Столар направил дрвена ,,Буба” и со неа ќе помине два континента за роденденот на ќерката (ВИДЕО)

Столар од Перу направил дрвен автомобил ,,Буба Фолксваген” и со неа тргнал на пат долг 21 000 километри за да и го честита роденденот на својата ќерка.

Столарот од Лима , Бенвенид Ортега и ветил на својата ќерка пред дека за прославата на нејзиниот роденден во Њујорк ќе дојде во дрвена Буба , што сам ќе ја направи. Сега 17 – годишната Емели тогаш имала 13 години и му рекла на татко си дека не сака прослава на својот 15- ти роденден во големата сала во Бронкс , туку да дојде кај неа во Њујорк со дрвен автомобил .

Прославата на 15- роденден на девојчињата во Јужна Америка е важен настан , на кој се прави прослава на која девојчињата се промовираат во жени.Тој направил дрвен Шевролет , но по пат кон Њујорк , моторот му откажал додека возел низ Колумбија.

Пред две години се зафати да прави нов автомобил според нацртите за Фолксваген од 1962 година. Сега Ортега ја направи Бубата и е тргнат на пат кон Њујорк за да и го честита 17- тиот роденден на ќерка си.

На овој проект бенвенидо ја потрошил речиси целата животна заштеда , па сепак усопеал кон крајот на март да тргне на пат долг 21 000 километри од Лима до Њујорки назад.

Но , во Колумбија повторно го снашла несреќа , кога се расипал моторот на Бубата стар повеќе од 40 години. Но , локалниот автоклуб му е понуди да му помогне , така што ќе тргне кон Меделин , а потоа за Панама. Целта му е да стигне на 5 јули во Њујорк кога е роденденот на неговата ќерка.

притисни ентер