Полета првото германско електрично такси возило (ВИДЕО)

Koмпанијата Лилиум ја објави снимката на првиот лет на нивното ново летачко такси на електричен погон.

Историското полетување е забележано во баварското село Оберфафенхофен , со што се докажа потенцијалот на концептот на електрично летало за комерцијална употреба. Станува збор за летало опремено со 36 електромотори сместени во крилата на леталото. Прототипот може успешно да полета и да слета , а со следните проби ќе се совладаат комплексните маневри.

До 2025 се очекува ова летало да почен да се користи во градовите како замена за такси возилата. Овие бесшумни летала може да се задржат еден час во воздухх и да летаат со брзина од 300км/час.

Според основачот на компамнијата , Даниел Вигенд, леталото ќе може да превезе до пет лица , а превозот ќе биде драстично поефтин од сегашниот. 

Фото: Отровна убавина, Сибирски Малдиви

Сибирското езеро е едно од најпопуларните езера на светот за фотографирање.

Но, ова исклучително убаво езеро, всушност е отровно вештачко езеро направено за во него да се исфрла пепелот од блиската електрана која работи на јаглен.

Сибрските Малдиви се само за гледање, иако водата во езерото е исклучително сина и бистра во него е забрането капење.

Коњаниците од Скопје се подготвуваат за Илинденскиот марш

 Дваесет коњаници од Скопје интензивно се подготвуваат за традиционалниот Илинденски марш што оваа година ќе се одржи по 41 пат.

Коњаниците, како што соопшти Општина Аеродром, имаат интензивни подготовки покрај кејот на реката Вардар. Годинава меѓу коњаниците има и три жени. Тие беа избрани на конкурсот за пријавување учесници на традиционалниот Илинденски марш.

Коњичкиот марш како и секоја година ќе стартува на 27 јули од Општина Аеродром и ќе заврши на 2 август во Крушево, каде коњаниците ќе се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Организатор на манифестацијата е Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978", а Општина Аеродром и Град Скопје и оваа година финансиски ќе го поддржат овој традиционален настан.

На коњаниците од Скопје ќе им се придружи и група коњаници од Маврово и заедно ќе влезат во Крушево. 

Глобално предупредување поради вирусот Ебола во Конго

Светската здравствена организација ја прогласи Еболата за закана за јавното здравје на меѓународно ниво, откако смртоносниот Ебола вирус продолжи да се шири во североисточниот дел на Конго.

Зафаќајќи го градот Гома, каде живеат повеќе од 2 милиона жители.

Светската здравствена организација вчера објави ретко користено глобално предупредување откако околу 1700 луѓе умреа од високозаразниот вирус од август минатата година, што е втор најлош биланс на некоја болест во историјата.

притисни ентер