш во животот , тврди Џенифер Анистон во интервју за Венити Феар.

Џенифер раскажа дека ја сретнала Анџелина на паркинг пред снимањето на филмот ,,Господин и госпоѓа Смит” , по кој Бред ја остави Џенифер поради врската со Анџелина.,,И пријдов и и се претставив. И реков дека Бред е многу возбуден што ќе работи со неа и дека се надевам дека убаво ќе си поминат.” , раскажа Анистон. Оваа средба се случила кусо време пред да ја остави Бред. Во тој период имеле брачни проблеми зашто Бред не сакал таа да ја снима последната сезона од серијата ,,Пријатели” , иако Џенифер заработувала по милион долари од епизода.

Дека нешто не е во ред во врската , почна да се зборува кога Бред не се појавил на забавата за завршување на серијата ,,Пријатели”. Џенифер го оправдала дека е многу зафатен со снимањето на филмот. Бред и Анџелина се вљубија токму при снимањето на тој филм , ,,Господин и госпоѓа Смит” , а се венчаа во 2014. По само две години таа побара развод од Бред , кој се финализираше годинава.

Откако Бред се појави во февруари на роденденот на Џенифер, многумина се понадеваа дека ќе ја обноват врската , но таа ги демантираше таквите шпекулации.

Ријана ги збудале фановите со прошетката низ двор во црн бикини (ВИДЕО)

Пејачката ѕвезда Ријана денеска објави видео со кое ги вжешти социјалните мрежи , каде се шета низ дворот во црно бикини како на модна писта.

Дури и кога е на одмор, пејачката од Барбадос и моден претприемач ,  Ријана (31) може да го сврти, барем на кратко, светот околу својот мал прст и тоа со една објава на Инстаграм, пишува „Дејли Меил“.

Денеска пејачката објави кратко видео со бавно движење на кое е прикажана во црно бикини додека се шета во двор на непозната локација како да е на модна писта.  „Брзото движење“ на видеото, фактот дека е снимено од страна и самоуверениот став на Ријана ги истакнаа нејзините облини, кои, како и обично, ги фрлија нејзините фанови на Инстаграм во делириум.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by badgalriri (@badgalriri) on

 Иако објавеното видео не е придружено со никаков опис, се претпоставува дека бикините кои ги носи се од колекцијата на нејзиниот моден бренд Фентис. Имено, Ријана на Инстаграм доста често ги рекламира сите модели со името Фентис.

Пејачката во последно време е доста зафатена. За време на модната недела во Њујорк, што се одржа минатиот месец, таа ги претстави новите модели од својата линија „Savage X Fenty“, при што целата претстава се пренесуваше преку стриминг на Amazon. По посетата на Лондон и Париз, Ријана оваа недела одржа промоција на својата автобиографска книга „Ријана од Ријана“ во Њујорк.

Покрај тоа, пејачката се појави и на насловната страница на американското издание на Вог.

Роботски полицаец згреши-среде тепачка ги опоменува сведоците да го одржуваат паркот чист (ВИДЕО)

Роботскиот полицаец ,вработен во гратчето Хангтингтон Парк во Калифорнија не се покажа на својата прва сериозна задача.

Соочен со тепачка во паркот и сведоците кои се обидуваа преку него да повикаат полицајци на помош, HP RoboCop им порача да не му пречат , а потоа продолжи да се движи , пеејќи си песничка.

Роботот HP RoboCop, произведен од Knightscape, има за цел да биде последен збор за технологија во автоматизирање на рутинската полициска работа. Неговата работа е да патролира во Солт Лејк Парк, да ја снима околината со камера од  360 степени околу роботот, да снима таблички на  автомобилите и да ги пријави итните случаи во полиција по потреба. Исто така, има копче за итни случаи, кое посетителите на паркот можат да го притиснат ако им е потребна помош.

Тоа копче на почетокот од овој месец го притисна Кого Гуебар кога виде тепачка недалеку од роботот во паркот.

Таа се страча кон RoboCop, го притисна копчето и очекуваше полициска помош, но роботот и рекол „тргнете се од патот“.

Гуебара мислела дека роботот можеби ќе може да го види нејзиното лице, па таа се наведна пред неговата камера додека го притискаше копчето, но тој постојано и велеше да се оддалечи. Друг сведок повикан полиција преку мобилен телефон, и додека брзата помош ја возела жртвата на нападот на носилки, роботот потпевнувал песна што звучела како да е од нискобуџетен научно-фантастичен филм, молејќи ги посетителите да го „одржуваат паркот чист“.

Се појавија првите скици од новата Шкода Октавија

Се наближува премиерата на сосема новата Октавија , која покрај Голфот на VW е најочекуваното ново возило за крајот на сезоната.

Првите скици на Шкода барем малку ќе ја задоволат љубопитноста. Според скиците автомобилот делува како слаба верзија на Артеон, со лежерна силуета на покривот, огромни тркала и многу остри линии.

И судејќи според прототипите, не треба да се очекува нешто повеќе од еволуцијата во насока на смален Суперб со отфрлена идеја за двојни предни светла. Исто така, како што пристигна Скала, новата Октавија може да стане уште потешка за пристап. Сместена на платформата MQB, лесно би го достигнало нивото на кое неодамна стоеше Passat.

На 11 ноември ќе можеме да ја видиме новата Октавија. Кога станува збор за моторите, заедно со стандардните бензински и дизел мотори, треба да се смета и на хибридни опции.

притисни ентер